Историја на Италија

Италијанците се потомци на старите племиња кои уште во почетокот на првиот милениум п.н.е. се населиле во краевите помеѓу Алпите и по целиот Апенински Полуостров и Сицилија. Овие народи биле од различно потекло, а најстари биле Лигурите и Илирите. Некаде во 8 век п.н.е. на територијата на денешна Италија се населиле и Етрурците кои се прошириле до реката По и Корзика. Во близина на територијата на денешна Венеција исто така живееле Венетите, додека Сабјаните и Латините живееле во градот Лацио и околу него. Френтаните, Пицентите и Маручените се населувале околу Јадранското приморје. Со мешање на сите овие племиња се создал новиот народ Италијанците.

Дел од темата Италија

Историја на Италија

Emblem of Italy.svg
Античка историја

Рана историја
Голема Грција
Римско Царство

Среден век

Среден век
Ренесанса
Италијански војни
Обединета Италија

Модерна Италија

Кралство Италија
Прва светска војна
Втора светска војна
Италија

Портал:Италија

Секако Италијанците се создале главно од едно поголемо племе (плус со мешање на горенеаведените) кои се нарекувале Итали по коишто го добиле и денешното име. Италите не биле едно главно заедничко племе, туку ова племе било поделено на четири племиња: Латини, Фалисци, Осци и Умбри или Умбријци. Ова биле луѓе кои главно се занимавале со полјоделство и одгледување на стока. Со ширењето на моќта на Рим некаде околу 5 век п.н.е, италските племиња влегле во составот на Римската држава и станале нивни сојузници. Тие добиле Римско граѓанско право после војната која се водела од 90 до 89 г. п.н.е.

Италија во 1957 година била една од државите која ги поставила темелите на Европската Унија. Тоа и придонело да се развие во господарски и политички смисол. Станала една од водечките сили во целиот свет и спаѓа во групата на земји G8.

Во стариот век, Грците имале „Голема Грција“ (Magna Graecia) во јужниот дел на Италија односно Сицилија, а на север владееле Етрурците. Рим станал центар на Римското Царство кое сè до 5-от век владеело со голем дел од Европа. Иако на почетокот било целовито подоцна се поделило на два дела и тоа: Источно Римско Царсто и Западно Римско Царство. Во составот на Римското Царство влегла и Македонија како Римска провинција.

После средниот век, Италија била седиште на хуманизмот и ренесансата кои ја препородиле европската култура и уметност. Италија била расцепкана на повеќе градови-држави сè до 1861 година кога сите заедно се поврзале во едно kралство. Рим се придружил во 1870 година што претставувало конечно обединување на Италија.

Фашистите внеле диктатура во 1922 година и се бореле на страната на Германија со што изгубиле во Втората светска војна.

Референдум во 1946 година ја создал Република Италија. Италија е член на НАТО и ЕУ.

ХронологијаУреди

РимУреди

 
Колосеумот во Рим можеби еден од најголемите забележителности на Италија

Среден векУреди

  • 493Остроготите завладејуваат со Италија.
  • 552 — Византија ги покорила остроготите.
  • 568 — Средна и Северна Италија биле заземени од страна на лангобардите.
  • 756 — создадено папството.
  • 774 — под власта на франките.
  • 9 век — Норманите и сарацините ја нападнале Јужна Италија.
  • 10 век — Северна и Средна Италија се присоединие кон Светото Римско Царство.
  • 11 век12 век — Папството и императорите воделе борба за инвеститура.
  • 11 век13 век — Почеток на Крстоносните војни.
  • 13091376 г. — Престолнината на папата била преместена во Авињон.

РенесансаУреди

Кралство ИталијаУреди

Современа историјаУреди