Милениум (кованка од лат. mille = „илјада“ и annus = „година“) или илјадалетие[1] е временски период еднаков на илјада години.

Поимот често се користи за конкретни периоди од илјада години што почнуваат и завршуваат во одредено место на календарот (како година 1) или во понатамошни години кои се целобројни содржатели на илјадата години потоа, но може и да се употреби за таков период што почнува со било кој датум. Во тој случај ваквото означување има верско или теолошко значење (на пр. кај миленијаризмот).

Сметање уреди

Милениумите, како временски единици во минатото, се означуваат со редни броеви. Така, велиме: прв милениум (се пишува „I милениум“), втор милениум („II милениум“) итн. Постојат два приода кон сметањето на милениумите.

Според европските календари како Грегоријанскиот, броењето почнува од година 1. Така секој илјадагодишен период завршува во година со три нули (на пр. прв милениум н.е. завршува во 1000, а почнува со 1001. Меѓутоа во секојдневието ужива популарност верувањето дека милениумот треба да започне со округла цифра (т.е. 1000, 2000 итн.)

Сметање со разграничување 00–01
2 п.н.е. 1 п.н.е. 1 н.е. 2 3 4 5 ... 998 999 1000 1001 1002 1003 ... 1998 1999 2000 2001 2002 2003 ... 2998 2999 3000 3001 3002 3003
Први илјада години (милениум) Втор милениум Трет милениум Четврт милениум

Вториот приод е броењето да започне со нула. Ваквото сметање е утврдено со стандардот ISO 8601, усвоен со закон во разни земји, и одговара на начинот на сметање во астрономското сметање, кое исто така почнува од 0. Сметајќи вака, милениумот почнува со x000 и завршува со x999.

Вториот приод има два начина на претставување: еден според ISO 8601 што содржи 1000 години, а другиот според традиционалниот календар кој почнува од година 1, и затоа има 999 години.

Сметање со разграничување 99–00 почнувајќи со 0 (ISO 8601 и астрономски систем)
−1
н.е.
 0   1   2   3   4   5   ...   998   999  1000 1001 1002 ... 1998 1999 2000 2001 2002 ... 2998 2999 3000 3001 3002
Прв милениум (1000 години) Втор милениум Трет милениум


Сметање со разграничување 99–00 (почнувајќи од 1 н.е.)
1 п.н.е. 1 н.е.  2   3   4   5   ...   998   999  1000 1001 1002 ... 1998 1999 2000 2001 2002 ... 2998 2999 3000 3001 3002
Прв милениум (само 999 години) Втор милениум Трет милениум


Поврзано уреди

Наводи уреди

  1. „илјадалетие“ - Дигитален речник на македонскиот јазик