Државен санитарен и здравствен инспекторат


Државниот санитарен и здравствен инспекторат (ДСЗИ) е едно од бироата на Република Македонија и функционира како орган во состав на Министерството за здравство на Република Македонија и е под директна јурисдикција на Владата на Република Македонија. ДСЗИ како основна задача ја има инспекцијата која ја вршат санитарни и здравствени инспектори. Моментален директор е Иринка Сотирова Бухова.[1]

Државен санитарен и здравствен инспекторат
ДСЗИ
Податоци за органот
Надлежност Влада на РМ
Седиште Скопје, Македонија Македонија
Раководител Иринка Сотирова Бухова
(директор)
Матичен орган Министерство за здравство
Ограноци 2 сектори и 10 одделенија
Мрежно место
www.dszi.gov.mk

Цели и задачи

уреди

Врши надзор над извршувањето на законите и прописите донесени врз основа на законите во областа на санитарно-хигиенската и епидемиолошката заштита, особено над:

  • Спроведување на мерки за спречување и сузбивање на заразни болести;
  • Здравствена исправност на предмети за општа употреба во производство и прометот;
  • Производство и промет на опојни дроги и отвори;
  • Спроведување на мерки за заштита од извори на јонизирачки зрачења;
  • Спроведување на мерки за заштита од штетни материи и влијание врз здравјето на луѓето;
  • Санитарно-хигиенски услови во објекти (образовни и социјални установи, објекти за згрижување на деца и младина, здравствени од јавно и приватно здравство, рекреативни центри и објекти во којшто се врши давање на хигиенски услуги и друго), како и во средствата за јавен превоз;
  • Надзор над вработените на работни места каде со својата здравствена состојба межат да го загрозат здравјето на луѓето;
  • Надзор над извршување на законите и прописите донесени во областа на здравствената заштита:
  • надзор над остварување на правата од здравствена заштита;
  • надзор над вршење на здравствена дејност;
  • надзор над евиденција во областа на здравствената заштита;
  • надзор над општи акти на здравствените организации[2]

Организациона структура

уреди

ДСЗИ првостепено го сочинуваат два сектора и тоа:

  • Сектор за стручно советодавни работи
  • Сектор за инспекциски надзор

Сектор за стручно советодавни работи

уреди

Овој сектор го сочинуваат 5 одделенија: 1. Одделение за санитарно-технички услови и мислења во постапка за издавање на одобренија, заштита на воздухот од загадување, отпадни, површински води и депонии за комунален и индустриски смет кое дава стручно метоеолошка помош во врска со надзорот на спроведување на потписите за исполнување на санитарно техничките услови за издавање на одобренија, спроведување на прописите за заштита на воздухот од загадување за отпданите и површински води и депонии за комунален и индустриски смет.

2. Одделение за здравствена и стоматолошка заштита кое организира и следи активности во врска со работата на здравствените установи во кои се врши примарна, секундарна и терцијална здравствена заштита во јавниот и приватен сектор, правата од здравственото осигурување, организира и следи активности во врска со работата на здравствените установи во кои се врши стоматолошка здравствена дејност и дава стручно-методолошка помош од оваа област.

3. Одделение за воспитно-образовни, социјални, детски установи, сместувачки угостителски капацитети и рекреативни центри кое организира и следи активности во работењето од здравствен аспект на образовни, социјални и детски установи, угостителски капацитети и рекреативни центри, изготвува стручни мислења, инструкции за работа.

4. Одделение за безбедност на предметите за општа употреба и објекти за давање на хигиенски услуги организира и следи активности во врска со безбедно производство и промет на предмети за општа употреба ,како и пружање на безбедни хигиенски услуги во објекти за оваа дејност.

5. Одделение за правно-советодавни, информатички работи и анализа учествува во подготвување на прописи од областа на надлежностите на Инспекторатот, ја следи имплементацијата на законските и подзаконските акти, и дава правна помош на инспекторите во подрачните одделенија и решава во второстепена жалбена постапка, контрола на архивско работење и други адмнистративни работи, врши прибирање, обработка, средување на податоци од важност за Инспекторатот, изработка и ажурирање на централни регистри на објекти кои подлежат на санитарен и здравствен надзор, изработува и одржува ВЕБ страна, организира обука на вработените од областа на информатичкиот систем, подготвува публикации и информативни материјали за јавноста.

Сектор за инспекциски надзор

уреди

Секторот за инспекциски надзор го организира, насочува и координира работењето на одделението за инспекциски надзор од областа епидемиологијата, одделението за инспекциски надзор на радиолошка заштита, нејонизирачко зрачење, опасни материи (отрови, претходници и опојни дроги), на подрачните одделенија и одделението за граничен надзор, изготвува планови за работа на одделенијата и го следи нивното извршување, дава извештај за работата на одделенијата и програмите за работа. Во секторот за инспекциски надзор, подрачните одделенија за инспекциски надзор на територијата на Република Македонија ги опфаќаат општините со населените места кои им припаѓаат на тие општини, согласно Законот за територијална органиција на локланата самоуправа на Република Македонија. Овој сектор има 5 одделенија:

1. Одделение за инспекциски надзор од областа на епидемиологијата кое ја организира, координира и насочува работата над спроведувањето на општите и посебните мерки за спречување на појавата, раното откривање, спречувањето на ширењето на заразните болести и инфекциите, а по епидемиолошки индикации, кога постои опасност од причинител на заразни болести и во објектите за производство и промет на храна.

2. Одделение за инспекциски надзор од областа на радиолошка заштита, нејонизирачко зрачење, опасни материи (отрови, претходници и опојни дроги кое ја организира, координира и насочува работата на инспекцискиот надзор на радиолошка заштита, извори на нејонизирачко зрачење, отрови, претходници и опојни дроги.

3. Одделение за граничен инспекциски надзор кое ја организира, координира и насочува работата на граничните терминали и премини при увоз на предмети за општа употреба и патници во меѓународниот сообраќај.

4.Подрачните одделенија за инспекциски надзор кои ја организираат, координираат и насочуваат работата на територијата на подрачното одделение во спроведувањето на позитивните прописи: увид во јавни и приватни здравствени установи, во училишни и предучилишни установи, во социјални установи за различни категории на лица, во туристички, рекреативни и угостителски објекти, надзор над ексхумација и транспорт на умрени лица, здравствен надзор над лица вработени на маста каде што со својата здравствена состојба можат да го загрозат здравјето на населението, надзор во врска со пријави и претставки на граѓани и друго. и

5. Други подрачни одделенија во кои спаѓаат:

Наводи

уреди
  1. „Директор на ДСЗИ“. ДСЗИ. Посетено на 26 јануари 2021.
  2. „ДСЗИ - За нас“. ДСЗИ. Посетено на 26 јануари 2021.

Поврзано

уреди

Надворешни врски

уреди

ДСЗИ на министерското мрежно место Архивирано на 1 август 2008 г.