Отвори го главното мени

Струмички револуционерен округ

До другарите Георги В'ндев и Никола Василев во Македонија.

Согласно член 55 и 69 од Правилникот на В.М.Р.О, за нелегални членови во Струмичкото окружно управно тело, Централниот Комитет ги назначува струмичкиот околиски војвода Георги В'ндев и радовишкиот околиски војвода Никола Василев. Во предвид на тоа што не може да се исполнат членовите 47 и 48 од Правилникот за избирање на окружно управно тело, врз основа на чл. 9 од правилникот, Централниот Комитет ги назначува, до свикувањето на окружен конгрес, за привремено Струмичко окружно управно тело посочените погоре нелегални членови на истото, а имено: За претседател Георги В'ндев и за член-секретар Никола Василев.

Должностите, правата и одговорностите на окружното управно тело се посочени подетално во Правилникот на В.М.Р.О. Центр. Комитет потсетува да се имаат во предвид членовите 31, 41 и (2).

Нелегалните членови на Окр. Упр. Тело се должни да применуваат најголеми напори за организирањето на округот и за да може да се свика окружен конгрес кој ќе избере редовно Окр. Упр. Тело согласно чл. 47 од правилникот.

Сегашното ќе послужи за полномошно.

Струмичкиот револуционерен округ бил создаден со Општиот план за Илинденското востание, а во него влегле: Струмичко, Петричко, Радовишко, Малешевско, Пијанечко и делот од Џумајско од десната страна на Струма, а негов центар бил Готен.

Востанички дејствијаУреди

 
Христо Чернопеев со штабот

V востанички округ бил од стратешко значење за Организацијата и османлиските сили. Низ него минувале заначајни организациски канали кон Солунскиот и Битолскиот револуционерен округ. Во почетокот на 1903 година во Струмичко биле концентрирани значајни османлиски сили кој требало да го спречаат навлегувањето на четите од Бугарија во Македонија и затоа во овој востанички округ не дошло до позначајни востанички дејствија. За слабото востаничко движење во Струмичко влијаеле и бројните афери кој ја зафатиле оваа област, меѓу нив била и Струмичката афера при што настрадале голем број на орагнизациски дејци.

Во текот на Софиското советување за реонски началник во Струмица бил определен Борис Сарафов. Меѓутоа тој по неколкуте борби во Малешевско во март го напуштил Струмичкиот округ и заминал за Битолско.

Кон крајот на март за Струмичко заминал Христо Чернопеев со 190 души. Во оваа група имало чети за Радовишко, Тиквешко, Велешко, Битолско, Кичевско и др. По преминувањето на границата Битолчани се оделиле, а останале 130 души. Оваа група на Велики вторник имале судир со аскерот кај село Лески кој траел цел ден, а имале 4 загинати и 1 ранет. На Велигден повторно биле нападнати во Малешевско, а тогаш на помош им дошол врховистичкиот војвода Лефтеров, од четата на Чернопеев загибале 7 души, а од четата на Лефтеров 11-мина, по битката тие се повлекле кон Струмичко [1].

Таму една недела останале во селото Нивичино, во меѓувреме 10 души се вратиле во Бугарија, а останатите ги обиколувале селата. Поради претходните судири кој ги имале со аскеро, постоел недостаток на муниција, а динамитот им се распаднал од влажното време. Во мај настрадала радовишката чета на Мазнејков, а при битката загинале 10 души заедно со војводата. Сето тоа ја отежнало положбата на Христо Чернопеев и тој морал да се врати во Бугарија.

На 21 април 1903 година низ селото Костурино поминала една чета од 100 души која била на пат за Валандово. Ноќта 6 четници дошле во судир се воена патрола, од двете страни имало по еден загинат. Истат ноќ Стојко во Куклиш го ликвидирал шпиунот Васил Пеливан, а во Орманли и еден турчин поради иста работа по што Стојко бил убиен од турските селани.

Во почетокот на мај во Смолари четата на Алексо Поројлијата имала судир при што загинал еден четник. На 28 јуни на Аџиица, четата на Поројлијата паднала во заседа при што тој загинал заедно со еден четни, а еден од комитетите бил заробен.

Во август, Христо Чернопеев се обидел да навлезе во Струмичко со голема чета. Со него се движеле и други чети за внатрешноста, сите тие зедно броеле 250 души. Четите биле откриени во Кочанско, дошло до борба која траела два дена.

Во текот на борбата имало лоши временски услови и поради тоа четниците имале големи загуби, една група која заскитала во маглата имала 40 души загинати, додека пак групата на чело со Чернопеев имала 25 души убиени. Тоа влијаело Чернопеев повторно да не стасаа во Струмичко.

ИзвориУреди

  1. Ванчо Ѓорѓиев, Слобода или Смрт, Македонското националноослободително дело во Солунскиот вилает 1893 - 1903 година, Скопје, Институт за историја - Филозофски Факултет, 2003

Шаблон:МРО