Самоилово Царство

Средновековна македонска држава
(Пренасочено од Самоиловото царство)

Самоилово Царство или Славинијасредновековна словенска држава на територијата на денешните Македонија,[1] Бугарија (без Тракија), романска Добруџа, Србија (без Банат и Бачка), Црна Гора (без приморјето), Албанија, Косово и Северозападна Грција, која под водство на цар Самоил постоела од 969 до 1018 година. Тоа била првата држава на македонските Словени кои биле владеачки слој во неа настаната во нивното востание против Бугарија во 969 година. За престолнина на царството се смета Охрид, иако царскиот двор своевремено бил сместен и во други градови како Преспа. Најголемиот дел од населението било словенско. Некои византиски [2], хрватски [3], арапски [4] и други историчари од средниот век ја нарекуваат оваа држава Бугарија, бидејќи Византијците (и другите народи) почнале да ги нарекуваат соседните словенски народи околу Византија Бугари (откако повеќето јужни Словени биле освоени од Бугарија).[5] По падот на оваа држава името Македонија било име на византиската тема (административна област) Македонија во одринска Тракија. Според македонските, хрватските и некои други академици на пример проф. д-р Хорас Лант од универзитетот во Харвард, САД во времето на Самоил бил завршен процесот на формирање на македонскиот народ (и почнал процесот на формирање на македонскиот јазик во денешна форма од македонската редакција на старословенскиот јазик и така велат и повеќето светски лингвисти денес). Но според тезите на многу историчари и теоретичари, не постоело диференцирање на посебни словенски народи во Самоиловото Царство.[се бара извор] Од друга страна според македонскиот проф. Иван Микулчиќ, после освојувањата на Византиските земји од страна на бугарскиот владетел Симеон, словенските племиња на широкиот простор од Дунав до Егејот и од Јадранот до Црното Море го биле прифатиле заедничкиот етникон "Бугари".[6] Ова, заедно со покрстувањето и прифаќањето на словенскиот јазик за официјален, имале ефект на спречување на асимилацијата на тие Словени во византиската култура, кое го промовирало формирањето на посебен идентитет.[7][8]

Самоилово Царство
969–1018
Царството при најголемиот подем
Царството при најголемиот подем
Главен градПреспа
Охрид
Говорени јазицистарословенски јазик
Вероисповед
православие
УредувањеЦарство
Цар 
• 969 — 1014
Самоил (прв)
• 1040 — 1041
Петар Делјан (последен)
Историски периодсреден век
• Основана
969
• Престанала да постои
1018
Претходници
Наследници
Македонска Славинија
Прво Бугарско Царство
Византија
Византија
Денес дел од Македонија
 Бугарија
 Босна и Херцеговина
 Хрватска
 Србија
 Албанија
 Грција
 Црна Гора

Населување на Словените и создавање на царството

уреди

Долгите налети на Словените кон Балканот, при крајот на 7. век, резултирале во изменет состав на населението на Македонија, која се стекнала со нови жители и станала словенска територија [9] . Уште долго таа останала под византиска власт, а подоцна (во средината на 8. век) била присоединета кон Бугарија. По падот на Првото Бугарско Царство (971) и опаѓањето на Византиското Царство, Самоил, вешт воен водач и државник, создал силна држава чии граници ги опфаќале Македонија, Тесалија, Епир, Албанија и поранешните крајбрежни склавинии Дукља, Травуња, Захумје и регионот Неретва, дел од Србија (Рашка), Западна и Северна Бугарија.

Одметнување од Бугарија (969)

уреди

Мирните односи меѓу Византија и Бугарија биле прекинати во средината на 960-те години кога бугарскиот цар Петар се сетил да го побара данокот од Византија предвиден со договорот од 927 година. Никифор II не само што го одбил барањето, туку наредил бугарските пратеници да бидат натепани и да бидат протерани со навреди од Цариград. Така во 965-966 започнала војна меѓу двете држави. Бидејќи Византија била зафатена на Исток, за решавање на бугарскиот проблем го ангажирала киевскиот кнез Светослав. Во 968 кнезот Светослав со шеесетилјадна војска ја минал реката Дунав, и, како што соопштува Лав Ѓакон „од сите страни почнал да ги убива Мизијците [Бугарите]“. Притоа Светослав освоил повеќе бугарски градови. Хронологијата на овие настани сосема прецизно ни ја дава Кедрин-Скилица: „Четвртата година од неговото (Никифоровото) владеење во месец јуни на десетти индикт“, што значи јуни 967 година.[10]

По овој руски успех Византија увидела дека Русите би биле поголема опасност за неа отколку Бугарите и затоа ги наговорила Печенезите да го нападнат Киев. Поради тоа Светослав се повлекол од Бугарија и заминал да го брани Киев. Никифор ја сменил политиката кон Бугарија и како резултат на таа промена дошло до склучување на Византиско-бугарски договор за мир во 968 година. За овие настани, освен Скилица податоци ни дава и Лиутпранд, којшто во 968 година престојувал во Цариград и таму се сретнал со еден бугарски пратеник, којшто „бил истрижен по варварски како некој Унгарец, носел железен синџир и бил некрстен“. Како гаранција за мирот, а бидејќи во меѓувреме умрела жена му Марија, којашто дотогаш била гарант на мирните односи, царот Петар ги дал своите два сина Борис и Роман за заложници во Цариград. Набргу потоа Петар умрел (30 јануари 969 год.).[10]

Сега бугарската држава останала без цар, Петровите синови биле далеку од својата татковина. Таквата состојба ја искористиле комитопулите: Давид, Мојсеј, Арон и Самоил, синови на комитот Никола и организирале востание (побуна, апостасија) и ја „вознемируваа државата на Бугарите“.[10] Во врска со тоа Скилица вели:

Неговите (Петровите) синови беа испратени во Бугарија за да го зачуваат татковото царство и да ги спречат комитопулите понатаму да напредуваат. Имено, Давид, Мојсеј, Арон и Самоил, синови на еден од оние комити кои во Бугарија можеа многу да сторат, замислуваа отцепништво (направија апостасија, се одделија, отпаднаа) и ја вознемируваа државата на Бугарите (и ги разбунија Бугарите). Така се случи тоа“.[11][12]

Јован Скилица, Кратка историја

Значи, војната на Бугарите против Византија и Киевска Русија, што се водела во подунавските бугарски предели, била причина да ослабнат бугарските позиции во Македонија и да се создадат поволни услови за реализација на идеата на комитопулите за отцепување од бугарската држава. Тоа отцепување било изведено во југозападна Македонија од каде што се проширило и во другите македонски области.[13]

За комитопулот


Комета го потпалуваше небото,
а комес долу го запалуваше западот,
симбол онаа ѕвезда е на мракот сегашен
тој згаснуваше со сјајот на деницата
се јави овој со заодот на Никифор
овој страшен тифон меѓу злосторниците
Гори се, а кај се рикањата на силата твоја,
Водачу на непобедливиот Рим по природа
Ти цару, по дела победнику, поткрени се малку
Од гробот рикни лаве, ти научи ги лисиците
Да живеат во пештери.

—Јован Геометар

Во прилог на тоа се и податоците што ни ги дава Јован Геометар во неговата песна „За комитопулот“ во којашто појавата на комитопулот ја датира „при заодот (смртта) на Никифор“, што значи во 969 година. Слично вели и Јован Зонара: „Петар, еден од предводниците на Бугарите, откако умре жена му, за да го обнови договорот со Ромеите, ги даде своите два сина Борис и Роман како заложници и умре. На неговите деца пак им беше дозволено да одат и да ја земат татковата власт, зашто четворицата синови на еден од комитите во Бугарија: Давид, Мојсеј, Арон и Самуил, одметнувајќи се ги разбунтуваа Бугарите“.[13]

Кога во Цариград дознале дека комитопулите Давид, Мојсеј, Арон и Самоил, отворено се подготвувале за побуна и отцепништво и веќе постигнале извесен успех, веднаш ги испратиле Борис и Роман за да го зачуваат татковото царство и да ги спречат комитопулите во нивното натамошно напредување, како што наведува Скилица. Тоа значи дека византиските штитеници Борис и Роман, требало со поддршка од византискиот двор да ја зачуваат единствената бугарска држава, против која станале (од која се одделиле) комитопулите или се обиделе да се отцепат од неа. Комитопулите имале успех и по отстанувањето на бугарската власт уште во 969 година на ослободената територија била создадена нова држава на Балканот позната како Самоилова, по основачот на царската династија.[14]

Иако византискиот штитеник Борис седнал на бугарскиот престол како цар Борис II (969-971) тој не успеал да ги спречи комитопулите во нивното напредување. Во полза на комитопулите било второто навлегување на Светослав во Бугарија (во летото во 969 година). Бугарскиот владетел поради зафатеноста со Русите бил оневозможен да се пресмета со комитопулите и да ја ликвидира новосоздадената држава.[15]

Повторното руско навлегување во Бугарија (крајот на јули или почетокот на август 969 година) се разликувало од првото, во првиот случај тој навлегол по покана на Византија, а сега самоиницијативно. Овој пат Светослав бил привлечен од „Перејеславец“ (Мал Преслав) на Дунав, кој го сметал за „средина“ на својата земја. Светослав се носел со идејата да формира своја држава во Бугарија. Во оваа втора Руско-бугарска војна Византија застанала на страната на Бугарија. Причина за тоа биле успесите на Светослав, кој од Византија побарал да се повлече од Балканот и истиот да му го предаде нему. Во ова второ навлегување Светослав имал големи успеси, го заробил дури и бугарскиот цар Борис II. Ова посебно им одело во прилог на комитопулите и на нивната држава во Македонија. Комитопулите останале слободни и непокорени на својата територија, доста оддалечени од воените операции на Русите. На нивна територија бегале жителите од загрозените делови на Бугарското Царство и со тоа ја јакнеле воената сила на комитопулите.[16]

 
Одведувањето на бугарскиот цар Борис II во Цариград во 971 г. го означило крајот на Бугарското царство.

Додека комитопулите непречено и внимателно само го следеле руското навлегување на Балканот, со тоа не можел да се помири византискиот император Јован Цимискиј. Дошло до решавачка војна меѓу Византија и Светослав, која започнала во пролетта во 971 година. Јова Цимискиј имал успех и го „ослободил“ Борис II од руското заробеништво, но по протерувањето на Русите од Бугарија не го оставил Борис II на престолот, туку го одвел во Цариград каде што му ги симнал царските знаци и круната, којашто ја однел во црквата „Св. Софија“ и му ја подарил на Бога за успехот во војната. Бугарија, поточно североисточните делови на Петрова Бугарија, била претворена во обична византиска провинција и вклучена во тематскиот систем на Византија.[16]

Увидувајќи ја византиската моќ, комитопулите по се изгледа ја признале врховната византиска власт. Формално тие биле потчинети на централната византиска администрација, а пред се на василевсот. Во прилог на комитопулите бил фактот што тие не војувале против Византија и не се отцепиле од неа, туку против Бугарија. Иако ја признале врховната византиска власт тие задржале широка автономија на управување, за што сведочи фактот дека на територијата со која владееле немало формирано византиска тема и воведено византиска управа. Станува збор за областите западно од градот Сердика (Софија), најголемиот дел на територијата на Македонија, од Скопска Црна Гора на север каде што била границата со византиската управа во Рашка, на југоисток до средниот тек на реката Струма и темата Стримон-Крушево, на југ до малите теми Драгувитија, Бер и Едеса, темата Хелада со центар во Лариса и на запад областите до темите Драч, Јерихо и Никопол. Византиска управа немало во градовите Костур, Сервија, Битола, Охрид, Белград (Берат), Дебар, Прилеп, Скопје, Велес, Штип, Струмица и Сердика.[17]

Два историски става

уреди

Гледна точка на македонските историчари

уреди

Македонските историчари го гледаат востанието на комитопулите против бугарската власт во 969 година, како чин на осамостојување од бугарската власт во Македонија и формирање на основа за нова, македонска државност. Исто така се смета дека главното население било македонско, покрај останатите народности кои ги опфаќало царството.

Некои од основните одлики на Самоилово Царство:

  • Бугарското Царство било уништено 971 година кога било приклучено во рамките на Византија [18]
  • Основата на државата биле населението во Македонија како и територијата на Македонија која била нејзин центар, па според тоа и државата е македонска [19]
  • Целата надворешна и внатрешна политика на државата била поразлична од онаа на претходното Бугарско Царство
  • Титулите во хиерархијата на Самоилово Царство се разликувале од бугарските (немало кавхани, боили...)

Терминот „Бугари“ кои го користеле тогашните византиски историчари и хроничари, а кој се искористува денес за бугаризација на Самоиловото Царство, не се однесувало на етнички карактер на народот, туку тој термин се користел како гео-политички термин. Имено, Јован Зонара, кој пишува неколку децении од покорувањето на Самоиловото Царство, во 1018 г., во својот "Речник", објаснува што треба да се разбере под поимот "Бугарија" и тоа кога вистинските области на Бугарите носат други имиња[20].

Во "Речник" Зонара вели дека ова политичко име на втората македонска држава и било дадено за време на преговорите во 970 г. И не тврди само Зонара за Самоиловото Царство, дека е всушност поранешното северно-македонско кнежевство Славинија. Византискиот полководец Никифор Вриениј и управник на Драч, гушејќи го востанието од Ѓорѓи Војтех во 1072 г. ,во своите Спомени, иако го користи политичкото име (Бугарија), морал да дообјасни каков народ живеел овде[21], па вели:

"Бидејќи Печенезите вршеле препади во Тракија и во Македонија (источна – з.н), племето на Словените ја отрфлило византиската власт и ја пустошело и ограбувало Бугарија. Биле разграбени Ниш и Скопје[21].


Човек не запознаен со деталите од политички наметнатото име на Македонците, читајќи ги овие редови, ќе помисли дека Словените од Македонија ја нападнале вистинската Бугарија од онаа страна на Стара Планина. Но, востаниците ги отфрлиле византиските институции во Македонија, ги ограбиле магацините со оружје со цел да се вооружат и ги избркале византиските гарнизони од Македонија. Спомнатите Скопје и Ниш, најмалку биле во вистинска Бугарија. По ова Вриениј е управник на цела Македонија а целта е како што вели "..преку него да се смири засилениот словенски народ" . Од се ова, јасно е дека тогашното име на Македонците не одговара на вистинската етничката припадност иако византиските хроничари ја нарекувале со име Бугарија, но тоа е само политичко-тематско име[22].

Изнесените податоци потврдуваат дека на Македонците од западна Македонија во 970 г., надворешни сили (Византија, Киевски кнез Свјатослав и бугарскиот сојузник - Унгарците), но и внатрешната состојба му наложиле на кнез (цар) Давид, доброволно или не, да ги прифати условите на Византија, неговата држава го добива тематското име - "Бугарија", а со тоа и народот името - "Бугари". Впрочем како и другите пространства до Мизија . Во "Историја" од византискиот писател Михаил Аталијат, при описот на востанието од Петар Делјан во 1041 г., за ова политичка зделка од 970 г[23]. се вели:

"А Мизите, на кои им било ставено името 'Бугари', како сопствено име, кренале бунт..."


Гледна точка на бугарските историчари

уреди
 
Икон за смртта на Самоил од XIV век [24]
 
Писмо од министерството за историја на Бугарија во 1947 каде што го признава Самуил како Македонец

Во 971 год. во една од многуте бугарско-византиски војни е освоена бугарската престолнина Преслав при што биле заробени бугарскиот цар Борис II и неговиот брат Роман. Тие биле однесени во Цариград и насилно принудени да абдицираат. Според средновековните закони, тоа значело дека бугарските војски кои сè уште војувале требало да се предадат. Меѓутоа, Бугарите откажале да се предадат и под раководство на Самоил, син на еден од десетте обласни управници (комити, од таму комитопули), ја продолжиле успешно војната. Самоил не се прогласил за цар, затоа што според бугарските закони, додека царот е жив (макар и заробен) останува на чело на Бугарија. Во 980 г. цар Борис и брат му успеале да избегаат од заробеништво, но на границата со Бугарија цар Борис II бил убиен од „бугарски граничар, бидејќи бил облечен во романски алишта“, пишуваат средновековните хронисти. Во согласност со бугарските закони, брат му Роман бил прогласен за цар на Бугарија и живеел во Скопје, кое станало престолнина на Бугарија. Во 992 г. цар Роман бил повторно заробен од Византијците во Скопје и фрлен во затвор, каде воедно и починал во 997 г. Во текот на тој период Самоил бил само „гуљам“ како што пишува еден средновековен арапски писател т.е. само командант на вооружените сили на Бугарија. Дури откако пристигнала веста за смртта на Роман кој починал во Цариград и не оставил наследници, Самоил бил прогласен за бугарски цар. Тој го одбрал Охрид за престолнина на Бугарија Сето тоа покажува дека Самоил и покрај тоа што ја имал целата власт во државата уште во 971 г. (во неговите раце била армијата) со целото поведение сакал да покаже дека се придржува кон бугарските закони и е добросовесен бугарски државен службеник. Затоа се прогласил за цар на Бугарија дури во 997 г., кога бугарските закони го дозволувале таквиот акт - старата династија немала веќе ниту еден машки наследник. Многу се документите кои покажуваат дека државата управувана од Самоил е Бугарија, за што се наведуваат неколку аргументи. Во Охрид, а не на друго место, оди по времето на Самоил од окупираниот од Византијците Преслав, бугарскиот патријарх и Охрид за долго време станува центар на бугарската патријаршија. Прашањето што се поставува е дали може престолнина на Бугарска патријаршија да биде во административната престолнина на туѓа држава? Сосема прабугарска е административната терминологија на државата - во Охрид има кавхан, ичиргубоил итн. За силен удар врз македонската теза за цар Самоил се смета неочекуваното откриениот голем натпис врз камен блок во Битола во 1956 г., кој според содржината стоел на влезот на заштитниот ѕид на средновековна Битола. Натписот е направен по заповед на цар Иван Владислав, внук и наследник на цар Самоил во 1016 г. (две години по смртта на цар Самоил). Во тој долг натпис Иван Владислав раскажува за победи и порази во војните со Византија и соопштува, дека е „Бугарин по род“ - „заштитник на сите Бугари" и дека тој ги направил заштитните sидови на Битола „за спас на Бугарите“. Но овој камен за нејзиниот датум уште не е чисто откриено, во самиот камен не е спомнат Владислав ниту Самоил, и според историчарот Хорас Лант датумот е можно да е во 1234 г., а не 1016 г.[25]

Научни погледи

уреди
 
Македонското царство на Царот Самоил, во Историскиот Атлас од 1886 година, на Германскиот историчар Јохан Густав Дројзен.[26]

Македонското царство на Царот Самоил, во Историскиот Атлас од 1886 година, на Германскиот историчар Јохан Густав Дројзен.

Според дел од западна историографија од почетокот на 21 век Самоиловото Царство e класифицирано поразлично од македонската и поранешната југословенска историографии. Помал број на извори го класифицираат царството како „бугарско“[27] но повеќе странски научници го класифицират Самоиловото Царство како средновековна држава, што не беше ниту македонска ниту бугарска.[28][29]

Околу прашањето за потеклото и карактерот на Самоиловото Царство во историската наука постоелe и сѐ уште постојат на голем број на дискусии и несогласувања. Преовладувале неколку теории. Тезата дека Самуил е владетел на Првото Бугарско Царство е отфрлена од едноставна причина што Византија го уништува Првото Бугарско Царство во 971 година, а тезата дека Роман бил крунисан за бугaрски цар е отфрлена бидејќи бил шкопен и според средновековната традиција не можел да носи царски назив [30][31]. Една од постарите хипотези е Дриновљевата теорија за Западно Бугарско Царство на Шишманови од 963 година но оваа теорија одамна е отфрлена како неточна. Откако оваа теорија била отфрлена во историската наука се спротивставиле две гледишта за Самоиловото Царство. Едната теза е застапувана од страна на бугарските научници и мал број на странски историчари. Според оваа теорија во 968 година од Симеоновото Царство се одвоило Западното бугарско Царство (Македонија) и според оваа хипотеза, тоа егзистирало покрај Источното Бугарско Царство кое било освоено од страна на Јован Цимиски додека пак западниот дел успеало да опстои и тоа станало јадрото на Самоиловото Царство. Другата гледна точка која се спротивставила на бугарските научници, најасано и најдетално била изложена од страна на Д. Анастасијевиќ, Хипотеза за Западното Бугарско Царство претставена во Гласник на скопското научно друштво 3 (1928) (L hipotese de la Bulgarie Occidentale Recueil Uspenskij I, 1930, 20 sg.). Според ова гледиште никогаш во историјата не постоела поделба на Западно и Источно Бугарско Царство, а Јован Цимиски го освоил целото Бугарско Царство и дури потоа во 976 година со востанието на Комитопулите против византиската власт и било созадено ново царство во Македонија. За карактерот на Самоиловото Царство, Острогорски истакнува:

Идеолошки, Самоиловото Царство било поврзано за старото Бугарско Царство, затоа и самите негови творци (Самуил и неговите наследници б.н) и Византија го нарекувале бугарско. Бидејќи традициите за царство и патријаршија, освен во Византија, постоеле уште само во Бугарија (се мисли само за Балканот б.н). Самуил ги прифатил тие традиции и го презел наследството на Симеоновото и Петровото Царство (Првото Бугарско Царство б.н), кое паднало под ударите на Византиците. Всушност неговото цартсво (на Самуил б.н) значајно се разликувало од Симеоновото и Петровото Царство. И по составот и по карактерот тоа било ново царство. Неговиот центар се преместило према југозапад и Македонија го сочинувало неговото јадро. Ако главниот цил на Самуил би бил воспоставување на строто Бугарско Царство, тој секако би се свртел кон бугарските земји и на прво место би се стремел да ги ослободи. Меѓутоа интересот на Самуил кон старите бугарски земји бил впечатливо мал. Во текот на сите негови борби во областите источно од Сердика играле изненадувачки скромна улога, така што изворите скоро и не ги спомнуваат. Ексапнзијата на Самоиловото Царство било пред сè свртено кон југ [31]

Во руската историографија, доминира тезата дека Самуил и неговото царство се бугарски, меѓутоа основите на овие тврдења се од субјективна причина. Имено, првата источнословенска или древноисточнословенска држава - Киевска Русија (која настанала на териториите на Украина, а опфаќала и територии од денешна Русија) оценуваат како почеток на руската државност и дел од историјата на рускиот народ, а самата држава се именува како древноруска, а не како древнословенска[32]. Овие ставови на руските историчари се во спротивност со ставовите на украинските историчари кои истакнуваат дека: "Киевска Русија е прва форма на украински државност." [33]. Отука ставовите на руските историчари се јасни, ако се признае посебоста на Самуил и неговото царство, руската историографија ќе треба да ги ревидира сопстевните ставови.

Српската историографија редовно, Самоиловото Царство го именува како царство на македонските Словени и го проучува заедно со останатите средновековни земји: Рашкa, Зетa, Травунијa, Захумје, Паганиja, Боснa, Дубровник и Српското деспотство во денешна Војводина. Во постарата српска литература има тенденција да се имплицира суштински српски карактер на Македонците преку изучувањето на Самоиловата држава [34]. Во поновата српска историографија доминира ставот дека Самоиловата држава настанала како резултат од востанието кренато од Комитопулите, синовите на кезот Никола, кое било прво, во низата од три словенски востанија против Византија во X и XI век [35].

Државни одлики

уреди
 
Карта на Византија по падот на Самоил.

Самоил имал круна (предадена од страна на римскиот папа Григориј V како „бугарска“), секретеријат и бирократија. Официјален јазик на Самоиловото Царство бил старословенскиот, иако како дипломатски јазик бил користен и грчкиот. Охридската архиепископија тој ја подигнал на степен на Патријаршија, а Охрид станал религиозен центар и главен град на царството.

За судството од тоа време не постојат посебни документи, освен дека самиот владетел бил врховен судија.

Македонска војска

уреди

Структура

уреди
 
Охридската тврдина

Самуиловата војска во почетокот била составена од војници од територијата на Македонија, а подоцна од војници од немакедонските територии кој биле вклучени во рамките на царството. Воениот кадар на кој главно се потпирал Самуил, го сочинувале луѓе со потекло од Македонија. Од нив најбројни биле слободните селани, потоа војните занаетчии и војници собрани од градовите. Војската се состоела од два основни рода: коњаница и пешадијата како најбројна. Пешадијата покрај специјално извежбаните војници ја сочинувале и машкото население кое било способно да војува. Кога се водела одбранбена војна посебно место и значење имала коњаницата. Главен командант на сета војска бил царот Самуил, а по неговата смрт и неговите наследници Гаврил Радомир и Јован Владислав. Според византиските извори, Самуил бил способен војсководач кој успешно и се спротивставувал на византиската војска. Најголемиот дел од војсководачите биле истовремено и управници на одделни македонски области. Некои од византиските извори овие управници ги нарекувале Филакс, каторхонт итн. Низ целото Самоилово Царство биле изградени градови и тврдини, а за тоа соопштува и Јован Скилица кој истакнува дека управителот Кракра на градот Перник кој носел титула Филакс на Василиј II му се предал со други 35 архонти - управници на тврдини. Во овие тврдини и градови биле сместени војските кои на повик на врховниот командант влегувале во акција.

Опрема и оружје

уреди

Пешадијата била опремена со штит кој имал елипсовидна и тркалезна форма и копје со знаменце и висулки. Таа била вооружена со мечеви и лакови за фрлање на стрeли. Таа имала труби и знамиња. Коњаницата била подобро опремена. Војниците биле облечени различно од зависност на социјалниот статус и носеле селска облека до најбогата опрема. На главата носелe шлемови, а поголемиот дел од телото им било покриено со железо.

Тактика и стратегија

уреди
 
Карта на темите во Византија во 1045 година, после паѓањето на Самоиловото Царство под византиска власт.

Самуил со помош на своите војсководачи и синот Гаврило Радомир успеал да собере голема војска и да изгрди борбена тактика со која можел да води успешни војни против Византија. Стратегијата која ја создал Самуил се сведувала на брз и изненаден напад врз Византија. Самуил и неговите војсководци го пуштале противникот да мине низ тесните долини, а на враќање во заседа го сочекувале и уништувале. Исто така, бил и усовршен системот на градење деми (прегради). Ваквата стратегија овозможила македонската војска долго да и се спротивставува на Византија.

Губење на независноста

уреди

По Битката кај Беласица во 1014 армијата под водство на царот Василиј II ја порази војската на Самоил при што 14.000 војници биле заробени, ослепени и пратени на Самоил. Глетката била премногу за Самоил кој се разболе и умре по три месеци, на 6 октомври 1014. По неговата смрт Самоил го наследува неговиот син Гаврило Радомир. Набрзо, тој ќе биде убиен од страна на неговиот братучед Јован Владислав, кој владее до 1018, кога и конечно Самоиловото Царство потпаѓа под византиска власт.

Наводи

уреди
  1. тема — „Македонија" основана je између 789. и 802. Њено име, с географс точке е нетачно, говори само о намери византијске владе да ову област користи као олскочну даску y обнављању праве Македоније која je тала још била y рукама Словена. Тема je обухватала срел',т-1гњи и западни део трачке равнице, главни град je био Адријанопољ, a други по важности Филипопољ. Димитри Оболенски ВИЗАНТИЈСКИ КОМОНВЕЛТ, Превела Ксенија Тодоровић, ПРОСВЕТА, БЕОГРАД 1996,
  2. Како Јован Скилица: [1]
  3. Како Летопис попа Дукљанина: [2]
  4. Како Јахија Антиохиски: [3]
  5. Крсте Петков Мисирков - За македонцките работи: Состауала, состауат и можит ли Македониiа да состауат од себе оддел‘на етнографцка и политична единица?
  6. Откако биле освоени граничните византиски земји, од времето на Симеон е изменета и воената концепција. Извршена е симбиоза помеѓу малубројните азиски Прабугари и бројните словенски племиња кои на широкиот простор од Дунав на север, до Егеја на југ и од Јадран на запад, до Црното Море на исток го прифатиле заедничкиот етникон „Бугари”. Словенскиот јазик станал заеднички за сите жители на тој простор. Прабугарите се претопиле и исчезнале во словенските маси... "Средновековни градови и тврдини во Македонија", Иван Микулчиќ (Македонска академија на науките и уметностите — Скопје, 1996) стр. 72.
  7. Who are the Macedonians? Hugh Poulton, C. Hurst & Co. Publishers, 2000, ISBN 1-85065-534-0, pp. 19-20.
  8. A short history of modern Bulgaria, R. J. Crampton, CUP Archive, 1987, ISBN 0521273234, p. 5.
  9. Око средине IX века велики део средње и јужне Македоније, око Охрид- « Photius, ep. 95, PG 102, 904—5.ског и Преспанског језера, где je углавном живело словен-ско становништво, припојен je бугарској држави. Македон-ски Словени су већ дуго били изложени утицају Византије који ce ширио од Солуна уз Вардар. Према томе, природно je претпоставити да су половином века неки већ били хриш-ћани. Вероватно je хришћанство и даље имало више обра-ћеника међу Словенима него међу Бугарима, Димитри Оболенски ВИЗАНТИЈСКИ КОМОНВЕЛТ Превела Ксенија Тодоровић ПРОСВЕТА - БЕОГРАД 1996.
  10. 10,0 10,1 10,2 Атанасовски & Саракински 2015, стр. 19.
  11. Атанасовски & Саракински 2015, стр. 19-20.
  12. Skylitzes, John; Wortley, John (2010). John Skylitzes: A Synopsis of Byzantine History, 811–1057: Translation and Notes (англиски). Cambridge University Press. стр. 246. ISBN 9781139489157.
  13. 13,0 13,1 Атанасовски & Саракински 2015, стр. 20.
  14. Атанасовски & Саракински 2015, стр. 21.
  15. Атанасовски & Саракински 2015, стр. 23.
  16. 16,0 16,1 Атанасовски & Саракински 2015, стр. 24.
  17. Атанасовски & Саракински 2015, стр. 25.
  18. На капијама града y суерет су му изашли највиши достојанственици цркве и Царства, певајући химне y славу цара, и пружили му круну и схиптар од злата и драгог камен>а. На позлаћеним кочија-ма y четворопрегу y којима ce иначе вози цар, била je икова Богородице коју je он лично донео мз Бугароке, a испод ње лежале су одоре и дијадеме бугарских царева. Док je поворка улазила y град, иза кочија јахао je цар на белцу, окићен свим царским обележјима, a иза њега je пе-шлце ишао бугарски цар, Борис II, којег je ЦЈ«ИИСК заро-био y Преславу. У цркви Св. Софије византијски цар по-ложио je сјајну круну Бугарске на високи олтар, нао зна-мење првог ратног плена и захвалности. Онда je, пред са-купљеном гомилом y главном броду цркве, наредио бу-гарском цару да скине своја владарска обележ;ја и доде-лио му виз^антијску дворску титулу магистра. Само током једне године (971) Јован Цимиск постигао je војни тријумф којем нема премца y средњовековним - аналима Балкана. Уклонио je руеку опасност која je угрож:авала опстанак Визан1-ије y Евроли, поново утврдио северну границу на Дунаву и повратио теритарију коју су Аспарухови Бугари одузели од Византије још пре три века. За време овог суровог рата Бугари су беспомоћно гледали две највеће војне силе источне Европе како ce боре око шихове земље. Димитри Оболенски ВИЗАНТИЈСКИ КОМОНВЕЛТ Превела Ксенија Тодоровић ПРОСВЕТА - БЕОГРАД 1996
  19. На западу, y брдима и изолованим доли-нама Македоније, где ни Руси ни Византинци нису крочили за време рата, царска власт je била углавном номинална, па je и дал>е живела политичка традиција свргнуте бугар-ске државе. И управо на том месту су после Цимискове смрти 976. године четворица синова једног локалног ма-кедонског управитеља подигла побуњанички барјак. Нај-Ахлађи Самуило, искористио je грађанеки рат y Византији који je избио после омрти Јована Цимиока, и полако изгра-дио државу чији je главни град најпре био на Преспаноком језеру, a потом y Охриду. До краја века ова држава про-ширила ce на већи део пређашње бугарске територије из-међу Црног ,и Јадранског мора, уз Србију све до доњег тока Саве, Албаније, јужне Македоније, Тесалије и Епира
  20. "Славинија-Бугарија" -ГИБИ, т. 7.стр. 17
  21. 21,0 21,1 "Славинија-Бугарија" -ГИБИ, т. 7.стр. 115
  22. "Славинија-Бугарија" -ГИБИ, т. 7.стр. 116
  23. "Славинија-Бугарија" -ГИБИ, т. 7.стр. 160
  24. Ватикански ракопис од XIV век
  25. Horace G. Lunt, "Slavic Review", Vol. 31, No. 2 (Jun., 1972), p. 499.
  26. AncientHistoryWorks, Droysen's Historical Atlas 1886
  27. Britannica Online 2014 edition.
  28. Historical Dictionary of the Republic of Macedonia, Dimitar Bechev, Scarecrow Press, 2009, ISBN 0810862956, p. 194.
  29. Historical Dictionary of Bulgaria, Raymond Detrez, Scarecrow Press, Incorporated, 2006, ISBN 0810849011, p. 231.
  30. Runciman, Bulgarian Empire, 221
  31. 31,0 31,1 Георгије Острогорски, Историја на Византија, Народна Књига Алфа, 1998.
  32. Русия води началото си от Киевска Рус, която е първото държавно образувание на територията на днешна Русия.
  33. Довідник для підготовки до зовнішнього незалежного оцінювання з історії України. 2010.
  34. Историја Срба, Владимира Ћоровића
  35. Самоилово Царство

Литература

уреди
  • Атанасовски, Александар; Саракински, Војислав (2015), „Кои биле Комитопулите и од кого „отпаднале"?“, Самуиловата држава во историската, воено-политичката, духовната и културната традиција на Македонија, Завод за заштита на спомениците на културата и музеј - Струмица, стр. 13–26

Надворешни врски

уреди