Марјан Димитријевски

Марјан Димитријевски (13 јуни 1954, Стрезовце) — македонски историчар и универзитетски професор, член на Институтот за национална историја.

Марјан Димитријевски
Марјан Димитријевски
Роден(а)13 јуни 1954
СтрезовцеНР Македонија, ФНРЈ
ЖивеалиштеСкопје
НационалностМакедонец
ПолињаИсторија, Нова и најнова историја, Историјата на дипломатијата, Воената историја, Роднокрајната историја, Историја на видни личности од Македонија
УстановиИнститут за национална историја, Катедра по историја на Филозофски факултет во Скопје
ОбразованиеФилозофски факултет - Скопје
ТезаМакедонија во антифашистичката војна 1944-1945“ (1994)

Образование и работен век

уреди

Марјан Димитријевски е роден на 13 јуни 1954 година во Стрезовце, Кумановско. Своето основно и средно образование го завршил во Скопје. Во 1979 година дипломирал на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, Филозофски факултет при ННСГ за историја. За време на неговите студии, Марјан Димитријевски бил избран за „Прв студент-продекан на студентската организација во Деканатот на Филозофскиот факултет“ за периодот 1977-1978.[1]

За извонредниот успех, во текот на студиите, Деканатот на Филозофскиот факултет го наградил со Писмена Пофалница за постигнатиот одличен успех во студиите, а Заедницата за научни дејности му ја доделува престижната стипендија за талентирани кадри: “Гоце Делчев”. Во учебната 1980/81г. бил професор во гимназијата “Јосип Броз Тито”-Скопје а потоа се вработува во ЈНУ-Институт за национална историја (ИНИ). Магистрирал во 1989 г., а во 1994 г. докторирал на тема: “Македонија во антифашистичката војна 1944-1945”. Во нагорната кариера уредно ги поминува сите научно-наставни звања сè до научен советник-редовен професор.

Научна дејност

уреди

Научната преокупација е сместена во рамките на научните дисциплини: Нова и најнова историја, Историјата на дипломатијата, Воената историја, Методологијата на научно-истражувачката работа, Учебникарството, Роднокрајната историја, Историјата на медицината, Историја на видни личности од Македонија, Институционалниот развој на високото образование, Музеологијата, Германско-македонските односи и друго.

Проф. д-р Марјан Димитријевски повеќепати научно истражувал во бројни ин¬ституции, библиотеки, институти и архиви во: СР Германија, Србија, Бугарија и други земји. Резултатите од овие истражувања тој ги презентирал на поголем број домашни и меѓународни научни собири и ги искористил во повеќе научни проекти. Раководител е на меѓународниот проект: “Историјата на Југоисточна Европа како составен дел на европската историја”-Пакт за стабилност-Слободен универзитет-Берлин, СР Германија. Раководител на повеќе научно-истражувачки проекти како што се:

  • “Политиката на Третиот Рајх кон Македонија 1933-1945 година”,
  • “Големите сили и Македонија во Втора светска војна 1939-1945 година”,
  • "Делбите на Македонија во 1/2 на XX век"

Проф. д-р Марјан е ментор и учесник во бројни Комисии за одбрана на магистерски и докторски дисертации. Бил уредник на научното списание “Гласник” на ИНИ, уредник и член на редакциски тимови на повеќе други научни списанија и музејски гласници во земјата и странство, бил уредник на поголем број музејски поставки, бил повеќегодишен член на “Комисијата за одбележување на годишнини при Собранието на РМ” и друго. Тој исто така е автор на историските каталози на 11 златни јубилејни монети на Народна банка на Република Македонија издадени по повод 100-години Илинден и др. Проф. д-р Марјан Димитријевски бил член на повеќе Одбори и Комисии за доделување на повеќе престижни републички награди.

На покана на бројни домашни и меѓународни научно-наставни институции проф. д-р Марјан одржал поголем, број предавања на теми од националната историја на Македонија во 19-20 век. Од нив посебно би ги акцентирале:

  • МАНУ по повод 100 години од почетокот на Втората светска војна,
  • МАНУ по повод 70г. АСНОМ,
  • МНР-Институот за геостратешки истражувања при Министерство за надворешни работи на РМ на тема 100 години од почетокот на Првата светска војан и нејзините репркусии во Македонија,
  • 100-години од Битката на Чанаккале и взаемната корелација со Македонскиот фронт на Фондацијата Јунуз Емре и Центарот за стратешки истажувања од Анкара Република Турција,
  • Универзитет Неофит Рилски-Благоевград-Република Бугарија,
  • Универзитет во Осјек Република Хрватска на тема Храватско македонски историски корелации,
  • Универзитет во Тузла на тема Македонското прашање
  • Фрае Универзитет-Берлин СР Германија и други.

Во моментот, во рамките на Секторот за настава при ИНИ, проф. д-р Марјан Димитријевски држи предавања по предметот: “Методологија на научно-истражувачка работа по историја”, "Историја на дипломатија" и “Воена историја на Македонија”. Во повеќедеценискиот научно-истражувачки опус, Проф. д-р Марјан Димитриевски самостојно или во соавторство има објавено преку 100 научни трудови во периодика, како и поединечни монографии, учебници, библиографии, историографии и друго.

Награди и признанија

уреди

За својата долгогодишна научна работа и објавени дела Марјан Димитријевски е добитник на поголем број признанија, плакати и награди, меѓу кои се издвојуваат: [1]

  • „Генерал Михајло Апостолски“, доделена за монографијата: „Македонија во Антифашистичката војна 1944-1945година“ за најдобар историографски труд во 1995г.
  • Годишната награда на Општина Ѓорче Петров за 2010 година.
  • „11 октомври“ - највисоката престижна награда која ја доделува Министерството за култура на Република Македонија, и со која се оддава највисоко признание за животно дело во областа на науката, уметноста, стопанството и во другите дејности од јавен интерес на Република Македонија.[2]
  • Стипендија „Гоце Делчев“, престижна награда во периодот 1975-1979 година за научни дејности издадена од тогашната Републичка заедница

Паралелно со ова тој е добитник на видните странски стипендиии на фондациите како што се:[1]

  • Институтот Гете од Минхен во 1985 година,
  • Друштвото за Југоисточна Европа од Минхен во 1990 година,
  • ДААД во 1999 година.

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 1,2 д-р Лидија Ѓурковска, д-р Елена Иванова, „Проф. д-р Марјан Димитријевски, лауреат на наградата „11 октомври“, Скопје, 2016“
  2. Доделена државната награда „11 октомври“ за 2015 година[мртва врска]

Поврзано

уреди

Надворешни врски

уреди