Плоча (врв)
Плоча е врв на Шар Планина кој е висок 2.467 м надморска височина. Плоча се наоѓа над Лешочка Река и селата Лешок, Слатина, Варвара, Сетоле, Отуње и Брезно. Името го добила поради тоа што е сместена амфитеатрално во вид на коњска потковица, за што народот ја нарекол Плоча.