Планинарски предизвик „12 Врвови“
Планинарски предизвик „12 Врвови“ — акција на планинарското друштво Трансверзалец којашто се состои од еднодневни походи со цел искачување на 12 врвови на територијата на Македонија. Предизвикот започнал во октомври 2016 година. Акцијата е поддржана од здружението на граѓани Единствена Македонија, како и претпријатијата Алгасан и Диманго.

Опис Уреди
Предизвикот е осмислен по иницијатива на Марио Шаревски, кој во 2016 година ја превел и уредил книгата „Материјали по изучувањето на Македонија“ од Ѓорче Петров, во која детално се опишани планините во Македонија.[1] Предизвикот опфаќа обележување и искачување на 12 „непознати и најмалку посетени“ врвови на различни планини во Македонија, а во него може да учествува секое полнолетно лице со добра физичка и психичка подготвеност за целодневни планинарски походи. Учесниците кои ќе се искачат на сите 12 врвови во рамки на предизвикот, покрај значка и признаница, ќе добијат и примерок од споменатото дело на Ѓорче Петров.[2] Тематиката за искачување на врвовите по целата територија на Македонија, може да биде од различен карактер и да се однесува на: географските појави во близина на врвовите како леднички езера, водопади, извори, културно-историското значење на врвовите како археолошки ископини, познати во народното творештво и историјата по некој настан, биоразновидноста односно застапеноста на ретки растителни видови во околината на врвот итн.
Список на врвови Уреди
Изборот на врвови е извршен врз основа на нивното значење како највисоки, историски, езерски и биодиверзитетски.[1] Врвовите кои се дел од предизвикот се следните:[2]
Врв | Височина | Планина | Месец |
---|---|---|---|
Лисец | 1.935 м | Голешница | октомври 2016 |
Лисец | 1.527 м | Осоговски Планини | ноември 2016 |
Водени Камен | 1.259 м | Жеден | декември 2016 |
Плат | 2.398 м | Шар Планина | јануари 2017 |
Орле | 1.480 м | Вишешница | февруари 2017 |
Мовнатец | 1.564 м | Даутица | март 2017 |
Лиска | 1.908 м | Илинска Планина | април 2017 |
Добра Вода | 2.062 м | Челоица | мај 2017 |
Веливар | 2.373 м | Дешат | јуни 2017 |
Стрижак | 2.233 м | Јабланица | јули 2017 |
Самаркајасен | 1.877 м | Беласица | август 2017 |
Брзовец | 2.082 м | Бистра | септември 2017 |
Плавник | 2.126 м | Даутица | октомври 2017 |
Зајачница | 1.760 м | Сува Планина | ноември 2017 |
Попово Гумно | 1.193 м | Китка | декември 2017 |
Гоглин | 1.197 м | Козјак | јануари 2018 |
Клепа | 1.150 м | Клепа | февруари 2018 |
Висока | 1.472 м | Селечка Планина | март 2018 |
Чупино | 1.725 м | Плачковица | април 2018 |
Кадиица | 1.932 м | Влаина | мај 2018 |
Бачилски Камен | 1.928 м | Кораб | јуни 2018 |
Канеш | 2.218 м | Стогово | јули 2018 |
Радуч | 2.083 м | Јабланица | август 2018 |
Трпезница | 2.590 м | Шар Планина | септември 2018 |
Голема Враца | 2.582 м | Шар Планина | октомври 2018 |
Бејаз Тепе | 1.348 м | Средна | ноември 2018 |
Тепе | 1.526 м | Буковиќ | декември 2018 |
Свински Камен | 1.625 м | Скопска Црна Гора | јануари 2019 |
Волчјак | 1.159 м | Серта | февруари 2019 |
Уво | 1.472 м | Осоговски Планини | март 2019 |
Два Камна | 1.919 м | Бистра | април 2018 |
Трите Страги | 1.478 м | Дрен Планина | мај 2019 |
Голема Грива | 2.215 м | Баба | јуни 2019 |
Кале | 2.112 м | Јакупица | јули 2019 |
Лакосигној | 1.984 м | Галичица | август 2019 |
Дудица | 2.132 м | Кожуф | септември 2019 |
Бистрички Врв | 2.572 м | Шар Планина | октомври 2019 |
Фојник | 1.420 м | Сува Гора | ноември 2019 |
Бајрак | 1.527 м | Караџица | декември 2019 |
Перен | 1.326 м | Козјак | јануари 2020 |
Кафчал | 1.757 м | Лубен | февруари 2020 |
Унка | 1.362 м | Беласица | март 2020 |
Ченгино Кале | 1.752 м | Малешевски Планини | април 2020 |
Орли Врв | 1.794 м | Караорман | мај 2020 |
Голем Рид | 2.015 м | Бистра | јуни 2020 |
Боази | 2.495 м | Кораб | јули 2020 |
Старков Заб | 2.233 м | Ниџе | август 2020 |
Китка | 1.903 м | Осоговски Планини | септември 2020 |
Крајни Камен | 2.093 м | Караџица | октомври 2020 |
Огражденец | 1.744 м | Огражден | ноември 2020 |
Петлец | 1.352 м | Малешевски Планини | декември 2020 |
Бошанов Камен | 1.545 м | Билино | јануари 2021 |
Мусица | 1.791 м | Бушева Планина | февруари 2021 |
Зелка | 1.426 м | Козјак | март 2021 |
Ченгино Кале | 1.998 м | Плаќенска Планина (Бигла) | април 2021 |
Црвена Плоча | 2.107 м | Крчин (Дешат) | мај 2021 |
Чапарец | 2.272 м | Кораб | јуни 2021 |
Расенгул | 2.382 м | Шар Планина | јули 2021 |
Тепено | 2.158 м | Галичица | август 2021 |
Стол | 2.131 м | Баба | септември 2021 |
Кабаш | 2.391 м | Кораб | октомври 2021 |
- Галерија на слики
-
Лисец (1.935 м) на планината Голешница
-
Плат (2.398 м) на Шар Планина
-
Лиска (1.908 м) на Илинска Планина
-
Добра Вода (2.062) на Челоица
-
Веливар (2.373 м) на Дешат
-
Стрижак (2.233 м) на Јабланица
-
Самаркајасен (1.877 м; лево) на Беласица
-
Брзовец (2.082 м) на Бистра
Повзано Уреди
Наводи Уреди
- ↑ 1,0 1,1 Ј., С. (20 декември 2016). „Колку маркирани планини, толку видливи убавини“. Нова Македонија. Посетено на 5 мај 2017.
- ↑ 2,0 2,1 Д., Л. (4 октомври 2016). „Почна планинарскиот предизвик „12 Врвови"“. Нова Македонија. Посетено на 5 мај 2017.