Камена секира
Секира од отсечен камен е праисториско оружје кое е направено со еднострано или двострано отсечување на парче суровина.
Сечилото е латерално или трансферзално во однос на оската на оружјето.
Типични за постара среднопалеолитска култура (Ашелската култура во северна Африка).
Изработувани се во финалнопалеолитски и мезолитски култури на северна Европа. Се Претпоставува дека се користени за сечење на шума и обработка на дрво. Типолошки и хронолошки мезолитските скири се прототип за подоцнежна продукција на неолитски измазнети секири. Во неолитот постојат 2 основни вида:
- рамни, плоснати секири, врзани за рачката со канап или вглавувани во расечено дрво,
- секири со всадување, т.е. дупка во средината низ која е провлечена рачка.