Бајрак (планински врв)
Бајрак | |
---|---|
Поглед на Бајрак од патот меѓу Елово и Црн Врв | |
Висина | 1.527 м |
Место | Македонија |
Венец | Караџица (Мокра) |
Прво освојување | непознато |
Најлесна патека | обележана патека од с. Патишка Река |
Бајрак — планински врв на планината Караџица на планинскиот масив Мокра во Република Македонија. Всушност, Бајрак претставува планински гребен кој се издигнува над преслапот Празни Торба воедно претставува и вододелница помеѓу долините на Маркова и Кадина Река, при што со својата поставеност од запад кон исток прави течението на Кадина Река одеднаш од правец југ-север остро под прав агол да го промени правецот кон исток. Највисоката точка изнесува 1.527 метри надморска височина, додека кон малото разгранување на север се котите 1.512 и 1.398 по што се поврзува со врвот Крст (1.402) i 1.422 метри кон исток. Самиот гребен и врв Бајрак е всушност највисокиот врв на огранката Темна Бука која ги поврзува Караџица на запад и Китка на исток. Врвот и гребенот Бајрак се наоѓа во права линија на југ од селото Цветово и веднаш наспроти Планинарски дом „Караџица“.