Зајачница

Планински врв на Сува Планина
Зајачница

Поглед на врвот Зајачница од север
Висина &100000000000017600000001.760 м
Место Македонија Македонија
ВенецСува Планина

Зајачница — врв, односно име на целиот гребен којшто се наоѓа токму на средишниот дел на зарамнетото планинско било на Сува Планина, која што претставува најсеверозападанта огранка на најголемиот по површина македонски планински масив – Мокра[1]. Височината на целиот гребен се движи околу 1700 метри, при што на север е најиздадената кота висока 1760 метри надморска височина, која го претставува и самиот врв, а кон југ од котата 1769 метри, гребенот на Зајачница се надоврзува кон гребените Уши, Кашкало, пределот Добродолски Рупи сѐ до до врвот Мирска Вода, каде што продолжува во планината Караџица со познатите врвови Миленков Камен, Остри Врв, Убава. Зајачница го претставува и првиот најиздаден врв на Сува Планина кој јасно, одделено и поостро се издигнува доминирајќи над тапото планинско било на пространата висорамнина Копање со Цер, Шумјак на север, а од самиот врв Зајачница кон југ почнуваат поиздадените и шилести планински врвови и гребени. Веднаш на јужната падина на Зајачница се наоѓа познатата, длабока и голема Пропаст, а пропаст постои и на неколку стотини метри на работ на планинското било на исток од Зајачница. Целата непосредна околина околу врвот и гребенот, поради варовничкиот карстен состав на релјефот има голем број на пропасти, дупки (Добродолски Рупи, Велешка Рупа и др.), јами и пештери, во кои живее ситен дивеч како зајаци и лисици, па постои веројатност Зајачница да го добила името поради присуството на зајаци во околните дупки и пропасти. Покрај ретките поединечни посетители како овчари, планинари и научни истражувачи, врвот Зајачница за првпат организирано во поголема група бил искачен во рамки на планинарскиот предизвик „12 Врвови“ за што била обележана и планинарска патека од Патишка Река и Бозгунова Пештера преку врвот Зајачница до Светла (Ледена) Пештера и Нова Брезница.

Галерија

уреди

Наводи

уреди
  1. Шаревски, Марио (2017). „Планинарски предизвик 12 Врвови“ (брошура). Алгасан, ПД „Трансверзалец“, Единствена Македонија. стр. 4.