Костоперска Карпа

археолошко наоѓалиште во Македонија
(Пренасочено од Костоперска карпа)
Костоперска Карпа

Поглед на Костоперската Карпа

Карта

Местоположба 42°10′18.09″N 21°48′47.75″E / 42.1716917° СГШ; 21.8132639° ИГД / 42.1716917; 21.8132639
Основни податоци
Место Младо Нагоричане
Општина Старо Нагоричане
Тип

 населба


Период бронзено време
железно време
доцноантичко време
среден век
Портал „Археологија“

Костоперска Карпа или Жеглиговски Камен — импозантна базалтна карпа од вулканско потекло во околината на Младо Нагоричане, Кумановско на која постоела населба уште од бакарното време (IV-III милениум п.н.е.). Сместена на самата висорамнина на карпата, на 9 км источно од Куманово во областа Жеглигово. Во минатото тука постоеле околу 40 цркви, од кои денес се останати неколку. Поради тоа месноста била нарекувана Мала Света Гора.[1]

Поглед кон Костоперската Карпа

Археолошко наоѓалиште

уреди

На самата Костоперска Карпа се наоѓа истоименото археолошко наоѓалиште. Според археолошките истражувања, тука имало бакарновременска населба која дала богат археолошки материјал, особено керамика која изобилува со прекрасни садови (особено ефектни се оние во графитна техника и со геометриски мотиви), како и ситна пластика, орудија и слично. Во раноантичкиот период (V-VI) век п.н.е. се развива населба на јужната падина на наоѓалиштето која била напуштена во III век п.н.е., за да повторно заживее во римскиот период. Како доказ се откриените римски гробови, а и малку подоцнежната ранохристијанската базилика на врвот на висорамнинката, веројатно од V век од н.е. Интересен е и подземниот објект во јужното подножје иденфикуван како цистерна составен од две простории и пристапен ходник. Од некогашните средновековни цркви во близина на карпата, (околу четириесетина) денес постојат Св. Врачи, Св. Никола (во темели) и како особено важни за науката, црквите Св. Ѓорѓи Победоносец и Св. Петка од поствизантискиот период (XVII-XVIII век).[2]

Археолошко наоѓалиште на повеќеслојна населба. Се наоѓа на 9 км североисточно од Куманово, од левата страна на патот Куманово-Крива Паланка. Во археолошката литература е познат уште и како Св. Петка. Претставува висок рид од базалтна карпа со необичен облик што доминира над околниот терен. Во 1983 година со мали заштитни ископувања се откриени и истражени 6 гробни целости од првата половина на IV век пред нашата ера. Врз основа на овие податоци, а со цел да се приберат покомплетни стратиграфски податоци во 1987 година се вршени нови ископувања. Резултатите од севкупните работи покажале дека се работи за голема населба со широк хронолошки и културен континуитет. Најдолго населување е присутно на највисокиот дел на карпата - акрополот, односно висорамнинката кое на извесен начин било природно заштитено. Културните слоеви достигнуваат дебелина од преку 2 м. Најстарите остатоци потекнуваат од бакарното време. Најмногурбојни се фрагментите од керамички садови, квалитетно изработени, а има и алатки од камен и коска. На јужниот крај на терасата се откриени делови од садови со фактура и орнаментика карактеристични за железното време II. Сондирањата и деталната опсервација покажале дека на акрополот има керамички остатоци од IV-III век пред н.е. кои по орнаментиката и формите претставуваат копии на хеленистичката керамика. Најмногубројни се остатоците од доцноантичкото време (IV-VI век). Заедно со фрагментите од садови и градежна керамика во централниот простор се откриени и остатоци на темели од објект со апсида (можеби базилика) како и остатоци од бедем. Околу овој објект се истражени 7 средновековни гроба. Културната хронологија на Костоперска Карпа завршува со времето на турското владеење, претставено преку фрагменти од жолто и зелено глеѓосани керамички садови. Керамички наоди од хеленистичкото, а особено од доцноантичкото време се пронајдени и на терасите во подножјето на карпата на простор од околу 9 хектара. Посебно археолошко откритие претставува подземниот објект издлабен во јужниот дел на карпата. Се работи за објект со архитектонски ансамбл од една главна просторија со испусти што потсетуваат на клупи, неколку ходници, два резервоара, обезбеден со вертикални отвори за проветрување кој според големиот број керамички наоди е датиран во V-VI век. На 1 км западно од наоѓалиштето е откриена некропола од која се истражени повеќе гробои и според наодите датарина меѓу IV и VI век.

Галерија

уреди

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. Крстиќ, Славица. ДВОЈНА ЦРКВА ВО СУВ ОРАХ, КУМАНОВСКО (СВ. ЃОРЃИ И СВ. НИКОЛА). Н. У. Музеј - Куманово.
  2. Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Скопје: МАНУ. стр. 213-215 ISBN 9789989101069

Надворешни врски

уреди