Отвори го главното мени

Вилендорфска Венера (германски: Venus von Willendorf) — статуетка од типот „палеолитска Венера“ изработена помеѓу 28.000 и 25.000 г. пр. н. е. и висока 11,1 см.[1] Овој исклучително познат праисториски артефакт е пронајдена е во 1908 г. од работник во текот на ископувањата на археолозите Јозеф Сомбати и Хуго Обермајер и Јозеф Бајер на палеолитско наоѓалиште кај селото Вилендорф, недалеку од Кремс, Долна Австрија.[2][3] Изрезбана е од оолитски варовник кој не е присутен во подрачјето и обоена е со црвен окер. Денес статуетката се чува во Природонаучниот музеј во Виена.[4]

Вилендорфска Венера
Venus von Willendorf 01.jpg
Материјалоолитски варовник
Создаден~ 28.000 – 25.000 г. п.н.е.
Откриен1908
ОтлривачЈозеф Сомбати
Тековно наоѓалиштеПриродонаучен музеј, Виена, Австрија

Пронајдени се неколку други статуетки и други облици, збирно наречени Венерини статуетки, иако се многу постари од замислата за божицата Венера.

Содржина

DatingУреди

Отсекогаш било познато дека статуетката е многу стара, но во 1990 г. е применета стратиграфија на наоѓалиштето, утврдувајќи ѝ ја староста 24.000–22.000 г. пр. н. е..[2] Според поновите испитувања, се смета дека Вилендорфската Венера е изрезбана меѓу 28.000 и 25.000 г. пр. н. е., во текот на старото камено време (палеолит).[3]

Толкување и наменаУреди

Многу малку е познао за потеклото, начинот на изработка и културното значење на статуетката.[5] Како и многу други вакви статуетки, Вилендорфската Венера нема стапала и не може да стои самата, што значи дека веројатно била забодена во земја. На телото се изразени оние делови поврзани со плодноста и мајчинството, поради што се претпоставува дека се работи за божица на плодноста, т.е. божица-мајка.[5] Статуетката нема лице, а главата и е пркриена со прстенести појаси кои можеби претставуваат исплетена коса.[6]

Постои шпекулација дека ваквите статуетки се автопортрет на жени од тоа време кои, во отсуство на огледало, ги правеле без лице и други делови од телото.[7]

ПоврзаноУреди

НаводиУреди

  1. Nude Woman (Venus of Willendorf), Smarthistory
  2. 2,0 2,1 Venus of Willendorf Christopher L. C. E. Witcombe, 2003.
  3. 3,0 3,1 John J Reich; Lawrence Cunningham (2013) Culture and Values: A Survey of the Humanities, 8th Ed., Andover, Belmont, CA ISBN 978-11-33-95122-3
  4. Witcombe, Christopher (2003) Venus of Willendorf, retrieved 2008
  5. 5,0 5,1 Lawrence Cunningham; John J Reich (2006). Culture and values : a survey of the humanities. Belmont, CA: Wadsworth. ISBN 978-11-33-94533-8. 
  6. "Woman from Willendorf". Christopher L. C. E. Witcombe. 2003. "The rows are not one continuous spiral but are, in fact, composed in seven concentric horizontal bands that encircle the head and two more horizontal bands underneath the first seven on the back of the head."
  7. McDermott, LeRoy. "Self-Representation in Upper Paleolithic Female Figurines". Current Anthropology, том 37, бр. 2, April., 1996. стр. 227-275.

Надворешни врскиУреди