Документи на кора од бреза
Документи на кора од бреза (руски: берестяные грамоты ) — средновековни руски текстови, повеќето пронајдени во Новгород, но пронајдени исто така и во други градов и во Русија, особено во Псков и Смоленск.
Откривање
уредиДокументите на кора од бреза се релативно нов извор (непознати до 1951 година), бројни (преку 1050 текстови од Новгород и скоро 100 од другите средновековни руски градови) со специфични црти кои ги прават тешки за проучување.
Првиот документ бил пронајде на 26 јули 1951 година од археолошката експедиција Новгород под водство на Артемиј Артсиховски. Други експедиции работат во Новгород скоро педесетина години дополнително пронашле повеќе од 1000 документи. Слични документи биле пронајдени во Стараја Руса и во Торжок (градови во Новгородската Република), во Псков, Твер, Смоленск, Рјазањ и во Москва; во Белорусија, во Витебск и во Мстислав, и во Украина, во Звенигород Волињ. Меѓутоа ниту нивниот број, ниту нивниот квалитет не можат да се споредат со огромниот корпус на документи од Новгород. Испитани се само 1% слоеви потенцијално богати со остатоци од материјална култура, што остава да се претпостави дека постојат илјадници други документи за откривање. Текстовите на овие документи, нивните копии, нивните преводи и коментарите биле објавени во серија на академска едиција „Документи на кора од бреза од Новгород, ископини од годините...“, под водство на самиот Артсиховски.
Особености
уредиДокументите се гравирани на внатрешната површина на кората, со метален или коскен инструмент наречен „писало“ (пронајдени се исто така и многу писала). Има само три документи напишани со мастило (од кои еден многу редок московски документ пронајден во 2007 година). Кога хартијата поевтинила, во 15 век, престанала да се користи кората. Археолошките наоѓалишта каде се пронајдени документите датираат од 11 до 15 век. Можно е дека документите во постарите наоѓалишта не успеале да му одолеат на забот на времето.
Повеќето пронајдени документи не припаѓаат на архива. Најчесто корите биле фрлени на земја. Новгороѓаните газеле по документите. Така, еден пасус од „Прашања од Кирик“ (12 век) се однесува без сомнение на корите: „Грев ли е, ако некој фрли скинат запис (грамота) на земја и гази одозгора, и ако се знаат зборовите?“
Пергаментот бил крајно скап и не можел соодветно да се третира, додека хартијата сè уште не била позната. Кирик пишува дека документите биле фрлени „скинати“, што значи дека текстот бил скинат така што не можела да се разбере идејата ана текстот, да се знае авторот, итн. Навистина дел од големиот број текстови ѝ припаѓа на групата „документи искинати со цел за нивно уништување“. Се наоѓа само обраќањето и евентуално придружено со неколку линии текст. Покрај ова, повеќето текстови имаат физички оштетувања заради староста. Заради овие две работи толкувањето на текстот често е многу тешко.
Сепак постојат доста документи без никакви оштетувања кои се одлично сочувани. Во некои провинциски градови, како Стараја Руса и Торжок, процентот на нечепнати текстови е повисок отколку во Новгород. Ова би можело да се должи на фактот што малкумина знаеле да читаа и следствено не било неопходно да се уништуваат писмата.
Тематика
уредиДокументите им припаѓаат на разни категории според тематиката. Повеќето се лични писма кои содржат обраќање („од А до Б“, „поздрав од А до Б“, итн., разни обраќања кои имаат хронолошка вредност). Има доста списоци на должници, службени документи, белешки за себеси, дури и книжевни дела. Личните писма скоро секогаш се кратки, авторите не кажуваат ништо што примачот веќе го знае. Сепак меѓу писмата има ремек-дела на уметноста на пишување писма.
Дати
уредиДокументите се датирани според стратиграфски докази, слоевите на почвата во Новгород се доста добро датирана користејќи дандрографски податоци што ги даваат годовите од дрвата на старите подови. По собирањето на доста голема количина на документи, истите може да се датираат и по нестратиграфски индиции, вклучувајќи ја и палеографијата, формулациите на јазикот, идентификација на протагонистите со лицата кои се споменати во хрониките.
Јазик
уредиСкоро сите документи се пишувани на стар новгородски, словенски дијалект многу близок до стандардниот староруски од Киев, но кој се разликува во повеќе нешта на фонетски план, граматички и лексички план. Исто така, половина од документите се напишани користејќи правописен систем каде буквите o и ъ, е и ь, се користени како варијанти на иста буква. Првите дешифранти на овие документи не го знаеја тоа, па нивните преводи подоцна се коригирани.