Уредувачки натпревар „СИЕ Пролет 2018“

 

од 21 март до 31 мај 2018 година

 

Уредувачки натпревар „СИЕ Пролет 2018“ или само СИЕ Пролет 2018 — проект на здружението на граѓани „Споделено знаење“, Википедија на македонски јазик и сите заедници во Средна и Источна Европа, кој има за цел да помогне во подобрување на постоечките и создавање на нови статии на различни теми од сите држави во рамките на регионот Средна и Источна Европа (СИЕ).

Натпреварот почнува на 21 март 2018 г. во 00:00 ч. и завршува на 31 мај 2018 г. во 23:59 ч. по македонско време.

Доколку сте заинтересирани за учество, пријавете се подолу (со напатствија).

Учесниците во рамките на натпреварот треба да уредуваат статии кои се предложени во рамките на долунаведените списоци по земја од областа Средна и Источна Европа. Секоја од создадените или проширените статии ве молиме обележувајте ги со предлошката СИЕ Пролет 2018 ({{СИЕ Пролет 2018}}) на страниците од разговор. Доколку имате некои прашања, поставете ги на страницата за разговор на истава страница, при што ќе бидат одговорени од нашите корисници.

Сите статии треба да бидат напишани во склад со начелата и правилата на Википедија, па така сите статии треба да бидат напишани на енциклопедиски стил и да имаат извори. При уредување на натпреварот или по завршувањето на истиот, сите учесници треба да се запишат со кои статии учествувале.

Статиите ќе ги прегледува жири-комисија, која ќе биде составено од тројца википедијанци кои не можат да учествуваат на натпреварот. Жири-комисијата ќе ја донесе конечната одлука за победникот.

Членовите на жирито ќе ги прегледаат сите статии и секоја ќе ја бодуваат поединечно со бодови од 1 до 10.

Член на жири-комисијата може да даде и оцена 0 доколку смета дека статијата воопшто не ги задоволува условите на натпреварот (на пример, да има различна тема од зададената). На натпреварот не влегуваат статии напишани за Македонија од страна на македонските уредници, односно пријавените уредници треба да пишуваат за статии од предложените списоци по земја (зададени подолу). На натпреварот не се признаваат статии напишани автоматски, односно со помош на бот.

Покрај пишувањето на нови статии, учесниците имаат прилика и значајно да прошират постоечка статија (никулец), при што жири-комисијата ќе оценува колкав е новиот дел и бодовите ќе бидат доделени за тој дел.

Победникот на натпреварот ќе биде учесникот кој ќе собере најмногу бодови.

Во натпреварот имаат можност да учествуваат сите регистрирани корисници на Википедија на македонски јазик освен членовите на жири-комисијата, а за најдобрите учесници се обезбедени награди.

Список на натпреварувачи уреди

Евиденција
  1. Тивер
  2. Uvtarex
  3. 19user99
  4. Б. Јанкулоски
  5. BlueEagle1
  6. П.Неделковски
  7. PowerBUL
  8. Бла, бла, бла

Додајте го своето име доколку сакате да учествувате, користејќи тараба и четири тилди (~). Воедно, пријавете и на страницата „Евиденција“ наведена погоре, каде што ќе создадете и своја лична страница за следење на Вашите придонеси.

Предлози за статии уреди



Материјали уреди

Корисниците може да користат свои материјали поврзани со земјите од областа на Средна и Источна Европа, другите јазични изданија и особено Википедијата од која и потекнува самиот предмет/објект за кој се пишува статијата.

Членови на жири-комисија уреди

  1. Kiril Simeonovski (Ж1)
  2. Ehrlich91 (Ж2)
  3. Македонец (Ж3)
  • Станете член на жири-комисијата за следните уредувачки натпревари, преку испраќање порака на корисникот Ehrlich91.

Награди уреди

Наградите за овој натпревар се предвидени да бидат вредносни купони за техничка стока. Наградите ќе бидат купени по завршувањето на уредувачкиот натпревар во вид на ваучери од продавница со седиште во Република Македонија. Доколку сакате ваучер од специфична продавница или книжарница, ве молам наведете ни, по завршувањето или за време на траењето на натпреварот. Одбраните корисници на наградите треба да си ги подигнат наградите во просториите на Споделено знаење, во зградата на Сивус Бизнис Инкубатор.

На натпреварот ќе се доделат три награди за најдобрите тројца уредници, кои ќе бидат прогласени по оценувањето на статиите од страна на жири-комисијата.

Награда ќе биде доделена и за најдобрата статија, која исто така ќе биде прогласена од страна на жири-комисијата.

Ќе бидат доделени и следниве награди:

  • „најдобар постоечки корисник“: награда која ќе се додели на корисник со регистрирана корисничка сметка пред почетокот на натпреварот и кој претходно не учествувал на овој регионален уредувачки натпревар организиран во овој формат (во 2015, 2016 и 2017 година);
  • „најдобар нов корисник“: награда која ќе се додели на корисник со регистрирана корисничка сметка по почетокот на натпреварот;
  • „најмногу нови статии“: награда која ќе биде доделена на корисник, кој ќе создаде најмногу нови статии од сите предложени списоци на земјите кои учествуваат во натпреварот; и
  • „најмногу уредени статии од различни земји“: награда која ќе биде доделена на корисник, кој ќе уреди (создаде или подобри) статии за најмногу различни земји кои учествуваат во натпреварот.

Секој учесник има право на најмногу две награди во сите категории.

За да може некој учесник да добие награда во некоја од категориите, мора да има напишано/подобрено најмалку 7 статии од списоците на другите учесници во натпреварот и истите да бидат оценети со просечна оценка од најмалку 2,0 од страна на членовите на жири-комисијата).

I награда уреди

Вредносен купон во вредност од 10.000 денари.

II награда уреди

Вредносен купон во вредност од 5.000 денари.

III награда уреди

Вредносен купон во вредност од 3.000 денари.

Награда за најдобра статија уреди

Вредносен купон во вредност од 4.000 денари.

Награда за најдобар постоечки корисник уреди

Вредносен купон во вредност од 2.000 денари за најдобар постоечки корисник, кој претходно не учествувал на уредувачките натпревари „СИЕ Пролет“.

Награда за најдобар нов корисник уреди

Вредносен купон во вредност од 1.000 денари за најдобар нов корисник.

Награда за најмногу нови статии уреди

Вредносен купон во вредност од 3.000 денари за најмногу напишани нови статии кои претходно не постоеле на Википедија на македонски јазик.

Награда за најмногу уредени статии уреди

Вредносен купон во вредност од 3.000 денари за најмногу уредени статии од различни земји-учеснички на натпреварот.

Резултати уреди

Списокот на оценети статии е достапен на страницата со евиденција. Во табелата во продолжение се рангирани учесниците врз основа на збирниот резултат на оценките доделени од страна на членовите на жири-комисијата.

Број Корисник Збирен резултат
1 Тиверополник 971
2 Uvtarex 584
3 19user99 522
4 BlueEagle1 170
5 Bjankuloski06 156
6 P.Nedelkovski 139
7 PowerBUL 2
8 Бла, бла, бла 0
Награда за најдобар постоечки корисник
Награда за најдобар нов корисник
  • Наградата не е доделена.
Награда за најдобра статија
Најмногу нови статии
  • Тиверополник со 91 создадена нова статија (истата не е доделена, поради надминување на број на награди по корисник).
Најмногу уредени статии
  • 19user99 со 62 уредени статии за 31 различна земја учесничка.