Знамето на Еквадор е усвоено на 26 септември, 1860 година. Се состои од три хоризонтални траки, жолта, сина и црвена боја. На државното знаме, за разлика од цивилното се наоѓа и грбот на Еквадор.

Знаме на Еквадор

Иако дизајнерот на знамето кажал дека бил инспириран од Гетовите симболики во боите во неговите дела имаат силно национално значење на Еквадор. Според него жолтата боја е симбол на земјоделието и богаствата, сината боја симбол на океанот и небото а црвената крвта на оние кои го дале својот живот за слобода.