Стамат Икономов
Стамат Георгиев Икономов е бугарски офицер, македонски револуционер, учесник во македонското и одринското револуционерно движење, член и раководител на Македонската револуционерна организација, делегат на Конгресот на Петрова Ниваучесник во Илинденското востание, еден од раководителите на VII востанички округ - Одринско. По поделбата на македонското револуционерно движење застанал на страната на конзервативната струја и како таков учествувал во работата на Рилскиот конгрес [1].
Стамат Икономов | ||
Роден | 18 јуни 1866 Мало Трново, Бугарија | |
---|---|---|
Починал | 12 септември 1912 Софија , Бугарија |
Потекло, образование и воена кариера
уредиРоден е во Мало Трново, тогаш во рамките на Османлиското Царство. Таму завршил основно образование, школувањето го продолжил во Варна при тамошната гимназија. По завршувањето на гимназијата се запишал при Военото училите во Софија, во екот на Српско-бугарската војна учествува во борбите како јункер. Военото училите го завршил во 1887 година. По завршувањето на школувањето стапил во бугарската армија, каде како офицер служел 15 години стигнувајќи до чинот капетан.
Револуционерна дејност
уредиИлинденско востание
уредиПред самиот почеток на востанието, Икономов доброволно ја напуштил бугарската армија и се приклучил во редовите на Македонската револуционерна организација. Како делегат учествува во работата на Конгресот на Петрова Нива каде бил избран за член на Горското началство во VII востанички округ - Одринско.
Како офицер бил задолжен да се занимава со обуката на населението, селската милиција и стрелечките дружини. Тој е автор на инструкциите за водење на востаничките дејствија. Иако имал офицерски чин не сакал да го избегне својот пост. Во текот на востанието предводел чета од 100 души во Бунархисарско.
Христо Силјанов во своите спомени истакнува дека во пресрет на самото востание, членовите на Горското началство имале спор околу тактиката на борбените дејствија. Икономов се обидувал да ги убеди останатите раководители дека најдобро би било најпрво да се освои околискиот центар Мало Трново, по што сите турски гарнизони би останале без потпора, но Михаил Герџиков, Лазар Маџаров и Силјанов биле против таквата тактика, тие се залагале за помали напади на селата и избегнување на судирите со поголемите турски сили во согласност со Општиот план за Илинденското востание, меѓутоа таквата тактика се покажала како погрешна по настапувањето на османлиската армија.
Приврзаник на козервативаната струја
уредиПо востанието, доаѓа до поделба на македонското револуционерно движење. Икономов се нашол во виорот на тие настани. Постепено во Организацијата јасно се диференцирале две групи: Конзервативна струја и Реформска струја. Во согласност на своите убедувања се приклонил на првата струја.
Во 1904 година во Варна бил одржан окружен конгрес на Одринскиот револуционерен округ на кој бил избран за задграничен претставник на овој округ со што било направено преседант, имено Окрузите немале право да имаат свои задгранични претставници. Како делегат на Одринскиот револуционерен округ учествувал во работата на Рилскиот конгрес, таму го поддржал Даме Груев кои застанал зад централистичките принципи за идно уредуввање на Организацијата.
Во 1906 година со чета навлегол во Одринско, но поради болест се вратил во Бугарија. Бил избран за делегат на Ќустендилскиот конгрес од 1908 година, но не успеал да присуствува .
Подоцнежна дејност
уредиПо Младотурската револуција на 31 декември 1908 година во Едрене е одржан конгрес на Одринскиот револуционерен округ, таму Стамат Икономов учествувал како делегат и е вклучен во составот на раководството. Во пресрет на Балканската војна неговото здравје е многу кревко.
Извори
уреди- ↑ Христо Силянов, "Освободителнитѣ борби на Македония", том II Следъ Илинденското възстание, Издателство на Илинденската организация, София, 1943. (бугарски)
- ↑ Енциклопедия България, том 3, Издателство на БАН, София, 1982, стр. 95.
- ↑ Николов, Борис Й. Вътрешна македоно-одринска революционна организация. Войводи и ръководители (1893-1934). Биографично-библиографски справочник, София, 2001, стр. 64.