Волчјак (планински врв)

Планински врв на Серта
Волчјак

Поглед од север на највисоката кота на Волјчак
Висина &100000000000011590000001.159 м
Место Македонија Македонија
ВенецСерта
Прво освојувањенепознато
Најлесна патекадрварски пат од с.Лубница

Волчјак (на месен говор В'чјак или В'лчак) — највисок врв и гребен на планината Серта во источниот дел на Македонија, помеѓу Повардарието и областа Лакавичко во Радовишко. Неговата надморска височина изнесува 1159 метри[1]. Сместен е на истоимениот издолжен планински гребен со меридијански правец на протегање север - југ во средишниот дел на планината Серта (Конечка Планина). Поточно, сместен е во средишниот дел на раздробеното планинско било, со неопределен срт, југозападно од радовишкото село Конче и на север од течението на Вардар во Демиркаписката Клисура[2] Од врвот се пружа извонредна глетка на целата планина Серта, долината на Вардар со клисурата и гратчето Демир Капија и планината Кожуф на запад, Гевгелиско-валандовската котлина на југ, планината Пирин на исток и планините Клепа и Мокра на север. На самиот планински гребен има присуство на доста волци и друг дивеч, поради што најверојатно го добил и името. Источната падина на Волчјак кон Радовишко е обрасната со букова шума, но е многу обесшумена и опустошена од дрвосеча.

Галерија

уреди

Наводи

уреди
  1. „Студија за геодиверзитетот и геонаследството на Република Македонија и другите компоненти на природата (биолошка и пределска разновидност)“ (PDF). Скопје: Министерство за животна средина и просторно планирање. 2016. стр. 119. Посетено на 16 јануари 2024.
  2. Шаревски, Марио (2018). „Планинарски предизвик 12 Врвови“ (брошура). Алгасан, ПД „Трансверзалец“, Единствена Македонија. стр. 6.