Уредувачки натпревар на тема
„Вулкани“

 

од 1 до 31 декември 2017 година

 

Уредувачки натпревар на тема „Вулкани“ — проект на здружението на граѓани „Споделено знаење“ и Википедија на македонски јазик, кој има за цел да помогне во подобрување на постоечките и создавање на нови статии на тема „Вулкани“.

Натпреварот почнува на 1 декември 2017 г. во 00:00 ч. и завршува на 31 декември 2017 г. во 23:59 ч. по македонско време.

Доколку сте заинтересирани за учество, пријавете се подолу (со напатствија).

Учесниците во рамките на натпреварот треба да уредуваат статии поврзани со вулкани низ целиот свет. Прифатливи се и теми поврзани со вулканологијата, односно видови вулкани и вулкански појави. Доколку имате некои прашања, поставете ги на страницата за разговор на истава страница, при што ќе бидат одговорени од нашите корисници.

Сите статии треба да бидат напишани во склад со начелата и правилата на Википедија, па така сите статии треба да бидат напишани на енциклопедиски стил и да имаат извори. При уредување на натпреварот или по завршувањето на истиот, сите учесници треба да се запишат со кои статии учествувале.

Статиите ќе ги прегледува жири, кое ќе биде составено од двајца википедијанци кои не можат да учествуваат на натпреварот. Жирито ќе ја донесе конечната одлука за победникот.

Членовите на жирито ќе ги прегледаат сите статии и секоја ќе ја бодуваат поединечно со бодови од 1 до 10.

Член на жирито може да даде и оцена 0 доколку смета дека статијата воопшто не ги задоволува условите на натпреварот (на пример, да биде создадена нова страница, или правење ситни подобрувања на некоја статија). На натпреварот не се признаваат статии напишани автоматски, односно со помош на бот.

Победникот на натпреварот ќе биде учесникот кој ќе собере најмногу бодови, како и ќе напише статии подобни за другите награди, кои ќе се бодуваат засебно.

Во натпреварот имаат можност да учествуваат сите регистрирани корисници на Википедија на македонски јазик освен членовите на жири-комисијата, а за најдобрите учесници се обезбедени награди.

Список на натпреварувачи уреди

Евиденција

Додајте го своето име доколку сакате да учествувате, користејќи тараба и четири тилди (~). Воедно, пријавете и на страницата „Евиденција“ наведена погоре, каде што ќе создадете и своја лична страница за следење на Вашите придонеси.

  1. Тиверополник
  2. BlueEagle1
  3. Б. Јанкулоски
  4. M4r51n
  5. Инокентиј
  6. C1600
  7. P.Nedelkovski
  8. Дамјан
  9. Ивановски

Членови на жирито уреди

  1. Kiril Simeonovski (Ж1)
  2. Ehrlich91 (Ж2)
  • Станете член на жирито за следните уредувачки натпревари, преку испраќање порака на корисникот Ehrlich91.

Материјали уреди

За многуте вулкани низ целиот свет може да ја користите категоријата на англиската Википедија (Volcanoes by country).

Награди уреди

Наградите за овој натпревар се предвидени да бидат вредносни купони за техничка стока. Наградите ќе бидат купени по завршувањето на уредувачкиот натпревар во вид на ваучери од продавница со седиште во Република Македонија. Доколку сакате ваучер од специфична продавница или книжарница, ве молам наведете ни, по завршувањето или за време на траењето на натпреварот. Одбраните корисници на наградите треба да си ги подигнат наградите во просториите на Споделено знаење, во зградата на Сивус Бизнис Инкубатор.

На натпреварот ќе се доделат три награди за најдобрите тројца уредници, кои ќе бидат прогласени по оценувањето на статиите од страна на жири-комисијата.

Награда ќе биде доделена и за најдобрата статија, која исто така ќе биде прогласена од страна на жири-комисијата.

Посебна награда ќе биде доделена за корисникот кој ќе напише „статии за вулкани во најмногу различни земји“ (предвид се земаат сите статии што ќе бидат оценети со просечна оценка од најмалку 2,0 од страна на членовите на жири-комисијата).

Секој учесник има право на најмногу две награди во сите категории.

I награда уреди

Вредносен купон во вредност од 12.000 денари.

II награда уреди

Вредносен купон во вредност од 6.000 денари.

III награда уреди

Вредносен купон во вредност од 3.000 денари.

Награда за најдобра статија уреди

Вредносен купон во вредност од 5.000 денари.

Посебна награда уреди

Вредносен купон во вредност од 5.000 денари.

Резултати уреди

Списокот на оценети статии е достапен на страницата со евиденција. Во табелата во продолжение се рангирани учесниците врз основа на збирниот резултат на оценките доделени од страна на членовите на жири-комисијата.

Број Корисник Збирен резултат
1 Тиверополник 515
2 BlueEagle1 295
3 P.Nedelkovski 94
4 C1600 58
5 Bjankuloski06 44
6 Инокентиј 27
7 Damjanmk 7
8 Dar ivanovski 4
9 M4r51n 0
Награда за најдобра статија
Посебна награда
  • Тиверополник со уредени 91 статија од 38 различни држави. (наградата нема да биде доделена поради правилото дека еден корисник може да добие најмногу две награди)