Јован Владислав
Јован Владислав или Иван Владислав — македонски цар на Самоиловото Царство од 1015 до 1018 година.[1]
Тој е син е на Арон, братот на Самуил. Кога Самоил наредува да се убие целото семејство на Арон, по инсистирање на Гаврил Радомир, Јован Владислав е единствениот што е поштеден.
На чело на Самоиловото Царство доаѓа откако во август 1015 година при лов подмолно го убива тогашниот владетел Гаврил Радомир. Според Јован Скилица, при тоа ја земa за жена женатa на Гаврил Радомир, Ирина Лариска, и го ослепува нивниот најстар син. Покрај тоа, гледајќи претендент за престолот во Самоиловиот зет и владетел на Дукља, Јован Владимир, го намамува да дојде во Преспа и наредува подмолно да се убие на 22 мај 1016 година.
Иако Владислав номинално ја признал власта на Византија, набргу дошло до разидување меѓу двата владетели и војската на Василиј II во 1016 година ја пустоши Пелагонија, ги опседнува Струмица и Перник и освојува неколку тврдини. Во февруари 1018 Joван Владислав бил убиен при опсадата на Драч, а неговата вдовица Ирина Лариска, со децата и соработниците им се предале на Василиј II. Со тоа Државата на Самуил престанала да постои.
Во Бугарија Јован Владислав се смета за бугарски цар.
Натписот на Јован Владислав
уредиНатпис врз плочата на цар Јован Владислав, според читањето на Заимов, кое не е општо прифатено, бидејќи тие реставрираат 13ти ред од текстот (кој воопшто не постои,а кој со последните истражувања на Костиќ и Веленис докажано е дека таков 13 најгорен ред на плочата воопшто не ни можел да постои)[2], како и целиот оштетен дел. Мошин иако се согласува со датирањето (тој напоменува дека годината е излижана од натписот)[3], тој не се согласува со презентираниот текст од Заимови и има објавено свое дешифрирање на овој текст. Хорас Лант[4] дури ги критикува за нивниот наивен пристап, со кој тие сакаат да прикажат што сакаат да видат на плочата, а не што навистина е напишано. Роберт Матисен исто така, го критикува нивниот пристап кон овој натпис и ја поткрепува тезата на Хорас Лант дека, датирањето е сепак 13 век.[5].
Овој измислен текст од страна на Заимови би требало да гласи:
„Во 6523 година од сотворението на светот се обнови таа крепост sидана и правена од Јован самодржец Болгарски и со помошта и со молитвите на пресветата владичица наша Богородица и застопувањето на врховните апостоли таа крепост беше направена за убежиште и за спасување и за животот на Болгарите. Започната беше крепостта Битола во месец октомври во 20 ден, а се заврши во месец ... во крај. Тој самодржец беше Болгарин по род внука на Никола и Рипсимија благоверните, син на Арон, кој е брат на Самуил цар самодржавен и кој двајцата ја разбија во Штипон грчката војска на Цар Василиј каде беше земено злато ... а този в ... цар бидува разбиен од Цар Василиј во 6522 година од сотворението на светот во Клуч и почина во крај на летото."
Според професорот Хораце Лунт од универзитетот Харвард, таа е од времето на бугарскиот цар Иван Асен II, околу 1230 година. Натписот се чува во Историскиот музеј во Битола.
Извори
уреди- ↑ Самуило је избегавао битке са постројеним војскама; коначно, ипак, његове трупе бише потучене у кланцу Кимвалонгу, на путу измећу Сереза (Сер) и Мелника (29 јула 1014 г.). Цар није преживео овај пораз; он умре нешто мало касније (15 септембра 1014 г.). То је био крај македонског словенског царства. Наследници великог македонског цара продужише још четири године борбу, отимајући се у исто време о престо Архивирано на 9 февруари 2009 г.
- ↑ Proceedings of the 23rd International Congress of Byzantine Studies. Белград: The Serbian National Committee of AIEB and the contributors 2016. 2016. стр. 128. ISBN 978-86-83883-23-3. Архивирано од изворникот на 2022-04-01. Посетено на 2020-12-31. На
|first=
му недостасува|last=
(help) - ↑ Мошин, Владимир. Битољска плоча из 1017. год. // Македонски јазик, ХVІІ, Скопје, 1966, с. 51-61.
- ↑ Horace G. Lunt, "Slavic Review", Vol. 31, No. 2 (Jun., 1972), p. 499.
- ↑ Mathiesen, R. The Importance of the Bitola Inscription for Cyrilic Paleography // The Slavic and East European Journal, 21, Bloomington, 1977, 1, pp. 1-2.
Претходник Гаврил Радомир |
Цар на Самоиловото Царство 1015–1018 |
Пресијан II |