Википедија:Уредувачки натпревари/Автомобили
„Автомобили“ од 20 септември до 19 октомври 2019 година Уредувачки натпревар на тема „Автомобили“ — проект на здружението на граѓани „Споделено знаење“ и Википедија на македонски јазик, кој има за цел да помогне во подобрување на постоечките и создавање на нови статии на тема „Временски периоди“. Натпреварот почнува на 20 септември 2019 г. во 00:00 ч. и завршува на 19 октомври 2019 г. во 23:59 ч. по македонско време. Доколку сте заинтересирани за учество, пријавете се подолу (со напатствија). Учесниците во рамките на натпреварот треба да уредуваат постојни статии, но и да создаваат нови статии и предлошки, поврзани со автомобилските модели. Се прифаќаат статии единствено за автомобилските модели („марки“), како што се Рено (Клио, Меган, Твинго, итн.), Хонда (Акорд, Фит/Џез, итн.) и слично. Сите статии треба да бидат напишани во склад со начелата и правилата на Википедија, па така сите статии треба да бидат напишани на енциклопедиски стил и да имаат извори. При уредување на натпреварот или по завршувањето на истиот, сите учесници треба да се запишат со кои статии учествувале. Статиите ќе ги прегледува жири, кое ќе биде составено од тројца википедијанци кои не можат да учествуваат на натпреварот. Жирито ќе ја донесе конечната одлука за победникот. Членовите на жирито ќе ги прегледаат сите статии и секоја ќе ја бодуваат поединечно со бодови од 1 до 10. Член на жирито може да даде и оцена 0 доколку смета дека статијата воопшто не ги задоволува условите на натпреварот (на пример, да биде создадена нова страница, или правење ситни подобрувања на некоја статија). На натпреварот не се признаваат статии напишани автоматски, односно со помош на бот. Победникот на натпреварот ќе биде учесникот кој ќе собере најмногу бодови, како и ќе напише статии подобни за другите награди, кои ќе се бодуваат засебно. Во натпреварот имаат можност да учествуваат сите регистрирани корисници на Википедија на македонски јазик освен членовите на жири-комисијата, а за најдобрите учесници се обезбедени награди. Список на натпреварувачиуредиДодајте го своето име доколку сакате да учествувате, користејќи тараба и четири тилди (~). Воедно, пријавете и на страницата „Евиденција“ наведена погоре, каде што ќе создадете и своја лична страница за следење на Вашите придонеси. Членови на жиритоуреди
Материјали за користењеуредиКако водич за пишување и изнаоѓање на моделите на автомобили, препорачливо е да ги користите предлошките за автомобилски модели наведени следнава категорија на Википедија на англиски јазик: Category:Automotive company templates. НаградиуредиНаградите за овој натпревар се предвидени да бидат вредносни купони за техничка стока. Наградите ќе бидат купени по завршувањето на уредувачкиот натпревар во вид на ваучери од продавница со седиште во Македонија. Доколку сакате ваучер од специфична продавница или книжарница, ве молам наведете ни, по завршувањето или за време на траењето на натпреварот. Одбраните корисници на наградите треба да си ги подигнат наградите во просториите на Споделено знаење, во зградата на Сивус Бизнис Инкубатор во Скопје. На натпреварот ќе се доделат три награди за најдобрите тројца уредници, кои ќе бидат прогласени по оценувањето на статиите од страна на жири-комисијата. Награда ќе биде доделена и за најдобрата статија, која исто така ќе биде прогласена од страна на жири-комисијата. Посебна награда ќе биде доделена за корисникот кој ќе напише или уреди „најмногу статии од најмногу различни производители со најмалку три од производител“ (предвид се земаат сите статии што ќе бидат оценети со просечна оценка од најмалку 2,0 од страна на членовите на жири-комисијата). Секој учесник има право на најмногу две награди во сите категории. I наградауредиВредносен купон во вредност од 12.000 денари. II наградауредиВредносен купон во вредност од 6.000 денари. III наградауредиВредносен купон во вредност од 3.000 денари. Награда за најдобра статијауредиВредносен купон во вредност од 4.000 денари. Посебна наградауредиВредносен купон во вредност од 4.000 денари. РезултатиуредиСписокот на оценети статии е достапен на страницата со евиденција. Во табелата во продолжение се рангирани учесниците врз основа на збирниот резултат на оценките доделени од страна на членовите на жири-комисијата.
|