Важно: Внимателно прочитајте ја статијата, доколку забележите дека има нешто што би можеле да го промените, променете го! Ако имате предлог за тоа каде треба да се подобри статијата, слободно искажете го! Гласот „За“ дадете го само ако утврдите дека статијата навистина ги исполнува критериумите за избрана статија.
Како да гласам за овој предлог?
Гласањето се одвива така што секој може да остави свој глас {{за}} ( ), {{против}} ( ) или {{воздржан}} ( ), како и свое мислење преку {{коментар}} ( ), користејќи ги за сето ова соодветните предлошки. Само гласовите од утврдените корисници ќе бидат земени предвид при сумирањето на резултатите. Гласањето завршува една недела по предлогот.
Понекогаш, некоја статија и со доволно гласови {{За}} може да не биде избрана доколку така одлучи заедницата (Видете: Википедија:Занемарете ги сите правила). Бидејќи предложените статии претставуваат нечиј труд, се замолува секој оној којшто сака да гласа {{Против}}, да го поткрепи својот глас со соодветни аргументи, кои ќе помогнат статијата да биде подобрена.
Оноре де Балзак (1799-1850) — француски писател на романи и драми. За негово капитално дело се смета збирката романи Човечка комедија, која раскажува за животот во Франција по заминувањето на Наполеон. Се смета за еден од предводниците на реализмот во европската литература, поради портретирањето на општеството такво какво е, и ликовите кои имале сложен морален фоторобот. Дури и споредните ликови биле карактерно повеќеслојни, со етички двојби, и целосно очовечени. Неговите дела влијеале врз многу писатели, како Емил Зола, Чарлс Дикенс, Гистав Флобер, Хенри Џејмс и филозофот Фридрих Енгелс. Многу од романите на Балзак биле филмски преработени.
Иако бил љубител на книгите како дете, имал проблеми со помнење на лекциите на училиште. По завршување на факултет, работел како приправник во адвокатска канцеларија, но се откажал од правото бидејќи ја сметал таа професија за премногу рутинирана и нечовечна. Пред да стане писател, се обидел како издавач, печатар, новинар, и литературен критичар, но безуспешно. Дел од неговото животно искуство е вклучено во Човечката комедија. Балзак често имал здравствени проблеми, најверојатно поради постојаната работа врз романите. Односите со семејсвото му биле затегнати поради лични и финансиски проблеми. Во 1850 се оженил со полската грофица Евелина Ханска, а починал пет месеци подоцна. (Дознајте повеќе...)
Да, во прво си, Кирил ... Една од причините поради која гласам против е поради тоа што статијата е вклучена во натпреварот за Француска книжевност, каде една од наградите се вика Награда за најдобра статија. Бидејќи натпреварот сè уште трае, не треба да се избира статијата да оди на главна (без разлика што ќе биде или нема да биде ставена по крајот на натпреварот), и можеби истата ќе биде разработена дополнително од некој друг корисник. По крајот на натпреварот, оваа статија треба да биде прогласена за најдобра, па откако ќе биде прогласена за најдобра, дури тогаш може да оди на гласање. Барем тоа јас така го разбирам... Од друга страна, коментарот на Ehrlich91 е сосема на место. Не можеме да избереме статија за писател како Балзак, (па макар била и за било кој друг) со толкава содржина. Не дека не сме избирале статија и со помала содржина од онаа што е во моментот за Балзак, но според мое убедување статиите кои одат на главна треба да бидат можеби 95% завршени преку целосно опфаќање на темата, или попросто кажано, целосно преведени од англиската (најчесто). За ова можеби сега некој ќе напише дека си измислувам некои нови мои правила, но тоа е единствено поради тоа што сакам на Википедија да создаваат поопширни статии. --Тиверополник 13:15, 17 јануари 2017 (CET)
Коментар: Да се произнесам по двата аргументи на Тиверополник. Прва работа, должината на статијата не е критетиум дали ќе биде избрана или не, туку дали темата е целосно опфатена и дали се користени повеќе извори на информации. Пример за неполна и недоволно истражена FA статија е Византија, која има безброј празни под-наслови, што не е случај со Балзак. Втора работа, ова гласање и вики натпреварот се потполно различни работи, а ако веќе влечеме паралели, јас и Тиверополник треба да бидеме исклучени од гласањето бидејќи има судир на интереси (тој да го бутне предлогот, јас да пројде).--Retrohead (разговор) 13:36, 17 јануари 2017 (CET)[одговори]
Retrohead, во врска со првата твоја констатација, должината знам дека не е критериум за тоа дали ќе биде или нема да биде избрана статијата, нешто слично и јас во мојот коментар кажав, но едноставно мое мислење е дека оваа статија треба уште малку да се подобри за да оди на главна. Јас никаде не пишувам дека немаш вложено труд во статијата. Во врска со твојот втор коментар, знам доволно дека се две различни работи, но зошто сега да оди на главна кога е вклучена во натпреварот. Кога истиот ќе заврши, бидејќи истата статија е на некој начин номинирана за најдобра во натпреварот, тогаш нека се оди на гласење за на главна. И како трето, зошто да бидеме исклучени од гласањето??? Едноставно не разбирам зошто треба сите да мислиме на еден ист начин! На сите корисници им е дозволено да си го кажат своето мислење, а тоа што ќе се одлучи понатаму е работа на гласачите. До сите останати корисници кои мислат исто како Retrohead, доколку сметате дека мојот глас против е причина статијата да не биде изгласена, од моја страна истиот глас ќе биде избришен. И за на крај, до сите кои гласаат или се вклучени во дискусијата, почитувани, немаме потреба од такви долги дискусии, бидејќи си го губиме времето по глупости. Истите треба да ги пренесиме во Селската чешма, каде Кирил има отворено слични теми.--Тиверополник 14:53, 17 јануари 2017 (CET)
@Тиверополник и Retrohead: Ќе се обидам да ви дадам збирен одговор и на двајцата. Прво, не постои ограничување за тоа дека не смее да се предложуваат статии со кои се учествува во уредувачки натпревар кој е во тек за избрани. Второ, не постои ниту ограничување за тоа дека учесниците во уредувачкиот натпревар не смеат да учествуваат во дискусијата и гласањето за статија со која се учествува во натпреварот за избрана. Трето, во случај статијата да биде прогласена за избрана, тоа не ѝ дава предност во изборот за најдобра статија на натпреварот. Во образложението за наградата, коешто денес го променив за да се избегне погрешно толкување, беше направена само споредба дека најдобрата статија треба да биде на ниво на „избрана статија“. Четврто, ако некој смета дека статијата „Византија“ не го заслужува статусот на избрана статија, слободно може истата да ја предложи за ревизија (впрочем, јас тоа веќе го направив). Страницава е кандидатура за статијата „Оноре де Балзак“ и дискусијата е потребно да се задржи само на неа. Петто, процесот за прогласување на избрани статии не е идеален и секогаш се можни подобрувања. За таа цел, вчера на селската чешма дадов неколку предлози за појаснување на правилата за гласање за повеќе работи. Му благодарам на Тиверополник што укажа на гласањето.--Kiril Simeonovski (разговор) 16:26, 17 јануари 2017 (CET)[одговори]
--Ehrlich91 (разговор) 20:55, 16 јануари 2017 (CET) Иако статијата изобилува со содржина, сепак земајќи го предвид името на писателот, сметам дека за да биде избрана статија, мора да биде поголема и поопфатна во секој можен поглед. --Ehrlich91 (разговор) 20:55, 16 јануари 2017 (CET)[одговори]