Википедија:ВикиПроект Археомак
Проектот Археомак има за цел да помогне постоечките и новосоздадените статии од областа на археологијата и информациите содржани во нив подобро да се организираат, да се координира работата на википедијанците во поглед на категоризација, надополнување и презентација на археолошките информации. Страницата на проектот и соодветните потстраници содржат основни принципи кои би требало да помогнат во насочување на работата на википедијанците.
Ако сте заинтересирани да се вклучите во овој проект, слободно дадете ги своите коментари на страницата за разговор на овој проект, станете активен член на проектниот тим или едноставно дадете придонес во уредувањето на статиите и информациите од оваа област.
Цели
уредиРаботата на учесниците во овој проект ќе биде фокусирана на
- Создавање на нови квалитетни статии
- Редизајн на постоечките статии
- Создавање на портал за Археологија.
- Создавање на лична карта на археолошките наоѓалишта во Република Македонија (ги има неколку илјади)
- За археолошките наоѓалишта да се обезбеди фото архива на артефактите и местоположбата
- Создавање на статии за сите значајни археолошки наоѓалишта во Република Македонија
- Создавање на статии за сите значајни археолошки наоѓалишта во светот
- Создавање на статии за познати археолози
- Документирање на археолошки техники
- Создавање на статии за одредени временски периоди, земји или региони
- Меѓувики статиите од областа на археологијата на другите јазични изданија на Википедија
Наслов
уредиАрхеомак
Учесници
уредиВо продолжение следи список на википедијанци учесници во овој проект. Ако сте заинтересирани за учество во проектот, слободно придружете се и станете дел од тимот. На вашата корисничка страница можете да додадете предлошка дека сте член на проектниот тим.
Овој корисник е член на ВикиПроектот Археомак 2.0 |
.
Регистрирани членови
уреди- Arwena 13 август 2007 (UTC)
- brest 23:24, 13 август 2007 (UTC), техничко уредување на статиите и порталот
- Виктор Јованоски 10:21, 14 август 2007 (UTC)
- Б. Јанкулоски 12:35, 16 август 2007 (UTC)
- --Р ашо 11:41, 23 јануари 2011 (CET)
Фази на проектот
уредиФаза 1
уредиОпределување на списоци на археолошки наоѓалишта по населени места, од типот на Чифлик (археолошки наоѓалишта). Насловот на списокот се дефинира според принципот:
- населено место отворена мала заграда археолошки наоѓалишта затворена мала заграда
- Чифлик (археолошки наоѓалишта)
Во оваа фаза се врши исто така и вики форматирање на текстот според достапните податоци.
Се врши избор на назив на наоѓалиштето, според принципот:
- месен назив цртичка населено место отворена мала заграда археолошко наоѓалиште затворена мала заграда
- Градиште - Чифлик (археолошко наоѓалиште)
За пошироко познатаите археолошки наоѓалишта се зема називот како што е пошироко познат. Пример Скопско кале наместо Кале - Скопје (археолошко наоѓалиште).
На почетокот и крајот од списокот се додава тагот <includeonly> кој овозможува вклучување на списокот во други статии. Пример, во статијата за селото Будинарци е вклучен списокот Будинарци (археолошки наоѓалишта), на тој начин што е формиран нов наслов, Археолошки наоѓалишта и се врши вклучување на списокот на следниов начин {{:Будинарци (археолошки наоѓалишта)}}.
Фаза 2
уредиВо оваа фаза се врши разбивање на списокот на археолошки наоѓалишта, при што се формира посебна статија за секој наоѓалиште во списокот. Пример за така урдена статија е статијата Бреза - Берово (археолошко наоѓалиште). Овие статии се користат со {{Инфокутија Археолошко наоѓалиште во Македонија}}, која има неколку параметри за пополнување во зависност од типот на наоѓалиштето и периодот во кој тоа се категоризира. Можно е да се дефинираат до три типа и три временски периода. Инфокутијата автоматски врши категоризација според тип и временски период.
Од список на археолошки наоѓалишта Берово (археолошки наоѓалишта) се бришат сите податоци за наоѓалиштето освен најсуштинските: локален назив на наоѓалиштето, тип и временски период.
Фаза 3
уредиВо оваа фаза се вршат надополнувања на вака создадените статии со расположливи податоци, врски, фотографии и слично.
Како можете да помогнете?
уредиВклучете се во било која од фазите и дадете свој придонес во уредувањето на статиите. На страницата за разговор секој кој сака да создаде списоци на археолошки наоѓалишта отвора посебно заглавие каде што ги наведува списоците кои има намера да ги создаде со цел да не дојде до преклопување во работата. Се евидентира кој го создал списокот (фаза 1), кој ја завршил фаза 2 и кој учествувал во фаза 3.
Секој може да се вклучи во било која фаза од проектот. Може да се работи и паралелно во било која фаза од проектот со произволен број на учесници.
Вашето учество е добредојдено и драгоцено, без разлика од кој квалитет и интензитет ќе биде.
Структура
уредиОсновни статии
уреди- Археологија — како и основната категорија во која се категоризирани статиите
- Integrated overview
Археолошки временски периоди
уреди- Праисторија
- Камено доба
- Ран палеолит
- Среден палеолит
- Доцен палеолит
- Епипалеолит
- Мезолит или Средно камено доба
- Неолит или Младо камено доба
- Бакарно доба или енеолит
- Бронзено доба
- Железно доба
- Протоисторија
- Архајски период
- Класичен период
- Предримска археологија види и под Хеленизам
- Антички период или Антика
- Римска археологија
- Доцна антика
- Библиска археологија
- Христијанска археологија
- Средновековна археологија или Среден век
- Доцен среден век
- Индустриска археологија
Археологија по региони
уредиАрхеолошки списоци
уредиСписок на списоци на археолошки наоѓалишта
уредиВо продолжени следи список на списоци на археолошки наоѓалишта во Република Македонија кои се во фокусот на овој проект.
Р. бр. | Списоци | |
---|---|---|
1 | I | Берово |
2 | II | Битолско |
3 | III | Поречко |
4 | IV | Валандовско |
5 | V | Велес |
6 | VI | Виница |
7 | VII | Гевгелија |
8 | VIII | Гостивар |
9 | IX | Дебар |
10 | X | Делчево |
11 | XI | Демир Хисар |
12 | XII | Кавадарци |
13 | XIII | Кичево |
14 | XIV | Кочани |
15 | XV | Кратово |
16 | XVI | Крива Паланка |
17 | XVII | Крушево |
18 | XVIII | Куманово |
19 | XIX | Неготино |
20 | XX | Охрид |
21 | XXI | Прилепско |
22 | XXII | Пробиштип |
23 | XXIV | Ресенско |
24 | XXIII | Радовиш |
25 | XXV | Свети Николе |
26 | XXVI | Скопје |
27 | XXVII | Струга |
28 | XXVIII | Струмица |
29 | XXIX | Тетово |
30 | XXX | Штип |
Предлошки
уреди- {{Трипериоден систем}} — трипериоден систем, прегледничка кутија низ археолошките периоди - се додава во основните статии за археолошките доба.
- {{археологија-никулец}} — статиија никулец од областа на археологијата - се додава на крајот од статија никулец.
- {{ВикиПроект Археомак 2.0}} — ознака дека статијата е дел од проектот Археомак 2.0 - се додава во страницата на разговор на соодветната статија.
- {{Инфокутија Археолошко наоѓалиште во Македонија}} — инфокутија за археолошки наоѓалишта во Република Македонија, се додава во статијата на соодветното археолошко наошѓалиште. Врши автоматска категоризација по тип на наоѓалиштето и археолошко доба.
- {{Корисник ВикиПроект Археомак 2.0}} — предлшка за учесници во проектот, секој корисник член на проектот ја додава на својата корисничка страница.
- {{ВикиПроект Археомак 2.0 хипер навигација}} — предлошка за брз преглед на порталските содржини и прокетот за археологија, се поставува во статии, категории, страници за разговор. Се појавува во грониот десен агол од екранот.
- {{Археомак 2.0 графички знак}} — предлошка за прикажување на археолошки знаци за типови на археолошки наоѓалишта.
Оваа предлошка најчесто се користи во комбинација со {{Инфокутија Археолошко наоѓалиште во Македонија}}.
Типови на археолошки наоѓалишта:
Временски периоди