Берлин/Бранденбург (метрополитенска област)

Метрополитенската област Берлин/Бранденбург (германски: Metropolregion Berlin/Brandenburg) — една од 11. метрополитенски области во Германија. Во нејзе е вклучен градот Берлин и околните градови и општини во рамките на покраината Бранденбург.[3][4]

Метрополитенска област Берлин/Бранденбург
Metropolregion Berlin/Brandenburg
Карта на метрополитенската област Берлин/Бранденбург[1]
Карта на метрополитенската област Берлин/Бранденбург[1]
Држава Германија
Покраини Берлин
 Бранденбург
Најголем градБерлин (3.292.365 жит. во 2011[2])
Површина
 • Метро30,370 км2 (11,730 ми2)
Население
 • Метро4,500,000
 • Метро196/км2 (510/ми2)
Час. појасCET (UTC+1)
Мреж. местоОфицијална страница

Географија

уреди

Метрополитенската област е составена од слободните градови Берлин и Потсдам (покраинскиот главен град на Бранденбург) и 67 други градови и општини.[5] Останатите градови и општини се подредени подолу, поделени по округ (Landkreis). Градовите се обележани со (г):

Единици

уреди
 
Регионална карта со единиците

Областа се дели на три нивоа на единици (Zentralörtliche Gliederung): Метропола (Metropole), горен центар (Oberzentrum) и 17 средни центри (Mittelzentren).

Метропола
Горен центар
Средни центри

Демографија

уреди
 
Население на метрополитенската област Берлин/Бранденбург. Легенда: Црна = вкупно / Сина = Берлин / Портокалова = Остатокот на Бранденбург[6]
 
Карта на метрополитенските области на Германија со Берлин/Бранденбург

Населението на метрополитенската област е близу 4,5 милиони жители (од вкупно 6 милиони во Берлин и Бранденбург), главно сконцентрирани во Берлин и Потсдам. Другите градови имаат население помало од 50.000 жители, а најмалку населени општини се Песин (654) и Рецов (562). Списокот ги прикажува најмногу населените места во областа:

  1. Берлин (3.292.365)
  2. Потсдам (158.902)
  3. Ораниенбург (41.966)
  4. Фалкензе (40.900)
  5. Бернау (36.624)
  6. Кенигс Вустерхаузен (34.083)
  7. Фирстенвалде (32.456)
  8. Штраусберг (26.156)
  9. Хенигсдорф (25.988)
  10. Бланкенфелде-Малов (25.934)
  11. Хоен Нојендорф (24.551)
  12. Лудвигсфелде (24.150)
  13. Вердер (23.211)
  14. Телтов (23.069)
  15. Вандлиц (21.801)
  16. Клајнмахнов (20.181)
  17. Панкетал (19.291)
  18. Цосен (17.717)
  19. Нојенхаген (16.972)
  20. Хопегартен (16.808)
  21. Науен (16.804)
  22. Ридерсдорф (15.317)

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. прикажана во портокалово и црвено
  2. (германски)„Резултати од пописот 2011“. Сојузна статистичка служба на Германија. 31 мај 2013. Архивирано од изворникот на 2013-06-05. Посетено на 31 мај 2013.
  3. (германски) Hauptstadtregion Berlin-Brandenburg
  4. (германски) Daten und Fakten zur Hauptstadtregion Архивирано на 29 октомври 2012 г.
  5. (германски) Географски портал на официјалната страница Архивирано на 1 април 2010 г.
  6. (германски) Статистика за населението на Берлин и Бранденбург

Надворешни врски

уреди