Порта (Кожуф)

планински врв на Кожуф
Порта

Поглед на Порта од запад
Висина &100000000000020970000002.097 м
Место Македонија Македонија Македонија
ВенецКожуф
Прво освојувањенепознато

Портаврв во средишниот дел на северната падина блиску до главниот срт на протегање на планината Кожуф, во Република Македонија. Неговата височина изнесува 2.097 метри.

Местоположба

уреди
 
Поглед на Порта од подножјето на Дудица

Врвот Порта се наоѓа во средишниот дел на планината Кожув на нејзината северна падина, многу блиску од главниот срт на нејзиното протегање и недалеку од македонско-грчката државна граница, но сепак тој е припаѓа целосно во Македонија бидејќи неговата местоположба е стотина метри целосно внатре во македонска територија. Одвојувајќи се со мал преслап од главниот срт, од врвот Порта кон север започнува пространо разгранување на планинското било на Кожуф, со повеќе планински гребени како што се Греда (2016 м.), Гладница (1989 м.), Стара Мирчевица (1882 м.), Чардак (1937 м.). Сместен е во средина помеѓу двата највисоки врвови на Кожуф - Зелен Брег на исток и Дудица на запад, со што тој преовладува и се одликува со забележителен зашилен и истакнат изглед над долгнавестиот гребен. Ваквата местоположба како почеток на повеќе пространи разгранувања и блиску до превојот на главниот срт, му дава значење како влезна „порта“ кон пространата северна падина и планинско било на Кожуф поради што веројатно врвот го добил името Порта.

Галерија

уреди