Стрижак

врв на планината Јабланица во Македонија
Стрижак

Висина &100000000000022330000002.233 м
Место Македонија Македонија
ВенецЈабланица
Прво освојувањенепознато

Стрижак (на топографски карти и Стрижек) — планински врв на Јабланица, во западниот дел на Македонија. Неговата надморска височина изнесува 2.233 метри[1], со што тој е вториот највисок врв на планината Јабланица. Се наоѓа во средишниот дел на планината Јабланица, односно во крајниот северниот дел на нејзиното главно било, во непосредната близина на врвот Пупуљак и двете езера Горно и Долно Лабунишко Езеро и непосредно во линија западно над Лабуништа и југозападно од селото Јабланица од каде поради длабоката клисура што ја формира Јабланичка Река во неговото подножје само го засилува таквиот доминантен изглед на Стрижак[2]. Препознатлив е по својот многу интересен и доминантен остар и издаден изглед во однос на длабокиот дол кон југ. Од главниот срт на протегање на планината Јабланица е одвоен кон исток и е поврзан со седлото (превојот) Невестин Гроб, а од блискиот врв Пупуљак е поставен на исток. На неговата западна и југозападна падина има карпест предел и сипар со ситни камења. Секоја година на 13 јули Павловден (Павел) помеѓу месното население постои традиција на искачување на Стрижак и посета на прекрасните леднички езерца што се на Св. Павле на овие простори во време на неговото мисија за ширење на христијанството низ Македонија[2]. Врвот Стрижак бил 10 врв за искачување во програмата на Планинарскиот предизвик „12 Врвови“ во јули 2017 година.

Галерија

уреди

Наводи

уреди
  1. „Студија за геодиверзитетот и геонаследството на Република Македонија и другите компоненти на природата (биолошка и пределска разновидност)“ (PDF). Скопје: Министерство за животна средина и просторно планирање. 2016. стр. 102. Посетено на 16 јануари 2024.
  2. 2,0 2,1 „Мојата Јабланица“ - Природни убавини