Википедија:Уредувачки натпревари/Средување
![]() |
![]() |
![]() |
„средување на статии“ од 25 септември до 24 октомври 2017 година Уредувачки натпревар за „средување на статии“ — проект на здружението на граѓани „Споделено знаење“ и Википедија на македонски јазик, кој има за цел да помогне во подобрување на квалитетот на илјадниците постоечки статии, кои се без никакви внатрешни врски, без извори и на кои им треба средување. Натпреварот почнува на 25 септември 2017 г. во 00:00 ч. и завршува на 23 октомври 2017 г. во 23:59 ч. по македонско време. Доколку сте заинтересирани за учество, пријавете се подолу (со напатствија). Учесниците во рамките на натпреварот треба да ги уредуваат статиите за кои претходно е веќе утврдено со соодветни предлошки дека им треба „внимание“, дека се „без извори“, дека им треба „викификација“, наведени во самите категории на Википедија. Доколку имате некои прашања, поставете ги на страницата за разговор на истава страница, при што ќе бидат одговорени од нашите корисници. Сите статии треба да бидат напишани во склад со начелата и правилата на Википедија, па така сите статии треба да бидат напишани на енциклопедиски стил и да имаат извори. При уредување на натпреварот или по завршувањето на истиот, сите учесници треба да се запишат со кои статии учествувале. Статиите ќе ги прегледува жири, кое ќе биде составено од двајца или тројца википедијанци кои не можат да учествуваат на натпреварот. Жирито ќе ја донесе конечната одлука за победникот. Членовите на жирито ќе ги прегледаат сите статии и секоја ќе ја бодуваат поединечно со бодови од 1 до 10. Член на жирито може да даде и оцена 0 доколку смета дека статијата воопшто не ги задоволува условите на натпреварот (на пример, да биде создадена нова страница, или правење ситни подобрувања на некоја статија). На натпреварот не се признаваат статии напишани автоматски, односно со помош на бот. Победникот на натпреварот ќе биде учесникот кој ќе собере најмногу бодови, како и ќе напише статии подобни за другите награди, кои ќе се бодуваат засебно. Во натпреварот имаат можност да учествуваат сите регистрирани корисници на Википедија на македонски јазик освен членовите на жири-комисијата, а за најдобрите учесници се обезбедени награди. Список на натпреварувачи уредиДодајте го своето име доколку сакате да учествувате, користејќи тараба и четири тилди (~). Воедно, пријавете и на страницата „Евиденција“ наведена погоре, каде што ќе создадете и своја лична страница за следење на Вашите придонеси. Членови на жирито уреди
Материјали уредиНа натпреварот може да учествуваат сите означени статии со предлошките за средување, како и статии кои се наведени во следнава категорија и поткатегории за одржување. Награди уредиНаградите за овој натпревар се предвидени да бидат вредносни купони за техничка стока. Наградите ќе бидат купени по завршувањето на уредувачкиот натпревар во вид на ваучери од продавница со седиште во Република Македонија. Доколку сакате ваучер од специфична продавница или книжарница, ве молам наведете ни, по завршувањето или за време на траењето на натпреварот. Одбраните корисници на наградите треба да си ги подигнат наградите во просториите на Споделено знаење, во зградата на Сивус Бизнис Инкубатор. На натпреварот ќе се доделат три награди за најдобрите тројца уредници, кои ќе бидат прогласени по оценувањето на статиите од страна на жири-комисијата. Награда ќе биде доделена и за најдобрата статија, која исто така ќе биде прогласена од страна на жири-комисијата. I награда уредиВредносен купон во вредност од 12.000 денари. II награда уредиВредносен купон во вредност од 6.000 денари. III награда уредиВредносен купон во вредност од 3.000 денари. Награда за најдобра статија уредиВредносен купон во вредност од 5.000 денари. Резултати уредиСписокот на оценети статии е достапен на страницата со евиденција. Во табелата во продолжение се рангирани учесниците врз основа на збирниот резултат на оценките доделени од страна на членовите на жири-комисијата.
|