Самоска керамика
Самоска керамика или Источна Б сигилата е вид на староримска керамика со црвена обвивка.
Некои антички писатели честопати садовите со црвена обвивка ги нарекувале »Самоско«. Повеќето научници сметаат дека на исток се произведувал еден вид на керамика со црвен премаз во непознати центри, од кои се петпоставува дека еден бил кај Пријен.[1] Производството траело во текот на 2 век. Садовите се извезувале во Италија под името »Самоско«.
Во почетокот оваа керамика била во црна боја, додека подоцна добила црвена обвивка. Се дели на А група и Б група. Во првата група се поквалитетни садови, од фино прочистена земја, со боја на цимет или темноцрвена, обвивката е нанесена во два слоја и е во портокалова боја. Формите се различни, но отсуствуваат садови со релјеф.
Помладата керамика не е тврдо печена, има поедноставна форма и посветли бои.
Датирањето не е сигурно.
Самоска керамика е откриена готово во цела Грција, особено на Самос, потоа во Сирија јужна Русија, Палестина, Помпеја и Херкуланум.
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ Александрина Цермановић Кузмановић, Римска керамика, Београд, 1981.
Литература
уреди- P.Mirti, L.Appolonia & A.Casoli 1999 Technological features of Roman Terra Sigillate from Gallic and Italian centres of production Journal of Archaeological Science vol. 26 pp1427–35