Плат (планински врв)

врв на Шар Планина
Плат

Поглед кон врвот
Висина &100000000000023980000002.398 м
Место Македонија Македонија
ВенецШар Планина
Најлесна патекаПо колскиот пат од Попова Шапка за Лешница кај бачилата и патеката Вргањ, се стигнува до самото подножје од каде до врвот се искачува за 1,5 час

Плат — планински врв на Шар Планина, во северозападниот дел на Македонија. Тој е составен дел на Шар Планина и неговата височина е 2.398 метри[1].

Географски одлики, искачување и планинарење уреди

Врвот Плат е највисоката точка на истоимениот гребен кој се протега во правец североисток - југозапад и стрмно се издигнува над долините на реката Пена на север, Церипашина или Чаркова на исток и Лешничка на југ. На источната и западната падина по доловите на Пена и Церипашина (Чаркова) Река е обраснат со густа зимзелена елова и борова шума, наместа помешана со листопадна гора од буки и дабови, а над најистакнатата северна кота од 1.812 па сѐ до највисоката точка од 2.389 на југ е целосно соголен и обраснат со бујна трева со изобилство од боровинки, помали карпи и камења. До врвот Плат се стигнува по две обележани патеки кои започнуваат од планинарскиот дом „Смрека“ на Попова Шапка. Едната која е многу полесна започнува од кај бандерите на пределот Јелак и излегува на широкиот, земјен колски пат за Лешница, каде што во месноста каде се наоѓаат бачилата и почетокот на патеката Вргањ сѐ доаѓа до подножјето на самиот гребен каде што има патоказна табла од која за 1,5 час се стигнува до врвот. Другата подолга и потешка патека, води преку густата зимзелена гора и прашумските остатоци до Јелачки Црн Врв, под пределот Брезов Камен по карпест и каменест терен низ букова шума во долот на реката Церипашина (Чарк) од каде избива под сртот, по кого се искачува до самиот врв. Првата патека има вкупно времетраење од 3,5 - 4 часа, а втората 6 - 6,5 часа. Врвот Плат меѓу планинарите, туристите и посетителите на Шар Планина е познат како најубавата точка за сликање поради прекрасните глетки на стрмната долина Лешница, целата долина на Пена, врвовите Среден Камен, Шар или Титов Врв, Казаниште, Караниколица и пределите Церипашина планина и Брезов Камен. Истовремено, стрмните падини под сртот од странски скијачи се оценети како најдоброто место за екстремно скијање надвор обележани од ски-патеки.

Галерија уреди

Наводи уреди

  1. топографска_карта: лист Призрен 4-3 (Вешала), размер 1:25 000, Военогеографски институт, 1973