Историја на Еквадор
Докази за постоење на човек на тлото на Еквадор постојат од 3500 п.н.е. Повеќе цивилизации постеле низ Еквадор, како на пример културите Валдива и Мачалила на бргот, Китус во близина на Кито и Кањари во близина на Квенка. Секоја цивилизација развивала сопствена архитектура, поезија и религиозни верувања. По долгогодишни војни во близина на езерото Јахуаркоча (Крваво Езеро), голем број од населението од племињата било убиено. Тоа овозможило да се развие Империјата на Инките и територијата потпаднала под нивна контрола.
Дел од темата Еквадор |
Портал:Еквадор |
Империја на Инките
уредиИмперијата на Инките или Тавантинсују била најголема империја во пред-колумбиска Америка[1]. Административниот, политичкиот и воениот центар на империјата бил градот Куско во денешната држава Перу. Империјата се издигнала од високите планински предели на Андите во 13 век. Од 1438 до 1533 година користеле различни методи за проширување на империјата, од освојувања со мирни соединувања. Таа се протегала на западниот дел од Јужна Америка, од Еквадор до Чиле.
Службен јазик во Тавантинсују бил кечуанскиот јазик, иако стотина локални јазици и кечуански дијалекти се зборувале исто така. Кечуанското име на државата е Тавантинсују или Tawantinsuyu што во превод значи „четирите региони“ или „четирите ибединети покраини“. Пред реформите на правописот на кечуанскиот и ајмарскиот јазик често државата се пишувало како Тахуантинсујо. Името е составено од: tawan - „четири“, -ntin што означува „група“ или „унија“ и suyu што значи „регион“ или „покраина“. Така, империјата била поделена на четири покраина и секоја покраина се спојувала со главниот град Куско.
Во Империјата се чествувале и славеле голем број на свети предмети или хуака, но раководството на Инките го охрабрувало населението да го слави Инти - богот на сонцето, но и останатите богови на Инките.[2] Често Инките својот крал, Сапа Инка, го нарекувале „дете на сонцето“.
Колонизација
уредиВо 1561, шпанските конкистадори под водство на Франсиско Писаро, пристигнале на територијата на Јужна Америка и ги затекле Инките во граѓанска војна. Атахуалпа сакал да ја возобнови Империјата на Инките, додека Шпанците биле со сосема друга намера и го заробиле Атахуалпа за време на Битката на Кахамарка. За да го ослободат, Инките принеле една соба со злато и две соби со сребро. Покрај тоа што Шпанците биле опколени и со помалку на број, Шпанците го убиле Атахуалпа. Во наредните години, Шпанската власт ја засилила моќта и ги оформиле вицекралствата.
Независност
уредиНа 9 октомври 1820 година, Гвајакил станал првиот еквадорски град што се стекнал со независнот од Шпанија. На 10 август 1822, остатокот од Еквадор се здобил со независност откако маршалот Антонио Хосе се Сукре ги поразил шпанските кралски сили за време на Битката на Пичинча во близина на Кито. По битката, Еквадор се здружил со Републиката Голема Колумбија на Симон Боливар, со една цел да биде независна република во 1830.
Наводи
уреди- ↑ Terence D'Altroy, The Incas, pp. 2–3.
- ↑ The Inca - All Empires