Михаил Аталијат
Михаил Аталијат (11 век) ― византиски историчар од градот Аталија во Мала Азија.[1]
Бил образуван и воспитуван во класичен дух. По доаѓањето во Цариград, направил добра кариера во византиската администрација. Го напишал делото „Историја“, во кое ги опишал настаните од 1034 до 1078 година, а на крајот во делото раскажува и за победата на византиската војска врз Самоил, во Битката кај Беласица (1014 година). Претставува важен извор за средновековната историја на македонскиот народ, особено за востанието на Петар Делјан (1040-1041 година), за навлегуввањето на Печенезите и Узите во Македонија, кон средината на 11 век, за Беласичката битка и смртта на Самоил, како и за Самоил Алусијан, внук на царот Јован Владислав.[1]
Наводи
уреди- ↑ 1,0 1,1 Македонски историски речник. Скопје: ИНИ. 2000. стр. 49–50. ISBN 9989-624-46-1. На
|first=
му недостасува|last=
(help)