Горазд Европски
Митрополит г. Горазд (р. 21 септември 1936 - п. 28 декември 2020) — поранешен архијереј на Македонска православна црква - Охридска архиепископија со титула митрополит Европски.
Европска епархија Горазд | |
---|---|
Европски митрополит | |
На должноста 1994 – 2006 | |
Претходник | нема |
Наследник | Пимен Европски |
Лични податоци | |
Роден(а) | 21 септември 1936 како Богољуб Димитриевски Стрезовце, Кумановско |
Починал(а) | 28 декември 2020 |
Националност | Македонец |
Професија | Митрополит на МПЦ-ОА |
Вероисповед | Православен христијанин |
Животопис
уредиРоден е во Стрезовце, Кумановско на 21 септември 1934 година, со световно име Богољуб Димитриевски.
Основно образование завршил во родното место, а потоа се запишал на Богословијата во манастирот Раковица кај Белград, која ја завршува со успех. Потоа се запишува на Богословскиот факултет на Белградскиот универзитет, каде што дипломирал во 1964 година. По дипломирањето дошол во Скопје и извесно време работел како службеник во Македонската архиепископија.
По ракополагањето во презвитерски чин, бил поставен за парохиски свештеник при храмот „Света Петка“, а подоцна и во храмот „Свети великомаченик Георгиј“ во Чаир, во Скопје. Откако овдовел, бил замонашен во манастирот „Свети великомаченик Георгиј" во Криви Дол, добивајќи го името на еден од учениците на светите браќа Кирил и Методиј - Горазд. На 26 јули 1977 година бил хиротонисан за викарен епископ на архиепископот Доситеј, со титула епископ тивериополски.
Администрирал со Преспанско-битолската и со Злетовско-струмичката епархија (1979–1986). По поделбата на Злетовско-струмичката епархија, станува Струмички митрополит (1989–1994).
Во 1994 година, со формирањето на Европската епархија назначен е за прв митрополит на епархијата каде што останува сè до неговото повлекување во 2006 година.
По долго боледување се упокоил на 28 декември 2020 година, на 84 годишна возраст. Неговото вечно почивалиште се наоѓа во манастирот „Св. пророк Илија“ - Чардак, кај с. Мирковци, Скопска Црна Гора.