Отвори го главното мени

Проектот Археомак има за цел да помогне постоечките и новосоздадените статии од областа на археологијата и информациите содржани во нив подобро да се организираат, да се координира работата на википедијанците во поглед на категоризација, надополнување и презентација на археолошките информации. Страницата на проектот и соодветните подстраници содржат основни принципи кои би требало да помогнат во насочување на работата на википедијанците.

Ако сте заинтересирани да се вклучите во овој проект, слободно дадете ги своите коментари на страницата за разговор на овој проект, станете активен член на проектниот тим или едноставно дадете допринос во уредувањето на статиите и информациите од оваа област.


ЦелиУреди

Работата на учесниците во овој проект ќе биде фокусирана на

  • Создавање на нови квалитетни статии
  • Редизајн на постоечките статии
  • Создавање на портал за Археологија.
  • Создавање на лична карта на археолошките наоѓалишта во Република Македонија (ги има неколку илјади)
  • За археолошките наоѓалишта да се обезбеди фото архива на артефактите и местоположбата
  • Создавање на статии за сите значајни археолошки наоѓалишта во Република Македонија
  • Создавање на статии за сите значајни археолошки наоѓалишта во светот
  • Создавање на статии за познати археолози
  • Документирање на археолошки техники
  • Создавање на статии за одредени временски периоди, земји или региони
  • Меѓувики статиите од областа на археологијата на другите јазични изданија на Википедија

НасловУреди

Археомак

УчеснициУреди

Во продолжение следи список на Википедијанци учесници во овој проект. Ако сте заинтересирани за учество во проектот, слободно придружете се и станете дел од тимот. На вашата корисничка страница можете да додадете шаблон дека сте член на проектниот тим.

  Овој корисник е член на ВикиПроектот Археомак 2.0


.


Регистрирани членовиУреди

Фази на проектотУреди

Фаза 1Уреди

Определување на списоци на археолошки наоѓалишта по населени места, од типот на Чифлик (археолошки наоѓалишта). Насловот на списокот се дефинира според принципот:

населено место отворена мала заграда археолошки наоѓалишта затворена мала заграда
Чифлик (археолошки наоѓалишта)

Во оваа фаза се врши исто така и вики форматирање на текстот според достапните податоци.

Се врши избор на назив на наоѓалиштеот, според принципот:

локален назив цртичка населено место отворена мала заграда археолошко наоѓалиште затворена мала заграда
Градиште - Чифлик (археолошко наоѓалиште)

За пошироко познатаите археолошки наоѓалишта се зема називот како што е пошироко познат. Пример Скопско кале наместо Кале - Скопје (археолошко наоѓалиште).

На почетокот и крајот од списокот се додава тагот <includeonly> кој овозможува вклучување на списокот во други статии. Пример, во статијата за селото Будинарци е вклучен списокот Будинарци (археолошки наоѓалишта), на тој начин што е формиран нов наслов, Археолошки наоѓалишта и се врши вклучување на списокот на следниов начин {{:Будинарци (археолошки наоѓалишта)}}.

Фаза 2Уреди

Во оваа фаза се врши разбивање на списокот на археолошки наоѓалишта, при што се формира посебна статија за секој наоѓалиште во списокот. Пример за така урдена статија е статијата Бреза - Берово (археолошко наоѓалиште). Овие статии се користат со {{Инфокутија - археолошки наоѓалишта во Република Македонија}}, која има неколку параметри за пополнување во зависност од типот на археолошкото наоѓалиште и археолошкиот период во кој се категоризира наоѓалиштето. Можно е да се дефинираат до три типа и три временски периода. Инфокутијата автоматски врши категоризација според тип и временски период.

Од список на археолошки наоѓалишта Берово (археолошки наоѓалишта) се бришат сите податоци за наоѓалиштеот освен најсуштинските: локален назив на наоѓалиштеот, тип и временски период.

Фаза 3Уреди

Во оваа фаза се вршат надополнувања на вака создадените статии со расположиви податоци, врски, фотографии и слично.

Како можете да помогнете?Уреди

Вклучете се во било која од фазите и дадете свој допринос во уредувањето на статиите. На страницата за разговор секој кој сака да создаде списоци на археолошки наоѓалишта отвора посебно заглавие каде што ги наведува списоците кои има намера да ги создаде со цел да не дојде до преклопување во работата. Се евидентира кој го создал списокот (фаза 1), кој ја завршил фаза 2 и кој учествувал во фаза 3.

Секој може да се вклучи во било која фаза од проектот. Може да се работи и паралелно во било која фаза од проектот со произволен број на учесници.

Вашето учество е добредојдено и драгоцено, без разлика од кој квалитет и интензитет ќе биде.

СтруктураУреди

Основни статииУреди

Археолошки временски периодиУреди

Трипериоден систем
Холоцен Железно време Протоисторија
Доцно бронзено време  
Средно бронзено време
Младо бронзено време
Бронзено време
Бакарно време (енеолит)    
Младо камено време (неолит) Праисторија
Мезолит / Епипалеолит
Плеистоцен Доцен палеолит  
Среден палеолит
Ран палеолит
Палеолит
Камено време

Археологија по региониУреди

Археолошка праксаУреди

Методи и принципи во археологијатаУреди

Археолошка теоријаУреди

Историја на археологијатаУреди

Археолошка наукаУреди

Археолошки списоциУреди

Список на списоци на археолошки наоѓалиштаУреди

Во продолжени следи список на списоци на археолошки наоѓалишта во Република Макеоднија кои се во фокусот на овој проект.

Википедија:Проект:Археомак 2.0 / листа на листи на археолошки наоѓалишта

ШаблониУреди

  • {{Трипериоден систем}} – трипериоден систем, шаблон за навигација низ археолошките периоди - се додава во основните статии за археолошките доба.
  • {{археологија-никулец}} – статиија никулец од областа на археологијата - се додава на крајот од статија никулец.
  • {{ВикиПроект Археомак 2.0}} – ознака дека статијата е дел од проектот Археомак 2.0 - се додава во страницата на разговор на соодветната статија.
  • {{Инфокутија - археолошки наоѓалишта во Република Македонија}} – инфокутија за археолошки наоѓалишта во Република Македонија, се додава во статијата на соодветното археолошко наошѓалиште. Врши автоматска категоризација по тип на наоѓалиштето и археолошко доба.
  • {{Корисник ВикиПроект Археомак 2.0}} – шаблон за учесници во проектот, секој корисник член на проектот ја додава на својата корисничка страница.
  • {{ВикиПроект Археомак 2.0 хипер навигација}} – шаблон за брза навигација кон порталот и прокетот за археологија, се поставува во статии, категории, страници за разговор. Се појавува во грониот десен агол од екранот.
  • {{Археомак 2.0 графички знак}} – шаблон за прикажување на археолошки знаци за типови на археолошки наоѓалишта.


Овој шаблон најчесто се користи во комбинација со {{Инфокутија - археолошки локалитети во Република Македонија}}.

Типови на археолошки локалитети:

Временски периоди