Министерство за здравство на Македонија


Министерството за здравство на Македонија е составен дел од Владата на Македонија ја има за примарна цел здравствената заштита и здравственото осигурување на населението.

Министерство за здравство на Македонија
Логото на МЗ
Податоци за органот
Основан 1991¹
Надлежност Влада на Македонија
Седиште Скопје, Македонија
Вработени 108[1] (2022)
Годишен буџет 6,674 милијарди MKD[2] (2018)
Надлежен министер Арбен Таравари
Ограноци ДСЗИ
Дирекција за храна
Биро за лекови
Мрежно место
www.moh.gov.mk
Белешки
¹Како министерство на Република Македонија

Задачи

уреди

Цели на македонското министерство за здравство се: да ги ги врши работите што се однесуваат на:

  • здравствената заштита и здравственото осигурување на населението;
  • загаденоста на воздухот, водата, земјиштето и животните продукти;
  • организацијата и развојот на здравството;
  • следењето на здравствената состојба на населението;
  • заштитата на населението од заразни болести, од штетното влијание на гасовите, јонизирачките зрачења, бучавата, загаденоста на воздухот, водата и земјиштето;
  • прехранбените производи и предмети за општа употреба;
  • хигиено-епидемиолошката состојба;
  • лековите, помошните лековити средства, медицинските помагала, медицинската опрема, санитетските уреди и материјали;
  • отровите и опојните дроги;
  • надзорот од негова надлежност и
  • врши други работи утврдени со закон

Сектори на министерството

уреди
  • Сектор за секундарна и терциерна здравствена заштита
  • Сектор за примарна здравствена заштита
  • Сектор за превентивна здравствена заштита
  • Сектор за здравствено осигурување и следење на работата на ФЗОМ
  • Сектор за модернизација, менаџмент во здравството и информатичка технологија
  • Сектор за евроинтеграции
  • Сектор за нормативно-правни и управни работи и координација и техничка помош на министерот
  • Сектор за развој, инвестиции и меѓународно - техничка соработка
  • Сектор за организација и функционирање на здравствот во кризни состојби, управување на кризни состојби, донации и стратешко планирање
  • Стоматолошки сектор
  • Сектор за општи работи

Органи во состав

уреди

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. „Извештај за следењето на примената на начелото на соодветна и правична застапеност за 2022 година“ (PDF). Народен правобранител на Република Македонија. септември 2023. Посетено на 21 ноември 2024.
  2. „Буџет на Република Македонија за 2018 година“. Министерство за финансии на Република Македонија. Архивирано од изворникот на 2019-10-19. Посетено на 2018-11-22.

Надворешни врски

уреди