Арон (комитопул)
Арон (10 век) ― комитопул, брат на Цар Самоил, трет син на комесот Никола.[1]
Учествувал во отрфлањето на бугарската врховна власт (969 година) од страна на комитопулите во југозападна Македонија и во востанието против Византија (976 година). Се борел и во Битката кај Трајановата Врата (Ихтиман) во 986 година, а заедно со Самоил и во многу други воени потфати, со цел да ги прошират државните територии. По Битката кај Трајановата Врата, дошло до меѓусебни несогласувања, кои не се целосно познати. Според Скилица, Арон бил настроен провизантиски и настојувал да ја приграби сета власт во државата. По наредба на Самоил, бил убиен во околината на Раметаница, а заедно со него била ликвидирана речиси целата негова фамилија, освен неговиот син Јован Владислав.[1][2]
Семејно дрво
уреди
Комита Никола | Рипсимија од Ерменија | ||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
Арон | Мојсеј | Давид | Цар Самоил | Агата | |||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
Јован Владислав | Теодора Косара | Мирослав | Ирена | Гаврил Радомир | Унгарска принцеза | ||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
неколку синови и ќерки | Петар Делјан | ||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
Наводи
уреди- ↑ 1,0 1,1 Македонски историски речник. Скопје: ИНИ. 2000. стр. 44. ISBN 9989-624-46-1. На
|first=
му недостасува|last=
(help) - ↑ Личности од Македонија. Скопје: МИ-АН. 2002. стр. 28. ISBN 9989-613-28-1. На
|first=
му недостасува|last=
(help)