Википедија:Уредувачки натпревари/СИЕ Пролет 2017
од 21 март до 31 мај 2017 година Уредувачки натпревар „СИЕ Пролет 2017“ или само СИЕ Пролет 2017 — проект на здружението на граѓани „Споделено знаење“, Википедија на македонски јазик и сите заедници во Средна и Источна Европа, кој има за цел да помогне во подобрување на постоечките и создавање на нови статии на различни теми од сите држави во рамките на регионот Средна и Источна Европа (СИЕ). Натпреварот почнува на 21 март 2017 г. во 00:00 ч. и завршува на 31 мај 2017 г. во 23:59 ч. по македонско време. Доколку сте заинтересирани за учество, пријавете се подолу (со напатствија). Учесниците во рамките на натпреварот треба да уредуваат статии кои се предложени во рамките на долунаведените списоци по земја од областа Средна и Источна Европа. Секоја од создадените или проширените статии ве молиме обележувајте ги со предлошката СИЕ Пролет 2017 ({{СИЕ Пролет 2017}}) на страниците од разговор. Доколку имате некои прашања, поставете ги на страницата за разговор на истава страница, при што ќе бидат одговорени од нашите корисници. Сите статии треба да бидат напишани во склад со начелата и правилата на Википедија, па така сите статии треба да бидат напишани на енциклопедиски стил и да имаат извори. При уредување на натпреварот или по завршувањето на истиот, сите учесници треба да се запишат со кои статии учествувале. Статиите ќе ги прегледува жири, кое ќе биде составено од тројца википедијанци кои не можат да учествуваат на натпреварот. Жирито ќе ја донесе конечната одлука за победникот. Членовите на жирито ќе ги прегледаат сите статии и секоја ќе ја бодуваат поединечно со бодови од 1 до 10. Член на жирито може да даде и оцена 0 доколку смета дека статијата воопшто не ги задоволува условите на натпреварот (на пример, да има различна тема од зададената). На натпреварот не влегуваат статии напишани за Македонија од страна на македонските уредници, односно пријавените уредници треба да пишуваат за статии од предложените списоци по земја (зададени подолу). На натпреварот не се признаваат статии напишани автоматски, односно со помош на бот. Покрај пишувањето на нови статии, учесниците имаат прилика и значајно да прошират постоечка статија (никулец), при што жирито ќе оценува колкав е новиот дел и бодовите ќе бидат доделени за тој дел. Победникот на натпреварот ќе биде учесникот кој ќе собере најмногу бодови. Во натпреварот имаат можност да учествуваат сите регистрирани корисници на Википедија на македонски јазик освен членовите на жири-комисијата, а за најдобрите учесници се обезбедени награди. Список на натпреварувачиуредиДодајте го своето име доколку сакате да учествувате, користејќи тараба и четири тилди (~). Воедно, пријавете и на страницата „Евиденција“ наведена погоре, каде што ќе создадете и своја лична страница за следење на Вашите придонеси.
Предлози за статииуредиМатеријалиуредиКорисниците може да користат свои материјали поврзани со земјите од областа на Средна и Источна Европа, другите јазични изданија и особено Википедијата од која и потекнува самиот предмет/објект за кој се пишува статијата. Членови на жиритоуреди
НаградиуредиНаградите за овој натпревар се предвидени да бидат вредносни купони за техничка стока, фотографска опрема или книги/материјали по избор на добитникот. На натпреварот ќе се доделат три награди за најдобрите тројца уредници, кои ќе бидат прогласени по оценувањето на статиите од страна на жири-комисијата. Награда ќе биде доделена и за најдобрата статија, која исто така ќе биде прогласена од страна на жири-комисијата. Посебна награда ќе добие и најдобриот нов корисник, кој имал помалку од 50 уредувања пред отпочнувањето на натпреварот, а во текот на натпреварот освои најмногу бодови за своите статии од страна на жири-комисијата. Ќе се доделат и награди награди за „најмногу новосоздадени статии“ и „статии за најмногу учесници во СИЕ (земји, области и јазични заедници)“ (предвид се земаат сите статии што ќе бидат оценети со просечна оценка од најмалку 2,0 од страна на членовите на жири-комисијата). Во случај повеќе корисници да се најдат на делба на првото место по бројот на создадени статии во првата категорија, тогаш како критериум за рангирање ќе се сметаат оценките од страна на жири-комисијата; во случај повеќе корисници да се најдат на делба на првото место по бројот на учесници за кои имаат создадено статии, тогаш како прв критериум за рангирање ќе се смета вкупниот број на создадени статии за учесниците, а како втор критериум ќе се сметаат оценките од страна на жири-комисијата. Секој учесник има право на најмногу две награди во сите категории. I наградауредиВредносен купон во вредност од 6.000 денари. II наградауредиВредносен купон во вредност од 4.500 денари. III наградауредиВредносен купон во вредност од 3.000 денари. Награда за најдобра статијауредиВредносен купон во вредност од 4.500 денари. РезултатиуредиСписокот на оценети статии е достапен на страницата со евиденција. Во табелата во продолжение се рангирани учесниците врз основа на збирниот резултат на оценките доделени од страна на членовите на жири-комисијата.
|