Крајни Камен

Поглед на врвот Крајни Камен и висорамнината Боро Поле на Караџица од југ
Висина &100000000000020930000002,093 м
Место Македонија Македонија
ВенецКараџица (Мокра)
Прво освојувањенепознато / 04.10.2020 - прво организирано групно искачување од ДПС „Трансверзалец“ во рамки на Планинарски предизвик „12 Врвови“[1]
Најлесна патекаобележана патека од с.Патишка Река

Крајни Каменпланински врв на планината Караџица, на планинскиот масив Мокра во средишниот дел на Република Македонија.

Местоположба и одлики

уреди

Крајни Камен е врв кој се наоѓа на северозападниот дел на сртот на планината Караџица кој се издигнува високо над долината на Оча во Порече на запад и големата карстна Велешка Рупа на исток, додека во неговата најнепосредна близина на север е познатиот врв Миленков Камен (2.217 м.н.в), а веднаш на југ од него се распостила прекрасната и многу малку познатата висорамнина Боро Поле во најстрого заштитеното подрачје на природниот резерват Јасен[1]. . Соодветно според своето име врвот Крајни Камен, кој што е висок 2.093 метри, го претставува крајниот и последен карпест и каменест гребен почнувајќи на север од Уши и Мирска Вода преку Миленков Камен, после кој на југ започнува да се протега пространото карстно Боро Поле кое е исполнето со бројни борови, смреки и изобилство на планински чај[1]. Пристапот до врвот Крајни Камен е многу тежок како поради фактот што нема патека, ниту извори со вода во непосредната околина така и поради тоа што тој припаѓа и е на самата граница на најстрого заштитената зона на природниот резерват „Јасен“ во која што долги години пристапот бил најстрого забранет, што делумно е случај и денес. До Крајни Камен може да се пристапи од селото Патишка Река во Скопско скршнувајќи и продолжувајќи кон југ од обележаната патека која води до врвовите Миленков Камен и Мирска Вода, а од таму преку Боро Поле и месноста Сугаре Пештера кон запад низ густи шумовити предели може да се продолжи кон напуштените села Тажево и (Боровска) Брезница во недопрената дивина на Порече[1]. При ведри и сончеви услови од врвот Крајни Камен се пружа прекрасна глетка во која може да се видат голем број на високи планини во западна Македонија започнувајќи од Пелистер, Галичица, Јабланица, Стогово, Бистра, Кораб, цела Шар Планина, Челоица со Добра Вода, Сува Гора и долината на Треска во Порече како на дланка[1].

Искачување

уреди

Патека на движење: с. Патишка Река (950 м.) – чешма – Млада Бука – Вртигол – бачила (соѕидан извор на вода во долот под патеката) – Велешка Рупа (голема вртача) – Краен Камен (2093 м.)[1]

  • Должина: 22,6 км (18,5 км) [1]
  • Времетраење: 8 часа [1]
  • Вкупна висинска разлика: 1938 м. [1]
  • Вода: на 2 места.[1]

Наводи

уреди
  1. 1,00 1,01 1,02 1,03 1,04 1,05 1,06 1,07 1,08 1,09 Шаревски, Марио (2021). Планински врвови во Македонија. Скопје: Единствена Македонија. стр. 125–126. ISBN 978-608-66336-2-2.