Старков Заб

Поглед врвот Старков Заб со зимзелената борова шума на Ниџе од северозапад
Висина &100000000000022230000002.223 м
Место Македонија Македонија
ВенецНиџе
Прво освојувањенепознато

Старков Заб — планински врв на Ниџе, во јужниот дел на Република Македонија. Тој е составен дел на планината Ниџе и неговата височина е 2.223 метри.

Местоположба и одлики

уреди

Старков Заб е планински врв висок 2.223 метри на главниот срт на протегање и на главното било на планината Ниџе, на самата македонско-грчка државна граница[1]. Се наоѓа на 2,8 км западно од највисокиот врв Кајмакчалан, високо над долината на реката Коњарка во Мариово, југоисточно од Битола[1]. Наоѓајќи се на самата линија на познатиот Солунски (Македонски) фронт, врвот Старков Заб бил сцена односно место на големо боиште на Солунскиот фронт во Првата светска војна, со голема артилериска битка во 1916 година[1]. Од врвот се отвора прекрасна глетка кон Кајмакчалан на исток, шумовитата падина и долина во Мариово кон север, пространaта рамина на Сариѓол со Островското и Петерското Езеро на југ и Пелагонија кон запад[1]. Особена природна забележителност е огромното пространство на природна зимзелена иглолисна шума на македонската падина на Ниџе, со што воедно таа е единствена македонска планина каде што мнозинството од шумската растителност е од зимзелените иглолисни дрјва - црн и бел бор меѓу кои и моликата и ела (60%). Главниот срт на Ниџе кој се спушта кон запад со истоимениот врв и превој Старков Гроб, а продолжува да се издигнува кон Кајмакчалан на исток бил дел и од делницата на трасата на Јужната македонска трансверзала (ЈМТ)[1].

Искачување

уреди
  • Патека на движење: манастир Св. Архангел Михаил над с. Скочивир (чешма) – Рудина – Смилова Глава / Кофчегот – Вртешка (1272 м.) – Шипково (разрушена караула) – Старков Гроб – караула – Орнички Ливади - Сива Стена – Старков Заб (2233 м.) и назад по истата патека[1]
  • Должина: 30 километри[1]
  • Времетраење: 12 часа[1]
  • Висинска разлика: 2096 метри[1]

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 1,2 1,3 1,4 1,5 1,6 1,7 1,8 Шаревски, Марио (2021). Планински врвови во Македонија. Скопје: Единствена Македонија. стр. 119–120. ISBN 978-608-66336-2-2.