Бејаз Тепе
планински врв во Источна Македонија
Бејаз Тепе или Бејас Тепе[1] (турски: Beyaz Tepe, македонски: Бел Рид) — највисок врв на планината Средна во источна Македонија, меѓу долините на реките Брегалница и Желевица. Се наоѓа во средишниот дел на планинското било и се одликува со не многу голема издаденост поради што тој речиси воопшто не е забележителен и видлив од селата Разловци и Нов Истевник, од каде води обележана планинарска патека. Врвот Бејаз Тепе бил искачен во официјалната програма на Планинарски предизвик „12 Врвови“[2].
Бејаз Тепе | |
---|---|
Поглед на врвот Бејаз Тепе | |
Највисока точка | |
Надм. вис. | 1.348 м |
Координати | 41°50′47″N 22°49′5″E / 41.84639° СГШ; 22.81806° ИГД |
Географија | |
Матичен венец | Средна |
Искачување | |
Прво освојување | непознато |
Најлесен пат | од с.Разловци и Нов Истевник |
Галерија
уреди-
Поглед кон Бејаз Тепе на Средна
-
Бејаз Тепе на средишниот дел на планинското било
-
Глетка кон Бејаз Тепе
-
Непосредно на источната падина на Бејаз Тепе
-
Глетка од падините на Средна
-
На самиот врв
-
На самиот врв
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ Ристовски, Блаже, уред. (2009). „Бејас Тепе“. Македонска енциклопедија. , книга I (А-Љ). Скопје: МАНУ. стр. 139. Text "series " ignored (help)
- ↑ „Искачен Бејаз Тепе, вториот врв од програмата ,,12 Врвови"“. Вечер. 4 ноември 2018. Посетено на 16 ноември 2018.[мртва врска]