Институт за историја на уметност и археологија
Оваа статија можеби бара дополнително внимание за да ги исполни стандардите за квалитет на Википедија. Ве молиме подобрете ја оваа статија ако можете. |
Институтот за Историја на уметноста со археологија при Филозофскиот факултет е наследник на Групата за историја и уметност основана во учебната 1946/47 година. Групата привремено била затворена во 1951 година, но наставата по Историја на уметноста во различен обем и степен е одвивана во рамките на Групата за историја. Наставата од почетокот е изведувана со научен кадар од Македонија и од други места на тогашна Југославија. Со време, создаден е наставно-научен кадар кој е вклучен во повторно основаната Наставно-научна студиска група за историја на уметноста со археологија, која започнала со работа учебната 1973/74 година. Таа прерасна во сегашниот Институт за историја на уметноста со археологија.
Библиотека
уредиБиблиотеката на Институтот за историја на уметноста и археологија е наследник на библиотеката којашто функционирала во рамките на Групата за историја на уметноста при Филозофскиот факултет во Скопје, оформена во учебната 1946/47 година. Таа располага со специјализирана литература на повеќето светски јазици од областа на дисциплините коишто се изучуваат на Институтот, археологијата и историјата на уметноста, од предеисторискиот период до денес. Таа располага со околу 8000 книги и периодични изданија од домашни и странски издавачи.
Денешни наставници и соработници
уреди- Елица Манева, редовен професор
- Средновековна археологија
- Ранохристијанска археологија
- Владимир Величковски, вонреден професор
- Модерна и современа уметност
- Современа македонска уметност
- Елизабета Димитрова
- Вовед во историја на уметноста
- Историја на уметноста на македонскиот народ-среден век
- Ранохристијанска археологија
- Драги Митревски, редовен професор[1]
- Праисториска археологија
- Протоисториска археологија
- Методологија на теренските археолошки истражувања
- Виктор Лилчиќ, вонреден професор
- Вовед во археологијата
- Класична археологија II (Римска археологија)
- Методологија на кабинетските археолошки истражувања
- Никос Чаусидис, доцент
- Музеологија и конзервација
- Музеологија
- Занаетчиски технологии и конзервација
- Ликовна семиотика
- Анета Серафимова, доцент
- Историја на византиската уметност
- Историја на македонскиот народ од 15.век до 1900.
- Снежана Филипова, доцент
- Средновековна европска уметност
- Хералдика
- Татјана Филиповска, доцент
- Западноевропска уметност на новиот век
- Марјан Јованов, асистент
- Историја на уметноста на старите народи
- Класична археологија I