Голем Брзовец
Голем Брзовец | |
---|---|
Поглед на врвот Голем Брзовец | |
Висина | 2.082 м |
Место | Македонија |
Венец | Бистра |
Прво освојување | непознато |
Голем Брзовец — планински врв на планината Бистра, во западниот дел на Македонија. Неговата надморска височина изнесува 2.082 метри. Се наоѓа на големиот карпест гребен наречен Брзовец на јужниот дел на планинското било на Бистра, од десната страна на долината на Тресонечка Река и Мала Река во срцето на Мијачијата[1]. Во подножјето на Брзовец во линија јужно од врвот, веднаш до десниот брег на бујните брзаци на Тресонечка Река се наоѓа пештерата Алилица, а непосредно на запад пред поседните метри на врвот има огромни вртачи. Поради средишната географска поставеност од врвот Голем Брзовец се пружа прекрасна глетка на целата планина Бистра со нејзините највисоки врвови Меденица, Чавкарник, Ќурков Дол и Мавровското Езеро и крајните делови на Шар Планина на север, Стогово и Караорман на југ, врвот Радуч на Јабланица на југозапад и извонредна глетка на селото Лазарополе како орлово гнездо на дланка кон југ. До врвот може да се пристапи од селото Тресонче од југ или од Галичник преку месноста Селска Ливада и карстното Суво Поле од запад, по трансверзална патека пробиена за искачувањето во рамки на планинарскиот предизвик „12 Врвови“.
Галерија
уреди-
Поглед на врвот Голем Брзовец од Мал Брзовец
-
Поглед на врвот Голем Брзовец од Мал Брзовец
-
Поглед на врвот Голем Брзовец од југозапад
-
Поглед на врвот Голем Брзовец од југозапад
-
Поглед на врвот Голем Брзовец непосредно од запад
-
Поглед на врвот Голем Брзовец непосредно од запад
-
Поглед на врвот Голем Брзовец од југозапад
-
Поглед на Мал и Голем Брзовец во позадина
Наводи
уреди- ↑ Шаревски, Марио (2016). Брошура „12 Врвови“, стр. 18