Halo: Combat Evolved

видеоигра од 2001 година

Halo: Combat Evolved (македонски: Ореол: Развиена борба), попозната како Halo (транскрипција: Хејло) или Halo 1пукачка видеоигра од прво лице, направена од Bungie Studios (транскр. Банџи студиос) и објавена од Microsoft Game Studios (сега Xbox Game Studios) на 15 ноември 2001 година, како прво излегување за видеоигри-конзолата Xbox. Таа е прва игра во франшизата Halo.[1]

Halo: Combat Evolved

Изработувач(и) Bungie
Gearbox Software (PC)
Westlake Interactive (Mac)
Издавач(и)
Режисер(и) Џејсон Џонс
Продуцент(и)
  • Хамилтон Чу
  • Рик Рајан
Дизајнер(и) Џон Хауард
Уметник(ци) Маркус Лехто
Ши Каи Ванг
Композитор(и)
  • Мартин О'Донел
  • Мајкл Салватор
Серијал Halo (франшиза)
Подлоги
Датум на издавање 15 ноември 2001
Жанр(ови) пукачка игра од прво лице
Режим(и)

Во 2003 година, „Мајкрософт“ ги пуштил во продажба соодветните адаптации за „Мајкрософт виндоус“ — верзија развиена од „Гирбокс софтвер“ и macOS x — додека заплетот доведол до производство на низа романи и стрипови сместени во измислениот универзум на виртуелната игра. Подоцна, во 2007 година, изворниот Xbox бил ставен на располагање за симнување на тврдиот диск од која било конзола Xbox 360. На Electronic Entertainment Expo во 2011 година, „Мајкрософт“ објавил верзија наречена Halo: Combat Evolved Anniversary, која била објавена на 15 ноември 2011 година за одбележување на десетгодишнината од првото излегување на играта на пазарот. Меѓу новите особености што ги вклучила оваа верзија биле режим за соработка (multiplayer) и подобрена графика што се користела и во Halo: Reach.[2]

Заплетот на Halo се случува во XXVI век, време кога играчот ја презема улогата на Мастер Чиф (Master Chief, Главниот Началник), генетски подобрен војник, кој е придружуван од Кортана, вештачка интелигенција. Во текот на приказната, корисникот се соочува со разни вонземјани — и во непосредни соочувања рака на рака, а и во возила — во нивниот обид да ги откријат тајните на Хејло, вештачки свет обликуван како прстен. Критичарите ја нарекле играта „лесна за учење“, фалејќи ја главно за нејзината „привлечна приказна“.[3][4] Слично на тоа, многу списанија што се занимаваат со содржина на видеоигри ја опишале Halo како „една од најдобрите и најважните видеоигри на сите времиња“.[5] Заклучно со 9 ноември 2005 година, повеќе од пет милиони примероци на играта биле продадени ширум светот.[6] Дополнително, играта служела како вдахновение и се користела во Red vs. Blue, создадена од обожавателите на Halo, за која се смета дека е „првиот голем успех“ на machinima-техниката на користење игри со -графика во вистинско време, што обично се наоѓаат во некои видеоигри за создавање анимирани филмови.[7]

Играчки процес

уреди

Halo е пукачка видеоигра (шутер) од прво лице во тримерна средина, каде што дејството се одвива речиси целосно од гледиште на ликот на играчот. Во основа, играчот може слободно да се движи низ таа средина и да го сосредоточи својот поглед нагоре, надолу, лево или десно. Постојат различни видови возила што може да ги користи корисникот, почнувајќи од оклопни џипови и воени тенкови, до лебдилки и вонземјански бродови. Кога Чиф вози или се качува на едно од овие возила за да управува со оружјето, системот на играта прифаќа гледиште од трето лице. Изворното гледиште преовладува кога ликот едноставно оди како патник. Чиф е опремен со енергетски штит што ја впива штетата од непријателот, како и неколку здравствени точки (health points). Штитното полнење се појавува како мала сина лента во горниот десен агол на знакот ХУД (HUD). Штом полнењето на штитот е речиси исцрпено, играчот станува многу ранлив и секоја дополнителна штета што ќе ја направи играчот непосредно ќе влијае на нивото на здравје на ликот. Штитот автоматски се полни кога нема да се направи значителна штета за одреден временски период.[8]

Вградениот борбен арсенал на Halo се состои од секаков вид оружје типично за научнофантастичните приказни. Некои критичари конкретно ја пофалиле оваа особина, бидејќи секое оружје има конкретна улога што се покажува корисна во текот на настаните. На пример, на плазмените пиштоли им е потребно време да се оладат ако брзо пукаат, иако не можат повторно да се наполнат поради тоа што нивната батерија се празни и потребно е да се фрли и да се земе нова. Спротивно на тоа, вообичаените огнени оружја не се прегреваат, но бараат доволно муниција за да работат. Играчите можат да носат само две оружја во исто време, едно со кое може да се насочи и да се нападне, и едно што се користи како резерва, па затоа е неопходна стратегија кога се избира кое оружје да се користи.[9]

Иако претходно било кажано дека Halo поседува особини карактеристични за неговиот жанр, тој исто така се издвојува по прикажувањето на некои елементи што не се својствени за пукачките игри од прво лице. На пример, од играчот не се бара да го остави оружјето пред да фрли рачна граната или кога користи апарати за блиска борба; наместо тоа, двата напади можат да се изведат во исто време, дури и кога е опремено оружјето. Сите оружја може да се користат за напад на непријатели, дозволувајќи му на Мастер Чиф скришум да ги убива противниците без да ги предупреди другите. Тој може да носи до осум гранати одеднаш: четири расцепувачки (англ. frag) и четири плазмени (англ. plasma), соодветно. Како и другите оружја во играта, двата вида гранати се разликуваат една од друга: расцепувачката граната отскокнува и избувнува веднаш, додека плазмената се држи до целта претходно избувнувајќи. Постојат четири нивоа на тежина што играчот може да ги избере: лесно, нормално, јуначко и легендарно. Разликите се во тоа што во првите нивоа непријателите не се толку тешки за убивање и пречките полесно се надминуваат, додека во подоцнежните, играчот мора да помине низ попредизвикувачки предизвици бидејќи непријателите имаат подобро нишанење и поголем отпор.[10]

Содржина

уреди

Заднина

уреди
 
Главната приказна за Halo се посветува на откривање на огромен прстен (наречен Ореол), кој главните јунаци го истражуваат, и ја откриваат неговата улога.

Настаните за Halo (транскр. Хејло) се раскажуваат во универзум на научна фантастика создаден од Bungie Studios (транскр. Банџи студиос), посебно за играта. Според заговорот, по пренаселеноста на Земјата и спроведувањето на меѓуѕвезденото патување со поголема брзина од светлината, човечкото население се вклучува во колонизација на други планети. За да го олесни ова, агенцијата UNSC (ВКОН — Вселенска команда на Обединетите нации) воспоставува човечка колонија на планетата Reach (транскр. Рич) како бродоградилиште и научен и воен истражувачки центар. Таму, кратко време се воспоставува таен воен експеримент, познат како Проект СПАРТАНЕЦ, чија цел е да се создаде војска на генетски подобрени кибернетички супервојници. Дваесет и седум години пред да се случат настаните во играта, група технолошки напредни вонземјански раси, познати како Covenant („Заветот“ на македонски, транскр. Ковенант) започнуваат да ја напаѓаат колонијата затоа што, за нив, човечките суштества се напаѓале со нивните богови и тие биле бунтовни суштества. Тогаш ВКОН претрпува низа огромни порази и иако супервојниците СПАРТАНЕЦ-II умеат успешно да ги задржат силите на Заветот, тие не се во можност да спречат војна.[11][12]

За да се подготват за мисија да ја пронајдат местоположбата на матичната планета на Заветот, војниците на СПАРТАНЕЦ-II се состануваат на Рич за да добијат дополнителни показатели за сложениот проект. Два дена пред да започне мисијата, силите на Заветот го напаѓаат Рич и ја уништуваат целата колонија. Вселенското летало „Столбот на есента“ (англ. The Pillar of Autumn) е единствено што го преживува упадот, а во него е командантот СПАРТАНЕЦ-II, Мастер Чиф (англ. Master Chief). Сепак, тој преземува бесцелно меѓуѕвездено патување — слично на замислата за хиперпростор — со надеж дека ќе ја избрка непријателската раса од Земјата. Играта започнува кога „Столбот на есента“ пристигнува во Хејло.

Името на играта потекнува од Хејло, огромна градба во облик на прстен, способна да поддржува живот во вселената, а чиј пречник — според Банџи студиос — е десет илјади километри.[13] Ова место е во Лагранжовата точка, сместена помеѓу планета и нејзината соодветна месечина. Центрифугалната сила предизвикана од вртењето на градбата за возврат ја обезбедува гравитацијата на прстенот.[14]

Нивоа

уреди

За возврат, играта се состои од вкупно десет нивоа во режимот на кампањата:[15]

  1. „Столбот на есента“ — Тој има три цели и последната е да се излезе од бродот „Столбот на есента“.
  2. „Хејло“ — Има две цели, а битките и судирите со Заветот изобилуваат бидејќи се бараат повеќе преживеани.
  3. „Вистина и помирување“ — Мастер Чиф влегува во воениот брод на Заветот за да го спаси капетанот Киз.
  4. „Тивкиот картограф“ — Целта е да се најде картографот, со цел да се определи надзорната соба на Хејло (Ореол).
  5. „Напад врз надзорната соба“ — Најдолгото ниво во играта и целта на играчот е да стигне до надзорната соба пред Заветот.
  6. „343 Гилти Спарк“ — Вашата главна цел е повторно да го пронајдете Киз и да избегате откако ќе го откриете Потопот (The Flood).
  7. „Библиотеката“ — Единствената цел на нивото е да го вратите индексот.
  8. „Две предавства“ — Нивото е исто како „Напад врз надзорната соба“, само што играчот оди во спротивна насока и е ноќ. Целта е да се уништат три „соединувачки фазни реактори“, уреди создадени од Форанер (Forerunner) за започнување на објектите во прстенестите светови.
  9. „Киз“ — Повторно, Киз мора да биде пронајден со цел да се вратат неговите нервни ткива и со тоа да се започне самоуништувањето на „Столбот на есента“.
  10. „Устата“ — Се состои од три дела и завршува со бегство од внатрешноста на бродот непосредно пред да избувне.

Заплет

уреди

Содржината на играта е поврзана во упатството за употреба, и во дијалозите и расказите на ликовите, како и во некои сцени. Halo започнува кога „Столбот на есента“ излегува од хиперпросторот и пристигнува во таинствената вселенска станица во облик на прстен наречена „Ореол“ (Halo на англ.), според Заветот. Флота на Заветот одеднаш го напаѓа бродот, сериозно оштетувајќи го. Капетанот Џејкоб Киз тогаш го воведува „Протоколот Кол“, постапка замислена да спречи Заветот да добие известувања за местоположбата на Земјата. Додека Киз го маневрира бродот за да слета на прстенестата планета, Мастер Чиф и Кортана, заедно со група војници, бегаат низ „вселенска капсула“, која се удира на површината на прстенот; Кортана и Чиф се единствените што го преживуваат ударот на капсулата.

Киз го преживува слетувањето на „Столбот на есента“, но Заветот го заробува. Во второто и третото ниво на играта, Мастер Чиф и Кортана се состануваат со некои преживеани луѓе и го спасуваат Киз, кого го држат затворен во Заветовиот брод „Вистина и помирување“. Откако ќе биде спасен, Киз го замолува Чиф да го победи Заветот и да замине во Командниот центар на Хејло, со цел да ја научат целта на оваа градба. Потоа, Чиф (Chief) и Кортана (Cortana) пристигнуваат во „просторијата за карти“ — тоа е, каде што холограмот ја покажува градбата во целост — познат како „Тивок картограф“ — иако е исто така познат и како „Библиотека“, што ги води во надзорната соба. Таму, Кортана пристапува до системите и открива нешто важно, па му наложува на Чиф да го пронајде Киз, додека таа останува таму. Додека трага по неговиот адмирал, Чиф открива дека Заветот случајно го ослободил Потопот (англ. The Flood, транскр. Флад), вонземјанска раса паразити, способна да зарази други чувствителни форми на живот. Киз станува жртва на Потопот додека барал некое оружје. Ослободувањето на паразитите предизвикува вештачката интелигенција на Хејло, 343 Guilty Spark (мак. 343 Виновна Искра, транскр. 343 Гилти Спарк), да го придобие Мастер Чиф за враќање на индексот, уред што ќе го пушти Хејло, спречувајќи го Потопот да се шири надвор од градбата.

Откако Мастер Чиф ќе го добие индексот и ќе почне да го користи, Кортана повторно се појавува на сцената за да го предупреди за пуштањето на Хејло — одбранбениот систем на Хејло е оружје составено да го убие секој жив облик во галаксијата. Пуштањето на Хејло не само што ќе ги уништи сите форми на живот во градбата на прстенот, вклучително и нив, и Потопот што треба да зарази други живи организми за да преживее, но исто така ќе започне и други помошни објекти, што би значело истребување на целиот живот во галаксијата.

Мастер Чиф и Кортана заклучуваат дека мораат да го уништат Хејло пред 343 Гилти Спарк, кој поседува некои воини наречени Сентинел (Sentinel), и сака да го започне споменатиот механизам. Во исто време, тие го продолжуваат своето соочување против Потопот и Заветот. Кортана открива кратко потоа дека единствениот начин да се уништи планетата е со самоуништување на „Столбот на есента“. Сепак, на бродот му треба гласовна наредба од капетанот Киз за да изврши такво дејство. Откако го пронаоѓаат, сфаќаат дека е заразен и претворен во Потоп. Откако се соочува и го поразува, Чиф ги отстранува нервните ткива на Киз од неговиот мозок, така што Кортана може да ги искористи за да ја започне низата на „Столбот на есента“ за самоуништување. Неколку мигови пред да се случи второто, 343 Гилти Спарк повторно се појавува и го запира одбројувањето на бродот. Во тој миг, тој го открива историскиот запис за човештвото што Киз го криел со „Протоколот Кол“ на почетокот. И покрај тоа, Мастер Чиф рачно ја започнува низата уште еднаш преку соединувачките фазни реактори на „Столбот на есента“. Пред уништувањето на Хејло, тој бега со Кортана со возилото „лонсворд“ (Lonsword). По завршувањето на заслугите на играта, 343 Гилти Спарк се гледа како лебди во вселената. Содржината продолжува во Halo 2.[16]

Ликови

уреди

Јунаци

уреди
  • Мастер Чиф (Master Chief — Главниот Началник): Ликот на играчот е еден од ретките преживеани супервојници на проектот СПАРТАНЕЦ-II. Како младо момче, Џон — вистинското име на војникот — бил избран да учествува во СПАРТАНЕЦ-II и бил однесен во Рич, каде што поминал низ строга физичка и психолошка обука, како и низа генетски подобрувања од различни местоположби во просторот, под надзор на ВКОН (UNSC). Војниците на агенцијата ВКОН го сметаат за „јунак“, а како пандан ова создава страв меѓу Заветот, кој го распределува како „демон“.
  • Кортана (Cortana): е вештачка интелигенција произведена од ВКОН и избрана да управува со системите на „Столбот на есента“ за време на мисијата на бродот по пристигнувањето во Хејло (Halo, мак. Ореол). Пред тоа, Кортана служела како усовршен агент за електронска шпионажа во службата на ВКОН. Престојува на поврзано коло во облик на холограм и може веднаш да општи со посебното одело што го носи Мастер Чиф, обезбедувајќи на тој начин стратешки совети и борбени вештини за време на задолженијата на војникот. Таа е создадена од невронски клетки од директорот на проектот СПАРТАНЕЦ, д-р Кетрин Холзи.
  • Џејкоб Киз (Jacob Keyes): Тој е капетан на „Столбот на есента“ и ветеран на меѓуѕвездено патување.
  • Ејвори Џонсон (Avery Johnson): е војник што ги предводел човечките сили против Потопот и Заветот.

Непријатели

уреди
  • Заветот (Covenant — Ковенант): тоа е сојуз на разновидни групи вонземјански суштества обединети под религиозниот култ на Forerunner (транскр. Форанер), творци на прстенестите светови — Хејло меѓу нив — кои го одржуваат Потопот затворен. Откако Пророците, водачи на расата на Заветот, ќе го прогласат човештвото за навреда на своите богови, вонземјаните започнуваат поход на истребување на човечката раса. Тие случајно го ослободуваат Потопот со пуштање на прстенестите светови.
  • Потопот (The Flood — Флад): тие се паразити, чија цел е да заразат каков било облик на живот што ќе го најдат на нивниот пат. Тие се ослободени од Заветот.
  • Сентинел (Sentinel): тие се роботи воини управувани од 343 Гилти Спарк и изградени од Форанер. Нивната задача е да го бранат прстенот од каква било закана и да ги следат нападите од Потопот, за што имаат посебно оружје засновано на ласери. На почетокот на играта, тие се појавуваат како сојузници на Мастер Чиф.
  • 343 Гилти Спарк (343 Guilty Spark — 343 Виновна Искра): е главниот противник во Halo и се состои од вештачка интелигенција создадена од расата Форанер, чија цел е да ги следи и одржува електронските системи на Хејло. Заветот го нарекува „Оракул“ (Oracle).

Наводи

уреди
  1. „Halo Games in Order - Fierce PC Blog“. Gaming PC Store (англиски). 2020-11-30. Посетено на 2021-04-25.
  2. E3 2011: Microsoft Announces Halo: Combat Evolved Anniversary - IGN (англиски), Посетено на 2021-04-25
  3. „Halo: Combat Evolved Review“ (англиски). Посетено на 2021-04-25.
  4. „GameSpy: Halo - Page 1“. web.archive.org (англиски). 2012-06-15. Архивирано од изворникот на 2012-06-15. Посетено на 2021-04-25.CS1-одржување: бот: непознат статус на изворната URL (link)
  5. „Why Halo is the best game ever, of all time. | General Discussion | Forums | Halo - Official Site“. www.halowaypoint.com (англиски). Архивирано од изворникот на 2021-04-25. Посетено на 2021-04-25.
  6. „Halo Xbox video game franchise: in numbers“. www.telegraph.co.uk (англиски). Посетено на 2021-04-25.
  7. „Summit | SFU's Institutional Repository“. summit.sfu.ca (англиски). Посетено на 2021-04-25.
  8. „How long is Halo: Combat Evolved - Anniversary? | HowLongToBeat“. howlongtobeat.com (англиски). Посетено на 2023-01-17.
  9. „Halo Timeline and Mythology Explained: What to Know Before the Show“ (англиски). 2022-03-24. Посетено на 2023-01-17.
  10. „Halo: Combat Evolved“. Game Rant (англиски). Посетено на 2023-01-17.
  11. Bungie Studios.Упатство за употреба на Halo: Combat Evolved
  12. „Halo: Combat Evolved (Video Game 2001)“. IMDb (англиски). Посетено на 2021-04-25.
  13. „Interview with Matt Soell“. www.bungie.org (англиски). Посетено на 2021-04-25.
  14. „Halo - PlayStation 2 Preview at IGN“. web.archive.org (англиски). 2012-03-09. Архивирано од изворникот на 2012-03-09. Посетено на 2021-04-25.CS1-одржување: бот: непознат статус на изворната URL (link)
  15. Walker, Author Cameron (2018-01-15). „Ranking the Levels – Halo: Combat Evolved“. Sacred Icon (англиски). Посетено на 2021-04-25.
  16. rube (2013-01-04). „Can anyone explain the overall Halo story in a short synopsis or five?“. r/halo (англиски). Посетено на 2021-04-26.

Надворешни врски

уреди
 
Викицитат има збирка цитати поврзани со: