Уредувачки натпревар на тема
„Ракомет“

 

од 1 до 31 декември 2019 година

 

Уредувачки натпревар на тема „Ракомет“ — проект на здружението на граѓани „Споделено знаење“ и Википедија на македонски јазик, кој има за цел да помогне во подобрување на постоечките и создавање на нови статии на тема „Ракомет“.

Натпреварот почнува на 1 декември 2019 г. во 00:00 ч. и завршува на 31 декември 2019 г. во 23:59 ч. по македонско време.

Доколку сте заинтересирани за учество, пријавете се подолу (со напатствија).

Учесниците во рамките на натпреварот се поттикнуваат да уредуваат постојни статии, но и да создаваат нови статии и предлошки, поврзани со ракометот (женски/машки). Се прифаќаат статии за спортисти, клубови, првенства, за улоги во ракометот и слично.

Сите статии треба да бидат напишани во склад со начелата и правилата на Википедија, па така сите статии треба да бидат напишани на енциклопедиски стил и да имаат извори. При уредување на натпреварот или по завршувањето на истиот, сите учесници треба да се запишат со кои статии учествувале.

Статиите ќе ги прегледува оценувачки одбор, кое ќе биде составено од тројца википедијанци кои не можат да учествуваат на натпреварот. Оценувачкиот одбор ќе ја донесе конечната одлука за победникот.

Членовите на оценувачкиот одбот ќе ги прегледаат сите статии и секоја ќе ја бодуваат поединечно со бодови од 1 до 10.

Член на оценувачкиот одбор може да даде и оцена 0 доколку смета дека статијата воопшто не ги задоволува условите на натпреварот (на пример, да биде создадена нова страница, или правење ситни подобрувања на некоја статија). На натпреварот не се признаваат статии напишани автоматски, односно со помош на бот.

Победникот на натпреварот ќе биде учесникот кој ќе собере најмногу бодови, како и ќе напише статии подобни за другите награди, кои ќе се бодуваат засебно.

Во натпреварот имаат можност да учествуваат сите регистрирани корисници на Википедија на македонски јазик освен членовите на оценувачкиот одбор, а за најдобрите учесници се обезбедени награди.

Список на натпреварувачи уреди

Евиденција

Додајте го своето име доколку сакате да учествувате, користејќи тараба и четири тилди (~). Воедно, пријавете и на страницата „Евиденција“ наведена погоре, каде што ќе создадете и своја лична страница за следење на Вашите придонеси.

  1. --Dandarmkd (разговор) 19:29, 30 ноември 2019 (CET)[одговори]
  2. --Тиверополник 22:44, 30 ноември 2019 (CET)
  3. --Carshalton 19:27, 2 декември 2019 (CET)[одговори]
  4. Kalan Wiki (разговор) 16:52, 8 декември 2019 (CET)[одговори]
  5. --П. Неделковски 21:36, 12 декември 2019 (CET)

Членови на жирито уреди

  1. Kiril Simeonovski (Ж1)
  2. Ehrlich91 (Ж2)
  3. Инокентиј (Ж3)
  • Станете член на жирито за следните уредувачки натпревари, преку испраќање порака на корисникот Ehrlich91.

Материјали за користење уреди

Може да се користат преводи, но се препорачува користење на извори на македонски јазик, односно истражување од македонските мрежни страници и нивно наведување во статиите.

Награди уреди

Наградите за овој натпревар се предвидени да бидат вредносни купони за спортска опрема. Наградите ќе бидат купени по завршувањето на уредувачкиот натпревар во вид на ваучери од продавница со седиште во Македонија. Доколку сакате ваучер од специфична продавница, наведете по завршувањето или за време на траењето на натпреварот. Одбраните корисници на наградите треба да си ги подигнат наградите во просториите на Споделено знаење, во зградата на Сивус Бизнис Инкубатор во Скопје.

На натпреварот ќе се доделат три награди за најдобрите тројца уредници, кои ќе бидат прогласени по оценувањето на статиите од страна на жири-комисијата.

Награда ќе биде доделена и за најдобрата статија, која исто така ќе биде прогласена од страна на жири-комисијата.

Посебна награда ќе биде доделена за корисникот кој ќе подобри „најмалку 15 постоечки статии на зададената тема“ (предвид се земаат сите статии што ќе бидат оценети со просечна оценка од најмалку 3,0 од страна на членовите на жири-комисијата).

Секој учесник има право на најмногу две награди во сите категории.

Важно: За да се освои било која награда, потребно е да се создадат или подобрат најмалку 10 статии!

I награда уреди

Вредносен купон во вредност од 12.000 денари.

II награда уреди

Вредносен купон во вредност од 6.000 денари.

III награда уреди

Вредносен купон во вредност од 3.000 денари.

Награда за најдобра статија уреди

Вредносен купон во вредност од 5.000 денари.

Посебна награда уреди

Вредносен купон во вредност од 9.000 денари.

Резултати уреди

Списокот на оценети статии е достапен на страницата со евиденција. Во табелата во продолжение се рангирани учесниците врз основа на збирниот резултат на оценките доделени од страна на членовите на жири-комисијата.

Број Корисник Збирен резултат
1 Тиверополник 1.400
2 Dandarmkd 416
3 Carshalton 320
4 P.Nedelkovski 43
5 Kalan Wiki 29
6 ErinaNajdovska84 3
Награда за најдобра статија
Посебна награда