Македонска Славинија

Оваа статија се однесува на кралството Македонска Славинија. За регионот во централна-северна Европа видете Славинија.

Македонска Славинија е првата држава на македонските Словени и воопшто, прва словенска држава во светот, создадена во 7 век.[1] Таа настанала со здружување на македонските склавиниикнежевства: Берзити, Вајунити, Драговити, Ринхини, Сагудати, Смолјани и Струмјани.

Опис Уреди

Повеќе византиски летописци даваат опис на Славинија и ја спомнуваат во своите хроники. Византискиот летописец Теофан Исповедник опишува настан кога Византија организирала поход против државите Бугарија и Славинија[2]. Македонската Славинија била напаѓана како од Византија, така и од Бугарија. Георги Монах зборува за пакоста на бугарскиот хан Пресијан што ја направил врз Славинија, кога Тома Славјанинот кренал бунт против Византија, таа ги замолила Бугарите да го задушат бунтот на Македонската Славинија; „реки крв“ потекле од убиствата на Бугарите што ги извршиле врз жителите на Македонска Славинија, известува средновековниот хронист Георги Монах.[3]

Натписи Уреди

Во Егејска Македонија, во градот Филипи, пронајден е запис на бугарскиот хан Пресијан од 837 година, кој гласи: „Пресијан од Бога владетел на многу Бугари, го испрати кавханот Исбул после давањето на војска нему и на боилот Коловур против Смолјаните.[4]

На друг средновековен бугарски споменик, напишан на варовна плоча од 9 век, стои: хан Омуртаг ја поведе својата војска против Грци и Словени ...да го гази императорот.... додека тече реката Тича.[5]

Владетели Уреди

На чело на Македонската Славинија познати се 2 крала, крал Хацон и крал Пребонд кои носеле латинска титула rex. Нивните имиња се латински, што може да укажува на фактот дека потекнувале од античкото македонско население кое било романизирано за време на римската окупација на Македонија.

Уништување Уреди

Од крајот на 8 век, Византија ја уништува Македонската Славинија и државата ја разделува на кнежевства – склавинии. Тогаш, склавиниите биле должни да плаќаат данок на Византија, но ја задржале внатрешната самоуправа, аристократијата и кнезовите. Во 9 век, поголемиот дел од Македонија потпаѓа под бугарска власт. И под власта на Бугарите, македонските склавинии ја задржале внатрешната самоуправа, а на Бугарите биле должни да плаќаат данок[6][7][8]. Тоа многу убаво го обајснува средновековниот македонски автор Јоан (Иван) Камениатес кој вели дека дел од македонските склавинии плаќаат данок на градот Солун (Византија), а дел на Скитите (Бугарите), но имале кнезови кои одлучувале самостојно за внатрешните работи на кнежевствата и давањето воена помош на принципалот Византија или Бугарија[9]. Вазалноста на македонските склавинии од Бугарија и Византија може да се спореди со вазалниот однос на Република Рагуза (Дубровник) кон Турција, на која и плаќала данок, а за возврат си ја задржала својата внатрешна автономија. Македонскиот проф. Иван Микулчиќ тврди дека од времето на Цар Симеон I (893-927) словенските племиња на широкиот простор од Дунав на север, до Егеја на југ и од Јадран на запад, до Црното Море на исток, го прифатиле заедничкиот етникон „Бугари”.[10]

Извори Уреди

  1. Theophanes, Chronographia, edited by Carolus de Boor (Leipzig, 1883), I, стр. 34
  2. Теофанес, Хронографија, уредена од Карол де Бор (Лајпциг, 1883), I, стр. 347, Теофанес, стр. 557
  3. "История на българската държава през средните векове", том I, София, 1970 г. стр. 41
  4. Державин, Н.С. Историја на Бугарија. Том І, с.213, цитат по Георги Радуле: Кой фалшифицира историята?
  5. Първобългарски надписи, Веселин Бешевлиев, Софија, 1979, БАН, стр. 129-130.
  6. Joannes Cameniata, De excidio Thessalonicensi, cap. 6
  7. Theophanis Contin., ed. Bon., p. 498. T. Tafel
  8. De Thessalonica eiusque argo, Berolini, 1839, p. LXXVII — LXXVIII, et p. 252
  9. L. Niederle, 425—428
  10. Средновековни градови и тврдини во Македонија, Иван Микулчиќ (Македонска академија на науките и уметностите — Скопје, 1996) стр. 72.