Еквадор

демократска република во Јужна Америка
(Пренасочено од República del Ecuador)

Еквадор официјално Република Еквадор (шпански: República del Ecuador)е демократска република во Јужна Америка. Еквадор се граничи со Колумбија на север, Перу на исток и југ и со Тихиот Океан на запад. Таа е една од двете држави во Јужна Америка што не се граничи со Бразил, другата е Чиле. Во рамките на Еквадор се вклучени и Галапагоските Острови, околу 965 км западно од територијата на Еквадор. Државата лежи на екваторот, од каде и е добиено името. Еквадор има површина од 256.371 км2 со главен град Кито, а најголем град Гвајакил.

Република Еквадор
República del Ecuador  (шпански)
Знаме Грб
Гесло"Dios, patria y libertad"  (шпански)
"Pro Deo, Patria et Libertate"  латински
"Господ, татковината и слободата"
ХимнаSalve, Oh Patria  (шпански)
Те поздравуваме, Наша Татковино

Местоположба на Еквадор
Главен градКито
00°9′S 78°21′W / 0.150° ЈГШ; 78.350° ЗГД / -0.150; -78.350
Најголем град Гуајакил
Службен јазик шпански1
Демоним еквадорец
Уредување Претседателска република
 •  Претседател Гулилерно Лазо
 •  Алфредо Бореро
Независност
 •  од Шпанија (неуспешно) 10 август 1809 
 •  од Шпанија 24 мај 1822 
 •  од Голема Колумбија 13 мај 1830 
Површина
 •  Вкупна 256,370 км2 (73-та)
 •  Вода (%) 0
Население
 •  проценка за 2007 г. 13,755,680 (65-та)
 •  Густина 53.8 жит/км2 (151-ва)
БДП (ПКМ) проценка за 2007 г.
 •  Вкупен $99.430 billion[1] 
 •  По жител $7,518[1] 
БДП (номинален) проценка за 2007 г.
 •  Вкупно $56.789 милијарди[1] 
 •  По жител $3,926[1] 
Џиниев коеф.42
среден
ИЧР (2013) 0.711[2]
висок · 98ма
Валута Долар2 (USD)
Часовен појас ECT, GALT (UTC-5, -6)
Се вози на right
НДД .ec
Повик. бр. 593
1. кечуанскиот и другите староседелски јазици се зборувани во земјата.
2. Еквадорски сукре се користело до 2000.

Потекло на поимот

уреди

Името на државата доаѓа од екваторот, бидејќи територијата на Еквадор се наоѓа точно по таа географска замислена линија.

Историја

уреди

Докази за постоење на човек на тлото на Еквадор постојат од 3500 п.н.е. Повеќе цивилизации постеле низ Еквадор, како на пример културите Валдива и Мачалила на бргот, Китус во близина на Кито и Кањари во близина на Квенка. Секоја цивилизација развивала сопствена архитектура, поезија и религиозни верувања. По долгогодишни војни во близина на езерото Јахуаркоча (Крваво Езеро), голем број од населението од племињата било убиено. Тоа овозможило да се развие Империјата на Инките и територијата потпаднала под нивна контрола.

Империја на Инките

уреди

Низ поголем број на воени интервенции, регионот потпаднал под власт на Инките во 1463. Атахуалпа, еден од синовите на императорот на Инките Хуајна Капак не можел да ја преземе титулата сè додека императорот не добил нов син, Хуаскар роден во главниот град Куско. По смртта на Хуајна Капак во 1525, Империјата била поделена на две: Атахуалпа го добил северот со главен град во Кито, Хуаскар го добил југот со главен град во Куско. Во 1530, Атахуалпа го поразил Хуаскар и ја освоил целата територија на Империјата со центар во Кито. Тој не успеал да владее со целата територија бидејќи следеле нападите од Шпанија.

Колонизација

уреди

Во 1561, шпанските конкистадори под водство на Франсиско Писаро, пристигнале на територијата на Јужна Америка и ги затекле Инките во граѓанска војна. Атахуалпа сакал да ја возобнови Империјата на Инките, додека Шпанците биле со сосема друга намера и го заробиле Атахуалпа за време на Битката на Кахамарка. За да го ослободат, Инките принеле една соба со злато и две соби со сребро. Покрај тоа што Шпанците биле опколени и со помалку на број, Шпанците го убиле Атахуалпа. Во наредните години, Шпанската власт ја засилила моќта и ги оформиле вицекралствата.

Независност

уреди

На 9 октомври 1820 година, Гвајакил станал првиот еквадорски град што се стекнал со независнот од Шпанија. На 10 август 1822, остатокот од Еквадор се здобил со независност откако маршалот Антонио Хосе де Сукре ги поразил шпанските кралски сили за време на Битката на Пичинча во близина на Кито. По битката, Еквадор се здружил со Републиката Голема Колумбија на Симон Боливар, со една цел да биде независна република во 1830, со претседател Хуан Хосе Флорес.

Географија и клима

уреди
 
Карта на Еквадор.

Еквадор има три главни географски региони, плус еден островски дел во Тихи Океан.

  • La Costa, или брегот се состои од рамничарски дел на запад од земјата по брегот на Тихиот Океан.
  • La Sierra ("плаинините") е планински венец кој поминува низ центарот на земјата од север кон југ, воглавно Андите.
  • La Amazonía (Амазон), исто така познат и како El Oriente ("истокот"), е регион кој се состои од амазонските прашуми на истокот од земјата и е скоро половина од вкупната територија на Еквадор но не е многу населен.
  • Región Insular (Островски регион) е регионот на Галапагоски Острови, некои 1000 км на запад од брегот на Еквадор.

Главниот град на Еквадор е Кито, во планинскиот регион. Најголем град во Еквадор е Гвајакил во покраината Гвајаз. Котопакси е еден од највисоките активни вулкани во светот и се наоѓа на југот од земјата.

Клима

уреди

Иако земјата не е премногу голема, има голема варијација во климата. Брегот на Еквадор е со тропска клима со врнежливи сезони. Климата на Андите е сува и во амазонскиот басен климата е иста со сите прашумски предели во светот, влажност и врнежи.

Политички систем

уреди

Извршната власт во Еквадор вклучува 25 министерства. Покраинските власти и совети се директно избрани. Конгресот се среќава преку целата година. Има 69 комитети по седум члена. Членовите на Врховниот Суд се назначени од Конгресот за неодредено време.

Еквадор доста често ставал назначување на мултилатералните пристапи кон меѓународните прашања. Еквадор е член на ООН и член на повеќе регионални групи, како на пример Рио Групата, Латиноамериканскиот Економски Систем, Латиноамериканската Организација за Енергија, Латиноамериканската Асоцијација за Интеграција и Комитетот на Нации на Андите.

Административна поделба

уреди

Еквадор е поделен на 24 покраини (provincias), секој со административниот центар:

Број на мапа Покраина Центар
1 Азуај Квенка
2 Боливар Гваранда
3 Кањар Азокес
4 Карчи Тулкан
5 Чимборасо Риобамба
6 Котопакси Латакунга
7 Ел Оро Мачала
8 Есмералдас Есмералдас
9 Галапагос Руерто Бакеризо Морено
10 Гвајас Гвајакил
11 Имбабура Ибара
12 Лоха Лоха

Број на мапата Покраина Центар
13 Лос Риос Бабахајо
14 Манаби Портовиехо
15 Морона-Сантјаго Макас
16 Напо Тена
17 Орелана Пуерто Франциско де Орелано
18 Пастаза Пујо
19 Пичинча Кито
20 Санта Елена Санта Елена
21 Санто доминго Санто Доминго де лос Колорадос
22 Сукумбиос Нуева Лоха
23 Тунгурахуа Амбато
24 Самора-Чинчипе Самора

 

Покраините се поделени на кантони, а потоа поделени на парохии.

Стопанство

уреди

Еквадорските природни ресурси вклучуваат нафта, дрво и злато. Додатно на нив, земјата е богата и со земјоделските култури: банани, цвеќе, кафе, какао, шеќер, тропски овошја, палмово масло, ориз и пченка. Индустријата е ориентирана кон услуги за домашниот пазар, со мал извоз во околните земји.

Земјата претрпела неколку финансиски кризи во 1997, 1998 и 1999. Ова довело до реформи во пазарната економија на Еквадор при тоа имало девалвација на националната валута од 65%.

На 9 јануари 2000 година администрацијата на претседателот Џамил Махуад го вовела американскиот долар како национална валута во Еквадор а при тоа го заменила еквадорскиот сукре, сличен процес како и во Аргентина. По ова следел бурни протести во земјата и претседателот бил отстранет од позицијата. По овој процес, Еквадор пристапиле кон преговори со ММФ скличувајќи 12 месечен договор и се презеле силни мерки за стабилизирање на економијата.

Население, јазик и религија

уреди

Население

уреди

Населението на Еквадор е етнички доста мешано. Најголема еничка група се мешаните луѓе (мешавина на доселеници и староседелци) и сочинуваат околу 55% од вкупното население на земјата. Староседелците се околу 25% од вкупното население на Еквадор. Белците сочинуваат околу 15% и тука спаѓаат доселениците од Европа, воглавно шпанци. Во Еквадор живеат и мали заедници на Африканци кои се 5% од вкупното население.

Јазик

уреди

Шпанскиот јазик се зборува од околу 90% од населението и е прв или втор јазик на околу 98% од населението на Еквадор. Еден дел од населението зборува на еден од индијанските јазици, но само како втор јазик. Населението кое зборува индијански јазик е околу 2% од вкупното население.

Религија

уреди

Околу 95% од еквадорците се католици и 4% се протестанти. Во руралните делови на Еквадор, католицизамот и локалните верувања се синхронизирани. Поголем број на религиозни фестивали и прослави се помешани со католичките и локалните религиозни елементи.

Еврејската заедница во Еквадор има околу 500 членови и нејзин центар е во главниот град Кито. Оваа бројка се намалува бидејќи младите луѓе одат на студии во Израел и најчесто остануваат таму.

  • Христијани - 13,606,860
  • Без Религија - 795,300
  • Народна Религија - 43,380
Верници во Еквадор
Христијани
  
94,10 %
Без Религија
  
5,50 %
Народна Религија
  
0,30 %

Густина на население

уреди

Повеќето од Еквадорците живеат во централниот дел на земјата и по брегот на земјата. Амазонскиот дел од земјата не е многу населен и сочинува околу 3% од населението.

Население на градови 2008[3]

Култура во Еквадор

уреди

Културата на Еквадор е воглавно под влијание на мешаното население на Еквадор и мешавина од европска и староседелска култура, со мали додатоци од африканското население. Повеќето од населението во својот секојдневен живот ги практивуваат елементите на двете најголеми култури, но има и етнички заедници кои се стремат кон автохтоноста на културата и традицијата. Шпанскиот јазик се зборува од околу 90% од населението и е прв или втор јазик на околу 98% од населението на Еквадор. Еден дел од населението зборува на еден од индијанските јазици, но само како втор јазик. Населението кое зборува индијански јазик е околу 2% од вкупното население.

Спорт

уреди
 
Олимписки Комитет на Еквадор.

Најпопуларниот спорт во Еквадор, како и во останатите јужноамерикански држави, е фудбалот. Најпознати клубови во Еквадор се БК Барселона, ФК Емелек, Депортиво Кито, Ел Насионал, Олмеда и Депортиво Квенка.

Еквадор се здобил со својот единствен златен медал на Олимписките игри во Атланта во 1996 година. Џеферсон Переџ на трката на 20 км го освоил златниот медал.

Поврзано

уреди

Надворешни врски

уреди
  • GIR: Еквадор Архивирано на 16 мај 2008 г.
  • Претседател на Еквадор (шпански)
  • Историски карти на Еквадор[мртва врска]
  • Шеф на држава и кабинетот Архивирано на 10 декември 2008 г.
  • Светска книга на факти“ на ЦИА — запис за „Ecuador(англиски)
  • Еквадор Архивирано на 7 јуни 2008 г.
  • Еквадор на Curlie (англиски)
  • Наводи

    уреди
    1. 1,0 1,1 1,2 1,3 „Ecuador“. International Monetary Fund. Посетено на 2008-10-09.
    2. „2014 Human Development Report Summary“ (PDF). United Nations Development Programme. 2014. стр. 21–25. Посетено на 27 јули 2014.
    3. Ecuador - City Population - Cities, Towns & Provinces