Википедија:Статии без илустрација

#WPWP од 1 јули до 31 август. Приклучете се!


Статии без илустрација или на англиски јазик: Wikipedia Pages Wanting Photos (WPWP) е кампања на меѓународно ниво за вметнување на илустрации во статиите на кои им недостигаат. Илјадници фотографии се поставени на Заедничката ризница преку разни ГЛАМ проекти, како и преку фотографските натпревари низ годиниве. Идејата е да се искористат фотографиите и останатите илустрации во соодветните статии. Ова е огромен јаз кој оваа кампања се обидува да го премости. На Википедија на македонски јазик, организатори на оваа кампања се здруженијата на граѓани „ГЛАМ Македонија“ и „Споделено знаење“.

Како да учествувате? уреди

1. Мора да имате корисничка сметка на Википедија. Доколку немате, направете ја.
2. Најдете статија без илустрација
3. Најдете соодветна илустрација на Ризницата
4. Поставете ја илустрацијата на соодветно место во статијата, и зачувајте ги промените
5. Поставете го записот #WPWPMK (за да учествувате за македонските награди) и #WPWP (за да учествувате за меѓународните награди) во делот „Опис“ на промените што ги правите.

Напомена: Доколку не го поставите записот, таа промена нема да влезе во вашиот краен резултат. Алатката поврзана со хатштагот брои еден поен за едно зачувување, без разлика колку илустрации сте поставиле. Затоа, доколку внесувате повеќе од една слика во иста статија, или пак внесувате галерија, сликите зачувувајте ги една по една, и на секое зачувување во опис внесете го записот.

6. Може да создадете статија за да употребите илустрација
7. За полесно наоѓање на статии без илустрација може да ја користите алатката Петскан, а упатството за тоа како се користи алатката е на следната врска.

Накртако:
1. Влезете на страницата: http://petscan.wmflabs.org
2. Во делот „Јазик“, одберете го јазичниот код (mk за македонски јазик)
3. Одберете статии според категоријата, односно во делот „Категории“ внесете го името на категоријата, на пример: Градови во Африка
4. Притиснете на јазичето „Page Property“, потоа во делот „Lead image“ притиснете „Nо“.
5. Притиснете на „do it“.
6. Најдолу ќе ви бидат прикажани статиите од таа категорија кои немаат илустрација.

Правила уреди

 
Додавањето на фотографии во статии без илустрација треба да се одвива меѓу 1 јули и 31 август 2020 година.
 
Нема ограничување во врска со бројот на илустрации што може да ги употребите. Но сепак постојат различни категории на награди (видете подолу).
 
Фотографијата што ја користите мора да биде поставена под слободна лиценца или во јавна сопственост. Други лиценци што се прифаќаат се: CC-BY-SA 4.0, CC-BY 4.0, CC0 1.0.
 
Учесниците мора да се регистрирани на било која јазична Википедија и да учествуваат со своето корисничко име. Исто така може да се нови корисници кои ќе се регистрираат заради кампањата.
 
Описот што се додава под сликата мора да биде јасен и соодветен.
 
Учесниците мора да го вклучуваат записот #WPWPMK на секое зачувување на промени кога внесуваат илустрација, и на секоја статија на која внесуваат илустрација. Исто така поставете го записот #WPWP за да учествувате за меѓународните награди.

Временска рамка уреди

Кампањата се одржува еднаш годишно.

  • Почеток: 1 јули 2020 г., 00:01 (UTC)
  • Крај: 31 август 2020 г., 23:59 (UTC)
  • Објавување на резултатите: 30 септември 2020 г.

Награди уреди

Меѓународни награди уреди

Награди за учесниците кои поставиле најголем број на илустрации во статии

1. прва награда 500 американски долари
2. втора награда 400 американски долари
3. трета награда 300 американски долари

Награда за учесник кој поставил најголем број звучни илустрации во статии

200 американски долари

Награда за учесник кој поставил најголем број на видео илустрации во статии

200 американски долари

Награда за учесник кој е нов на Википедија и поставил најголем број на илустрации во статии

200 американски долари

Награда за учесник кој поставил најголем број на илустрации од категоријата „Вики ја сака Африка“ на јазичните Википедии: Игбо, Свахили, Јоруба, Луганда, Хауса, Шона, Амхарик, Лингала и Африкаанс

100 американски долари

Локални награди уреди

За македонските учесници се обезбедени посебни локални награди. Вкупно има на располагање 9 награди поделени на следниов начин:

  1. Прва награда - ваучер во вредност од 12.000 денари (се доделува 1 ваучер на еден корисник)
  2. Втора награда - ваучер во вредност од 6.000 денари (се доделуваат 8 ваучери на осум различни корисници)

Забелешка: Наградите ќе бидат доделени на најплодните учесници, кои имаат поставено илустрација на најмалку 100 статии на Википедија на македонски јазик. Доколку овој услов не биде постигнат, организаторите го задржуваат правото да не ги доделат наградите.

Доколку имате некои прашања, поставете ги на страницата за разговор на оваа страница.

Резултати уреди

 
Резултати, добитниците се рангирани според колоната „Валидни статии“ (стиснете на сликата за поголема верзија)
  • 22 учесници
  • 1882 различни статии покриени со илустрација
  • 2744 вметнати илустрации

На првото место завршила Simonka34 која ја добила најголемата награда, а зад неа редоследно завршиле SirGoldenBlade, Doni12345, Ina pet, Chnitke, Velichovskas, Krstevska123 и P.Nedelkovski. Една награда останала недоделена.

Надворешни врски уреди