Антонио Хосе де Сукре

Антонио Хосе де Сукре и Алкала (шпански: Antonio José de Sucre y Alcalá; 1795–1830), познат како „Голем Маршал од Ајакучо“ (Gran Mariscal de Ayacucho), бил венецуелски воен генерал и политички водач за време на јужноамериканските војни за независност. Сукре бил четврти претседател на независно Перу и втор претседател на независна Боливија. Сукре бил близок пријател со Симон Боливар и исто така бил еден од неговите најистакнати државници и генерали. Тој одиграл значајна улога во независноста на јужноамериканските држави во северниот дел на континетот и во негова се именувани главниот град на Боливија (Сукре), сојузната држава Сукре во Венецуела и департманот Сукре во Колумбија. Дополнително на тоа, главниот меѓународен аеродром во Еквадор исто така е именуван по него - Меѓународен аеродром Маршал Сукре во Кито.

Антонио Јосе де Сукре
2 претседател на Боливија
На должноста
29 декември 1825 – 18 април 1828
Претходник Симон Боливар
Наследник Хосе Марија Перес де Урдининеа
4 претседател на Перу
На должноста
23 јуни 1823 – 17 јули 1823
Претходник Хосе де ла Рива Агуеро
Наследник Хосе Бернардо де Тагле
Лични податоци
Роден(а) Антонио Хосе де Сукре и Алкала
3 февруари 1795(1795-02-03)
Кумана, Генерална капетанија Венецуела (денес Венецуела)
Починал(а) 4 јуни 1830(1830-06-04) (возр. 35)
надвор од Пасто, Република Нова Гранада (денес Арболеда, Колумбија)
Почивалиште Катедрала во Кито
Националност Венецуелец
Сопружник Маријана Карселен
Деца Тереса Сукре и Карселен
Почесна титула Голем маршал на Ајакучо
Потпис

Животопис

уреди

Семејство

уреди

Антонио Хосе де Сукре е дел од аристрократското венецуелско семејство Сукре. Семејството потекнува од Фландрија и истото се преселило во Венецуела со преселбата на Карло де Сукре и Франко Перес, фламански благородник, син на Карло Адријан де Сукре (Маркис на Перу) и Каролина Исабел Гаридо и Пардо (шпанска благородничка). Карло де Сукре и Пардо служел како војник во Каталонија во 1698 година и подоцна бил именуван како Гувернер на Картахена де Индијас (денес овој колумбиски град е именуван само како Картахена) и Генерален капетан на Куба. На 22 декември 1779 година, Карло де Сукре и Пардо пристигнал во Кумана во Венецуела и бил назначен за Гувернер на Нова Андалусија, во која спаѓала и денешната територија на сојузната држава Сукре.

Убиство

уреди
 
Убиството на Сукре

Сукре бил убиен на 4 јуни 1830 година.[1] Генерал Хуан Хосе Флорес сакал да ги оддели јужните департмани (Кито, Гвајакил и Азуај) наречени Округ Еквадор од Гран Колумбија сè со цел да основа независна држава и да биде прв претседател. Генералот Флорес предвидел дека ако стигнал Антонио Хосе де Сукре во Кито од Богота, тој ќе му ги расипел плановите бидејќи тој бил многу популарен поради неговиот хероизам во битките на Пичинча, Тарки и Ајакучо. Така, Хуан Хосе Флорес стапил во контакт со Генерал Хосе Марија Обандо (кој патем бил антисукрејски и антиболиварски настроен). Обандо не бил присутен кога бил убиен Сукре, но му дал наредба на Аполинар Морилјо. Командирот Хуан Грегорио Сарија (кој подоцна признал дека Обандо му платил за да го убие Сукре), Хосе Еразо (бандит) и тројца пиуни учествувале во убиството. Планот бил да го стават Сукре во заседа на 4 јуни 1830 година, на локалем пат во округот Беруекос.

Петте убијци се криеле позади дрвата покрај патот познат како „Ла Хакоба“ и го зекале Сукре и неговите придружници. Групата на Сукре се состоела од седум лица: двајца јавачи на мулиња кои носеле багаж, двајца водници, претставник на конгресот во Куенка Сукре и неговиот слуга. Кога се приближиле на патот „Ла Хакоба“, Сукре бил погоден од три куршума. Сукре умрел на лице место. Неговото тело останало таму едно деноноќие бидејќи неговите придружници побегнале од страв да не загинат.

Подоцна, Хуан Грегорио Сарија и Аполинар Морилјо признале дека Обандо ги наговорил да го убијат Сукре. Сарија исто така признал дека добил и паричен надоместок од Обандо за убиството. Тројцата пиуни кои соработувале со убијците биле отруени од Морилјо за да не ги предадат на властите. Морилјо бил јавно погубен на плоштадот во Богота на 30 ноември поради убиството на Сукре, а Хосе Еразо умрел во затвор истата година. Обандо се спасил најмногу поради моќта која ја имал во Каука.

Литература

уреди
  • Sherwell, Guillermo A. (1924). Antonio José de Sucre (Gran Mariscal de Ayacucho): Hero and Martyr of American Independence. Washington, D.C.: Byron S. Adams. Biography, 236pp., online.
  • Higgins, James (editor). The Emancipation of Peru: British Eyewitness Accounts, 2014. Online.

Наводи

уреди
  1. Monroy, Ramón Rocha (June 5, 2009). „Ultimas cartas de Sucre“ (шпански). Bolpress.

Надворешни врски

уреди
Политички функции
Претходник
Симон Боливар
Претседател на Боливија
29 декември 1825 – 18 април 1828
Наследник
Хосе Марија Перес де Урдининеа
Претходник
Хосе де ла Рива Агуеро
Претседател на Перу
23 јуни 1823 – 17 јули 1823
Наследник
Хосе Бернардо де Тагле