Википедија:Цели за одржлив развој

Цели за одржлив развој (целосен назив: Вики ги сака Целите за одржлив развој) — меѓународна иницијатива за збогатување на Википедија со содржини поврзани со Целите за одржлив развој (ЦОР). Преку поврзување на заедница од стотици доброволни уредници од една страна и стручњаци за ЦОР од друга страна, иницијативата се стремела кон зголемување на свеста за целите, зајакнување на целокупното движење за нив и поставување основи за позадлабочено содржинско покривање на темите поврзани со целите во иднина. Меѓународната иницијатива била организирана и поддржана од страна на комуникациската агенција Project Everyone со седиште во Велика Британија, а координатори на меѓународната иницијатива биле еден искусен википедијанец од Австралија и четворица стручњаци за ЦОР од Кенија, Нигерија, Либан и САД.

Во насока на поголема застапеност на темите поврзани со Целите за одржлив развој на македонски јазик, заедницата на Википедија на македонски јазик зела учество преку организирање уредувачка седмица во којашто ги повикува да се вклучат сите заинтересирани уредници и страни со стручни познавања на темата. Иницијативата временски се поклопувала со Глобалната седмица на целите и се одржала во периодот 19–26 септември 2020 година.

Заднина

уреди
 
Дијаграм на којшто се прикажани Целите за одржлив развој

Целите за одржлив развој (ЦОР) се збирка од 17 поврзани глобални цели поставени за да бидат остварени до 2030 година. Клучно за процесот на ЦОР да биде успешен е да се овозможи информациите и податоците за целите да бидат достапни и разбирливи. Со повеќе од 18 милијарди прегледи месечно, Википедија е едно од најпосетуваните мрежни места на интернет. Таа е најсеопфатната енциклопедија и нуди пристап до слободно знаење на огромна и разновидна група читатели. Но, Википедија во овој миг има голем содржински јаз на теми поврзани со ЦОР.

Септември 2020 е мошне важен период за Целите за одржлив развој, познати и како „Глобални цели“. Светските водачи оствариле средба на далечина на Генералното собрание на ООН којашто одбележала пет години од поставувањето на ЦОР и 75 години од постоењето на ООН. За време на Глобалната седмица на целите (19-26 септември), граѓански организации исто така се состанале за да ја застапуваат употребата на целите пред светските водачи како рамка којашто треба да помогне во изградба на нов и подобар за свет за секого и насекаде.

Во време кога пандемијата на коронавирус го запира напредокот кон остварување на ЦОР, суштински било движењето за ЦОР да продолжи кон зголемување на свеста, активизмот и отчетноста. Ова значи дека биле потребни повеќе настани на далечина и поголема вклученост секаде каде што е можно.

Намена и цели

уреди

Севкупната намена на оваа иницијатива била да се рашири слободното знаење за 17 ЦОР и клучните теми коишто ги содржат на Википедија.

Иницијативата се очекувало да доведе до:

  • зголемување на свеста за Глобалните цели преку користење на Википедија;
  • демократизација на знаењето преку обезбедување информации за ЦОР и тематските подрачја коишто ги покриваат за оние кои инаку не би имале пристап до него;
  • создавање врева околу ЦОР за време на Глобалната седмица на целите и петгодишнината од поставувањето на ЦОР; и
  • поголема вклученост со тоа што на граѓаните, активистите и учените им се дава можност да придонесат за време на Глобалната седмица на целите и да почувствуваат дека дале значаен и опиплив придонес.

Методи

уреди

Како дел од Глобалната седмица на целите, иницијативата поврзува доброволни уредници и стручњаци од целиот свет во насока на создавање и подобрување на статии поврзани со ЦОР. За време на уредувачката седмица, учесниците се очекувало да:

  • создадат нови статии за оние цели за коишто нема и да ги подобрат постоечките;
  • создадат нови статии или ги подобрат постоечките на теми поврзани со целите;
  • додадат веродостојни надворешни врски во статиите за читателите да можат да научат што е можно повеќе за дадена цел или тема; и
  • додадат слики во статиите за да ги направат посликовити.

Упатство за учество

уреди

Основни податоци

уреди
 
Лого на Глобалната седмица на целите
  • Почеток: 19 септември 2020 г. во 10:00 (CEST).
  • Крај: 26 септември 2020 г. во 17:00 (CEST).
  • Место на одржување: секое место со пристап до интернет.
  • Работен простор: пристап на врската https://fb.me/g/3aTi3vIQp/rGKMKM3B.

Пријава

уреди
  • Чекор 1: Создајте корисничка сметка тука или најавете се доколку веќе имате.
  • Чекор 2 (незадолжително): Додека сте најавени, пријавете се со своето корисничко име на контролната табла на иницијативата. Ова овозможува преглед на сите уредувања направени за време на уредувачката седмица и со тоа влегувате во конкуренција за меѓународна награда (списокот на сите учестници е достапен тука).
  • Чекор 3: Додадете го корисничкото име во списокот на учесници и одберете статија од списокот на статии за уредување. Со цел да се спречи истовремено уредување на една статија од повеќе учесници, задолжително додадете ги статиите коишто планирате да ги уредувате во списокот на учесници.
  • Чекор 4 (незадолжително): Вклучете се во работниот простор на горенаведената врска, каде што може да соработувате со останатите учесници во иницијативата.

Организатори

уреди
Меѓународна иницијатива

Координатори на меѓународната иницијатива биле:

  • EMsmile (искусен википедијанец од Бризбејн, Австралија);
  • Doti Nicolasia (стручњак за ЦОР од Најроби, Кенија);
  • Olabideen (стручњак за ЦОР од Илорин, Нигерија);
  • Brunapedia (стручњак за ЦОР од Бејрут, Либан); и
  • RosieTMM2030 (стручњак за ЦОР од Чикаго, САД).

Меѓународната иницијатива била организирана и поддржана од страна на комуникациската агенција Project Everyone со седиште во Велика Британија.

Локална иницијатива

Координатор на локалната иницијатива бил Kiril Simeonovski.

Локалната иницијатива била организирана и поддржана од страна на подружната викимедиина организација Споделено знаење.

Друштвени медиуми

уреди

Споделувањето на уредувачката седмица на друштвените медиуми било препорачано да се врши првенствено со тарабната ознака #WikiLovesSDGs, а исто така можело да се користат и поопштите ознаки: #GlobalGoalsWeek, #GlobalGoals, #SDGs, #Act4SDGs, #GetInvolved, #Volunteer, #UNGA75 и #SignUp.

Награди

уреди

Меѓународни награди

уреди

Награди им биле доделени на деветте најплодоносни учесници во вредност од 100 евра. Организаторите ги одредиле имињата на наградените врз основа на качеството и количеството на нивните придонеси, а за таа цел им послужиле со податоците за придонесите на контролната табла на иницијативата. Имињата на наградените биле обзнанети на 28 септември 2020 година, а средствата од наградите биле префрлени преку Пејпал или други слични платформи. Во насока на поттикнување поголема вклученост на жените, четири награди биле доделени на женски учесници.

Локални награди

уреди

Награди им биле доделени на тројцата најплодоносни учесници во облик на вредносни купони за книги или техничка опрема, и тоа:

  • Прва награда: купон во вредност од 4.000 денари.
  • Втора награда: купон во вредност од 3.000 денари.
  • Трета награда: купон во вредност од 2.000 денари.

Важно: За да се освои било која награда, потребно било да се создадат или подобрат најмалку 25 статии!

Содржина за уредување статии

уреди
Кратко видео-упатство за тоа како се користи алатката за превод на статии на Википедија (видеото е со македонски превод)

Во овој дел е направен преглед на корисни материјали за уредување, наведен е список со потребни статии, а прикажана е и табела за евиденција на придонесите. Додавањето нови содржини може да се врши преку превод на содржини од другите јазични изданија на Википедија, но особено се охрабрува дополнување со информации од други расположливи материјали. Препорака за новите и помалку искусни корисници е да ја користат алатката за превод на статии на Википедија (видео-упатство од десната страна).

Материјали за уредување

уреди
Други јазични изданија на Википедија
Надворешни врски
Литература

Список на статии за уредување

уреди

Список на учесници

уреди
Бр. Корисник Придонеси
1 Тиверополник
  1. Земја во развој (Н)
  2. Најмалку развиени земји (Н)
  3. Развојна помош (Н)
  4. Земјоделско субвенционирање (Н)
  5. Земјоделска продуктивност (Н)
  6. Социјална заштита (Н)
  7. Екстремна сиромаштија (Н)
  8. Детска смртност (Н)
  9. Мајчинска смртност (Н)
  10. Детска заштита (Н)
  11. Предучилишно образование (Н)
  12. Женско обрежување (Н)
  13. Принуден брак (Н)
  14. Јавна услуга (Н)
  15. Неплатена работа (Н)
  16. Детска работна сила (Н)
  17. Погодна работа (Н)
  18. Финансиски услуги (Н)
  19. Работнички права (Н)
  20. Повреда на работно место (Н)
  21. Службена развојна помош (Н)
  22. Економска нееднаквост (Н)
  23. Финансиска установа (Н)
  24. Стапка на смртност (Н)
  25. Безбедност на патишта (Н)
  26. Основни права (Н)
  27. Здравствен работник (Н)
  28. Намалување на сиромаштијата (Н)
2 П.Неделковски
3 КатеринаКајевска
  1. Слобода на информации (Н)
  2. Поморска технологија (Н)
  3. Зелен климатски фонд (Н)
  4. Отворена влада (Н)
  5. Последици од глобалното затоплување (Н)
  6. Правда (Н)
  7. Подобрено водоснабдување (Н)
  8. Микропластика (Н)
  9. Прекумерен риболов (Н)
  10. Температура на морската површина (Н)
  11. Трговија со оружје (Н)
  12. Електрификација (Н)
  13. Првична енергија (Н)
  14. Ефикасна енергетска искористеност (Н)
  15. Енергетска мешавина (Н)
  16. Енергетски систем (Н)
  17. Одржлива енергија (Н)
  18. Инвазивни видови (Н)
  19. Пошумување (Н)
  20. Културно наследство (Н)
  21. Младинска невработеност (Н)
  22. Печалбар (Н)
  23. Искористување на земјата (Н)
  24. Неформално домување (Н)
  25. Извоз (Н)
  26. Отпад од храна (Н)
  27. Домашна материјална потрошувачка (Н)
  28. Ресурсна ефикасност (Н)
  29. Современо ропство (Н)
  30. Индустријализација (Н)
  31. Мали островски земји во развој (Н)
  32. Одржлива индустрија (Н)
  33. Меѓународна организација (Н)
  34. Природно наследство (Н)
  35. Периурбанизација (Н)
  36. Сендајска рамка за намалување на ризикот од непогоди (Н)
  37. Известување за одржливост (Н)
  38. Образование за одржлив развој (Н)
  39. Недозволени финансиски текови (Н)
4 Професор 18+
5 Delova e
6 Иван Ж
7 Kiril Simeonovski
  1. Цел за одржлив развој 1 (Н)
  2. Цел за одржлив развој 2 (Н)
  3. Цел за одржлив развој 3 (Н)
  4. Цел за одржлив развој 4 (Н)
  5. Цел за одржлив развој 5 (Н)
  6. Цел за одржлив развој 6 (Н)
  7. Цел за одржлив развој 7 (Н)
  8. Цел за одржлив развој 8 (Н)
  9. Цел за одржлив развој 9 (Н)
  10. Цел за одржлив развој 10 (Н)
  11. Цел за одржлив развој 11 (Н)
  12. Цел за одржлив развој 12 (Н)
  13. Цел за одржлив развој 13 (Н)
  14. Цел за одржлив развој 14 (Н)
  15. Цел за одржлив развој 15 (Н)
  16. Цел за одржлив развој 16 (Н)
  17. Цел за одржлив развој 17 (Н)
  18. Цели за одржлив развој (П)
  • (Н) — новосоздадена статија
  • (П) — подобрена статија

Резултати

уреди
Бр. Корисник Уредени статии Вкупно
Општо ЦОР 1 ЦОР 2 ЦОР 3 ЦОР 4 ЦОР 5 ЦОР 6 ЦОР 7 ЦОР 8 ЦОР 9 ЦОР 10 ЦОР 11 ЦОР 12 ЦОР 13 ЦОР 14 ЦОР 15 ЦОР 16 ЦОР 17
1 КатеринаКајевска 0 0 0 0 0 0 1 6 5 3 1 6 3 2 4 2 5 1 39
2 Тиверополник 2 3 2 5 2 4 0 0 5 1 2 0 0 0 0 0 1 1 28
3 Kiril Simeonovski 1 1 1 1 1 1 1 1 1 1 1 1 1 1 1 1 1 1 18
4 P.Nedelkovski 0 1 0 0 0 0 1 1 0 0 1 1 0 0 0 1 1 0 7
5 Професор 18+ 3 0 0 0 0 0 0 0 0 0 0 0 0 0 0 0 0 0 3
5 Иван Ж 0 0 0 0 0 1 0 0 0 0 0 1 0 0 1 0 0 0 3
5 Delova e 0 0 0 0 0 0 0 0 0 3 0 0 0 0 0 0 0 0 3
Вкупно 6 5 3 6 3 6 3 8 11 8 5 9 4 3 6 4 8 3 101
  • Општо — општо за сите цели
  • ЦОР 1 — Цел за одржлив развој 1
  • ЦОР 2 — Цел за одржлив развој 2
  • ЦОР 3 — Цел за одржлив развој 3
  • ЦОР 4 — Цел за одржлив развој 4
  • ЦОР 5 — Цел за одржлив развој 5
  • ЦОР 6 — Цел за одржлив развој 6
  • ЦОР 7 — Цел за одржлив развој 7
  • ЦОР 8 — Цел за одржлив развој 8
  • ЦОР 9 — Цел за одржлив развој 9
  • ЦОР 10 — Цел за одржлив развој 10
  • ЦОР 11 — Цел за одржлив развој 11
  • ЦОР 12 — Цел за одржлив развој 12
  • ЦОР 13 — Цел за одржлив развој 13
  • ЦОР 14 — Цел за одржлив развој 14
  • ЦОР 15 — Цел за одржлив развој 15
  • ЦОР 16 — Цел за одржлив развој 16
  • ЦОР 17 — Цел за одржлив развој 17

Надворешни врски

уреди