Гоглин
Гоглин 03.jpg
Висина &100000000000011970000001.197 м
Место Македонија Македонија
ВенецКозјак
Прво освојувањенепознато

Гоглин — планински врв на Козјак, во северозападниот дел на Република Македонија. Тој е составен дел на Шар Планина и неговата височина е 1.197 метри. Се наоѓа на најјужниот дел на протегањето на планината Козјак, надвишувајќи се над Славишкото (Кривопаланечко) Поле и Отошничкото Езеро.

Maкедонскиот револуционер Ѓорче Петров во делото Материјали по изучувањето на Македонија врвот Гоглин го смета за посебна огранка на целиот Козјачки планински масив, при што пишува дека почетокот на таа огранка се нарекува Гоглин, а долниот растурен дел носи разни месни називи. На картите целата огранка е означена со името Страцинска Планина, според с.Страцин, кое што е растурено по целата нејзина источна падина, но ја именува целата Гоглин според името на нејзиниот највисок дел, како што направив и со другите планински вериги. Гоглин ги одделува Кумановското и Паланечкото Поле и заедно со тоа служи за предел меѓу Кумановско, Паланечко и Кратовско. Во својот источен крај, таа се одделува од Билино со долот на Германската Река, откај запад се одделува од Козјак со долот на реката Петровчица, а тесниот дол во долниот дел на Крива Река го одделува нејзиниот јужен дел од западните краеви на Лисец и од довезенската планина Липец. Со таквата расположеност таа се  гледа од целото Кумановско Поле, како некоја тапа возвишеност, која што постепено се снижува накај Крива Река и кој го заградува видикот од исток. Јасно се гледа и од Кратовско: штом се излезе малку над градот Кратово и се заврти  на запад, пред очите се испречуваат бели голини со пустиновиден изглед пред коишто во летно време воздухот сјае и трепери, како што трепери воздухот над оган запален летно време на отворено  место. Поголемиот дел од пониските  планини во Скопско, се голи, еднолични и пустиновидни на изглед, но таков мрачен, пустински и одвратен изглед нема на ниту една од нив! Гоглин се одделува од она место на Козјак, каде што тој се  нарекува Перан. Во почетокот Гоглин сосема наликува на Перан и на Билино. Бидејќи ја има истата височина и исглед со нив, огранката од почеток не се распознава од главната верига.

ГалеријаУреди