Унка

Поглед на врвот Унка
Висина &100000000000013620000001.362 м
Место Македонија Македонија Македонија
ВенецБеласица
Прво освојувањенепознато

Унка (на некои географски карти и: Унка Тепе) е врв на крајниот западен дел на протегање, на јужната падина на планината Беласица во Валандовско, во крајниот југоисточен дел на Македонија[1]. Неговата надморска височина изнесува 1362 метри. Сместен е во многу оддалечен густ шумовит предел во изворишниот дел на повеќе потоци кои ја составуваат Коџа Дере односно Анска Река. Врвот Унка се наоѓа целосно на територијата на Македонија, а недалеку од него на околу 2 километри на исток кај изворот Аџи Бунар и врвот Троица (1474 м.) е линијата на македонско-грчката граница и старите погранични караули од двете страни. Иако најголемиот дел од топонимијата и имињата на месностите во целиот поширок предел се од турско потекло, самото турско население од селата во подножјето не знае што значи и нема толкување за името на врвот Унка[2], поради што може да се претпостави дека тоа потекнува од македонско старословенско потекло од зборовите хумка поради самиот испакнат и заоблен облик на врвот или пак од хунија вдланатина со кружен стеснет облик како инка, каква што има на североисточното подножје веднаш под самиот врв, при што со текот на времето од хумка или хунија(ка) името да се престорило во сегашното Унка. Самиот предел е исполнет со многу ретки природни убавини и знаменитости, како што се разните карпи со чудесни облици наречени „Орел“, „Престол“, „Среден Прст“, „Мокра Карпа“ и повеќе водопади, меѓу кои: Ѓаволски или Кочулиски водопад висок 16,50 метри, водопадот Котел висок 13 метри, скалестиот водопад (Разигран или шарен водопад) висок 40 метри кој почнува со 10 помали водопади и завршува со пад од 12 метри. Патеката за искачување на врвот Унка започнува од селото Кочули од каде до врвот Унка, се стигнува за околу 3 часа пешачење. Попатно има добар поглед и разни форми на карпи. Од врвот Унка се гледа Дојранското Езеро како на дланка, како и планините Кожуф, Пајак и Олимп во далечината над Егејското Море.

Галерија

уреди

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. Шаревски, Марио (2019). „Планинарски предизвик 12 Врвови“ (брошура, IV сезона 2019/2020). Алгасан, ПД „Трансверзалец“, Единствена Македонија. стр. 7.
  2. Забележале Марио Шаревски (Корисник:Македонец), Гоце Монев, Драги Куцуловски, Зоран Костадинов, Јовче Николовски, во селата Кочули, Бајрамбос и Башибос на 01.02.2020